Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ми се коментира за онај текстот од тиме.мк но морам да кажам дека подебилен текст нема читано . Оние сите глупости ме потсеќаат на оние комбинации од бројки и разни глупости демек датуми и време и настани се се случувало оти збирот на се била одредена бројка ...
 
Агентот на Погба застана во одбрана на Јунајтед
Агентот на Пол Погба повторно инсистира дека парите не се главната причина за преселбата на неговиот клиент во Манчестер Јунајтед
17 годишниот Погба се пресели на Олд Трафорд од редовите на Ле Авр, трансфер кој предизвика неговиот поранешен клуб да покрена правна постапка против Црвените Ѓаволи.


Јунајтед не е загрижен поради обвинувањата на Ле Авр верувајќи дека нема ништо нелегално во трансферот на Погба, но клубот од Франција нема да се откаже од докажување дека тие се во право.


Ле Авр најави дека целиот случај ќе го презентира пред ФИФА – светското фудбалско тело неодамна го казни Челзи со забрана за трансфери до 2011, поради нелегален ангажман на Гаел Какута од Ленс.


Но агентот на Погба инсистира дека Јунајтед нема направено ништо погрешно и додава дека тие едноставно покажале верба во играчот.


“Секако, играчот доби добар договор. Но парите не се единствен мотиватор за млад играч и неговите родители да ја променат земјата.” – рече Гаел Махе.


“Тие исто така се задоволни од начинот на кој луѓето гледаа кон нив, сериозноста на преговорите, покажаната почит.”


“Дали знаете што Јунајтед испрати за мајката на Погба? Не беше голем чек, туку букет цвеќе. Тоа чинеше 30 евра но мајката беше поласкана од потегот. Таа почувствува голема верба.”


“Таткото доби книга со историјата на клубот додека пак Пол доби дрес со бројот 6 и неговото име. Тоа е симбол, и тие почувствуваа дека Јунајтед има почит кон нив.”


Исто така и мајката на Погба, Јео ги негираше обвинувањата дека добила куќа како дел од преселбата на нејзиниот син во Англија.


“Приказната за куќата ги натера луѓето од хотелот да се смеат. Доколку сум добила куќа, зошто би живеела во хотел? Можам да ве осигурам дека Манчестер Јунајтед не ни дал ништо.”


“Ле Авр не се грижеше за мојот син. Кога Пол пропушти часови бидејќи настапуваше на еден турнир со тимот, побаравме тој да надохнади но Ле Авр не се грижеше.”


“Разбравме дека клубот не верува во него. Тие им понудија договори на сите играчи кои имаа исти години, но ништо на Пол.”


“Довербата веќе беше нарушена.”
 
Го читав текстот и стварно е дебилен..Судијата додаде толку колку е потребно ни секунда повеќе..А да беше Шити ???Ќе го величеа судијата..
 
Е не ... Ем Ти Ви...

На Македонската телевизија ќе има пренос од натпреварот. 21:00ч сите пред ТВ ! :)
Абе се зачудив, а не ни знаев дека даваат МТВ пренос:))))
До вчера ги пцуев дека не ги бива за к*р, од денес се солидни:kesa:
 
Ван дер Сар: Во декември ќе одлучам за мојата иднина Голманот на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар вели дека се наоѓа пред голема дилема кога е во прашање неговата иднина и признава дека најверојатно ова ќе биде негова последна година
van-300-sar.jpg
Холанѓанецот веќе неколку години наназад најавува дека е блиску до пензионирање но секогаш се предомислува и го продолжува договорот со Црвените Ѓаволи. Следниот месец Ван дер Сар ќе полни 39 години и вели дека се наоѓа во сериозна дилема кога е во прашање својата иднина.
“Неколку години наназад велам дека ова ќе биде мојата последна сезона.” – рече Ван дер Сар.
“Шест месеци пред да истече мојот договор со Манчестер Јунајтед во декември 2006, јас го продолжив за уште една година и истото се повторува секој пат кога ќе треба да се реши мојата иднина.”
“Секоја сезона сакам да видам на што стојам, дали сите се среќни и дали сеуште можам да бидам мотивиран.”
“Но знам дека, поради тоа што сум стар, многу е веројатно дека ова ќе биде мојата последна сезона.”
“Можно е да се пензионирам но можно е и да продолжам.”
Ван дер Сар додаде: “Во декември ќе имам јасна слика за мојата иднина. До тогаш ќе бидам во страшна дилема.”
 
Кушчак
Невил - Браун - Еванс - Фабио

Велбек - Керик - Гибсон - Нани

Македа - Овен​

Неколку новости

United's young Norwegian striker Josh King given the no.41 squad number, while Magnus Eikrem has been given the no.42 shirt. SAF says in programme notes tonight that Rafael will play. Surprise to us too. This is, of course, unless he's seeing double!

:vozbud:
 
Ајде да ги видиме младиве, да се надеваме дека се желни да се докажат :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom