Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не се секирајте сега Рајс кога ќе го земеме за 120 милиони плус 350к плата кај ќе ни биде крајот.
Мислам дека ќе оди у Челзи далеку е од нас ако прави трансфер у Манчестер у Сити ќе биде.
 
120 милиони, уште едно преценето англичанче. Добар играч, не и некој генерациски талент. Да е од Франција,Шпанија, Италија, цената ќе му биде плафон 50 милиони.
 
Ти текнува колку им бараа на Кулибали и Молинковиќ Савиќ? Никад пробани во ПЛ.
 
Топ играч е Рајс, на позицијата на која Јунајтед е најслаб. Во суштина, ништо не менува дали Јунајтед би платил 80 или 120 милиони, ако Рајс одигра како се очекува од него. Секако Манчестер троши тешки пари на глупости секој прелазен рок, а сеуште сум шокиран од парите кои ги дава за плати.
 
Да, али тоа се исклучоци, не се домашни играчи, туку странци, иако секако преценети. Од друга страна, во Англија не се исклучоци, секој еден англичанец е преценет и преплатен. Затоа и ретко кој неанглиски клуб купува англиски играчи, евентуално некој талент кој уште нема првотимски статус. Зошто би дал 60-70-80+ милиони за Мегваер, Медисон, Деле Али, Бен Вајт, Стерлинг, Рашфорд, Рајс, Лонгстаф и уште многу други, кога во нивните лиги имаа играчи со таков квалитет за 30-40 м. Не дека се сите од набројаниве со ист квалитет, но се секако преценети.
Автоматски споено мислење:

Треба малце да се угледаме на Ливерпул и Сити. Они не се замараат дали играчот ќе им биде англичанец, туку колку играчот се вклопува и дали цената е реална во однос на квалитетот. Затоа и немаат пробелм со преплатени играчи. Јунајтед ќе лупне 120 м. на Рајс, ќе му даде 200-250 000 неделна плата, автоматски имаш проблем, незадоволни други играчи, проблем при нов договор со уште поголема плата, а ако не го достигне нивото што се очекува, просечен е, имаш проблем при продажба. Ко Марсијал, Алексис.
Кај нас Санчо, Марсијал, Рашфорд, се поплатени од Салах, Мане, Бернардо Силва, Марез, а разлика и импакт во игра небо и земја.
 
Последно уредено:

Па Рајс треба да се купи не заради тоа што е англичанец, туку затоа што е квалитетен. Има многу висок work rate, знае со топка, ја знае лигата и игра на најдефицитарната позиција кај Јунајтед. Мислам, можат да земат и некој надвор од Англија, ете тоа црнчето од Марсеј мислам се спомнуваше, ама тоа е навистина мачка во вреќа. Може да испадне супер засилување, ама може да биде и Марсијал. Со Рајс точно знаат на што се.
 
Да, али тоа се исклучоци, не се домашни играчи, туку странци, иако секако преценети. Од друга страна, во Англија не се исклучоци, секој еден англичанец е преценет и преплатен. Затоа и ретко кој неанглиски клуб купува англиски играчи, евентуално некој талент кој уште нема првотимски статус. Зошто би дал 60-70-80+ милиони за Мегваер, Медисон, Деле Али, Бен Вајт, Стерлинг, Рашфорд, Рајс, Лонгстаф и уште многу други, кога во нивните лиги имаа играчи со таков квалитет за 30-40 м. Не дека се сите од набројаниве со ист квалитет, но се секако преценети.
Точно дека се преценети, ама богатството на лигата си го прави своето! Реално да не е притисокот со цени на ПЛ, нафташите и до скоро Барса и Реал, тие од ресто Европа ни 30-40 не би догурале со цена.
Јас стојам на мнение дека секој игач кој играл во ПЛ, англичанец или не, при проценката за трансфер во ПЛ би требало да биде бар 20-30% поскап од друг со слични квалитети, кој доаѓа од друга лига и е без ПЛ искуство.
Офтоп: Во нашава струка на запад кога бараат геодет за мостови, ако има таков слободен може да избоксува максимум плата, само на база на претходното искуство. Ако си патар, може и подобар ќе станеш од тој по мостови, ама за почеток не добиваш висока плата па мајка јана!
 
Топ играч е Рајс, на позицијата на која Јунајтед е најслаб. Во суштина, ништо не менува дали Јунајтед би платил 80 или 120 милиони, ако Рајс одигра како се очекува од него. Секако Манчестер троши тешки пари на глупости секој прелазен рок, а сеуште сум шокиран од парите кои ги дава за плати.
Истиот муабет ко со Мегвајер. И во Лестер беше топ, ама кај нас се губи братот и никогаш нема да ги оправда 80 милки дадени за него. Нема никаква гаранција дека Рајс ќе ги оправда 120 милиони. За овие пари 3 играчи се купиваат со правилен скаутинг и вклопување во систем како што треба. За поразумна цена да, за 100 милиони НЕ.
 
Кај нас сега и првиот тим на Сити да дојде пак ќе изгуби од Њукасл, така да ни Рајс ни свети Рајс нема да направи некоја вау разлика.
 
Истиот муабет ко со Мегвајер. И во Лестер беше топ, ама кај нас се губи братот и никогаш нема да ги оправда 80 милки дадени за него. Нема никаква гаранција дека Рајс ќе ги оправда 120 милиони. За овие пари 3 играчи се купиваат со правилен скаутинг и вклопување во систем како што треба. За поразумна цена да, за 100 милиони НЕ.

Мегваер кога дојде имаше инстант импакт врз одбраната на Јунајтед, таа беше многу подобра отколку пред него. Факт е дека оваа сезона квалитетот на перформансите на Мегавер е доста опаднат, но факт е и дека постои некоја ирационална омраза спрема него, посебно кај навивачите на Јунајтед. Како и да е, јас мислам дека Рајс е моментално најдобрата опција за Јунајтед, играч кој би имал огромен импакт врз тимот.
 
Имаше импакт не велам не, но никогаш како што се очекуваше. И јас го сакам Рајс во клубов но за цифра од 100 милиони би било лудост да се дадат.
 
Сега ќе се бараат кривци надвор од клубот следен кривец ќе е Ферги.
Клубов ни е комедија. Spin FC. Најнова вест Дони не го играле зошто не бил физички јак за ПЛ и покрај тоа што бил технички одличен, а редовно се играат играчи послаби физички од него како Фред, Рашфорд, Гринвуд Санчо итн...
 
Па Рајс треба да се купи не заради тоа што е англичанец, туку затоа што е квалитетен. Има многу висок work rate, знае со топка, ја знае лигата и игра на најдефицитарната позиција кај Јунајтед. Мислам, можат да земат и некој надвор од Англија, ете тоа црнчето од Марсеј мислам се спомнуваше, ама тоа е навистина мачка во вреќа. Може да испадне супер засилување, ама може да биде и Марсијал. Со Рајс точно знаат на што се.
Па и не баш. И играчите од ПЛ ти се мачка у вреќа. Играње у Вест Хем и играње во клуб кој мора да биде фаворит за титула и се очекуваат титули не е исто, притисокот и очекувањата се поголеми. Мегваер од Лестер е подобар од Мегваер од Јунајтед, баш поради тој притисок. Барки во Челзи, Грилиш во Сити (иако за него е рано, не е лош, но не е на нивото од Вила). Кога ќе видиш дека години уназад странски играчи ти ја доминираат лигата. Види го Сити, Ливерпул, Челзи како најдоминантни во минативе 10-тина години. Најголем дел од играчите им се од други лиги, а им се главни играчи и носители. Од гомани Едерсон, Алисон, Менди, штопери Силва, Рудигер, Диаз, Лапорт, бекови, па Кансело, Азпиликуета, Робертсон (пошто го откопаа од Хал, за смешна пара), средина Фабињо, Жоржињо, Ковачиќ, Родри, Фернандињо, Де Бруине, Гундоган, Бернардо, Давид Силва, напад Агуеро, Фирмињо, Диего Коста, Суарез, Жезус, Јота. Плус играчи кои дошле во послаби тимови, па направиле трансфер во овие. Така да ако скаут тимот си ја заврши работата ко што треба, нема зошто тој од друга лига на е мачка во вреќа.
Марсијал беше донесен ко талент, на 19 години, се погуби, ама ете ти го и Рашфорд исто се погуби, а исто би се платило и да беше на тие госини земен од англиски клуб. Физичката спремност се поправа, не мора во средина и напад да имаш физички доминантни, високи играчи, за да ја доминираш или освоиш ПЛ. Челзи, Ливерпул, а поготово Сити ти се доказ за тоа. Паметот ја доминира снагата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom