Фан Клуб: Македонија Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Golden_boy_HUS
  • Време на започнување Време на започнување
A Јаковлевски ќе може да ги игра само последните 3 кола колку што слушнав.
 
Abe ovie od Milano mnogu gadni pederi ispadnaa beee . Pa dajte go Nuredinoski be nejke da brani vise za vas da vi eb.m . Sefot e vo zatvor i sakaat od sekoj grac da izvadat mnogu pari , e pa nema:nenene: . Nema nie da bideme fondacija pa da go vadime ''Bosot'' od Zandana:pos2: .

A Јаковлевски ќе може да ги игра само последните 3 кола колку што слушнав.
Zosto , Prvpat slusam za ova ?:toe:
 
Што направивме со Работнички пријателската,ај нека пише некои,ако имало голови и стрелци кој се.позз
 
Што направивме со Работнички пријателската,ај нека пише некои,ако имало голови и стрелци кој се.позз

Македонија Ѓ.П.-Работнички 0:0

http://rezultati.blog.com.mk/node/220282
IMG_1418.jpg
 
Ама многу тапа била утакмицава , ми кажа едно другарче што било:toe:. Ама нашиве појше шанси имале како што слушам . Нека пише некој во колку саат се игра со Силекс во Недела ? И нека пише некој во колку саат ќе се собираме во парк ?:helou:

Нашиот дефанзивец Жорж Амбурет со Габон успеаа да приредат изненадување совладувајќи го Мароко на гости со 2:1. Амбурет одигра цел меч и беше еден од најзаслужните за овој голем успех.
Денеска по пристигнувањето на стадионот во Ѓорче, Амбурет изјави:
"Никој не очекуваше дека Мароко ќе загуби, но сепак со пожртвувана и борбена игра успеавме да ги совладаме Мароканците на гостински терен. Имавме водство од 2:0, бевме подобри на теренот и успеавме да оствариме победа со која ги зголемивме шансите за пласман на Светското првенство во Јужна Африка."
Во нашиот тим деновиве пристигна и вториот габонец Попол, кој има веќе четири настапи за својот национален тим. И со нетрпение го очекуваме неговото претставување на македонската фудбалска јавност.

Браво Жо :vozbud: Ѕвер си !!!
 
Брњарчевски, Митрев и Јовановски ќе продолжат со „лавовите“

Лидерот на табелата во македонската прва лига, Македонија ЃП, од следната недела ќе ги продолжува договорите со Тони Брњарчевски, Васко Митрев и Даниел Јовановски. Тројцата фудбалери се единствените во тимот на кои им истекуваат договорите во јуни, кога би можеле да добијат статус на слободни играчи. Фудбалското трио, особено Брњарчевски и Митрев, се носители на играта на тимот што по првите 20 кола од шампионатот се здоби со голема предност на табелата од седум бода, па се очекува од клубот да им биде понудена повисока плата при продолжувањето на соработката.

Во моментов кај фудбалерите од средниот ред Брњарчевски (23) и Митрев (24), како и кај дефанзивецот Јовановски (26) постои желба и во следната сезона да играат во Ѓорче Петров, а за тоа е расположена и управата на клубот.

- Од следната недела треба да одржиме состанок и да се договориме. Секој има свои барања, кои се реални и во доменот на можностите на Македонија ЃП - изјави Брњарчевски, креаторот на играта на својата екипа.Од управата на Македонија ЃП потврдија дека ќе им бидат понудени нови четиригодишни договори, кои ќе вклучуваат подобри услови за играчите. Тие треба да бидат потпишани до 15 април.Тројцата играчи се дел од тимот на Македонија ЃП уште кога клубот се врати во првата лига во 2005 г. Брњарчевски и Јовановски произлегоа од младинската школа, додека Митрев дојде од Цементарница. Сезонава овие фудбалери сите заедно имаат 54 настапи во Првата лига.

Нерешен статус засега има уште и голманот Бојан Павловиќ, кој ја брани мрежата на „лавовите“ како отстапен играч од Црвена звезда. Во моментов во белградскиот тим има преструктуирање во раководните органи, па ѓорчепетровци не се во можност да склучат договор со „црвено-белите“.
 
Бравооо бравооо :bravo: . Потегов е за целосен респект . Играчиве по секоја цена мора да се задржат . Тимот е добро уигран и функционира како што треба . Тука мислам и на Павловиќ зошто без него немаше да бидеме каде што сме . Мислам дека Црвена Звезда ке го пушти уште една година на позајмица кај нас , во случај нашиве да го откупат договорот ќе биде ТОП . :helou:
 
П.С.Ж ке добиеш информации кое време ке се собираме во парк,не се секирај.Утакмицата мислам дека е од 4.
За продолжувањето на договорите со Брња,Митрев и Јовановски едноставно браво.Митрев и Брња ја држат целата средина,Брња од време на време знае да се убаци во напад и да постигне ефектни голчиња.Митре едноставно не може никој да го помине,така да треба да се продолжат договорите со уште некои играчи бидејќи во тимот сега за сега има играчи што би ги посакал секој тренер.За Павловиќ имам неофицијални информации дека ќе остане кај нас уште една сезона,рекол дека убаво му е тука,прекрасно се чувствувал,така да моѓно е да се откупи и целиот договор.Ако се откупи ќе биде многу паметен потег од страна на управата.
 
[FONT=Arial, sans-serif]Лавовите во поход на нови три бода против Силекс !!!
[/FONT]

Во сабота, 4. април 2009 година, на стадионот во Ѓорче Петров ќе се одигра првенствениот натправар помеѓу екипите на Македонија Ѓ.П и Силекс.
Ги повикуваме сите навивачи и симпатизери да ни се придружат на натпреварот, и со фер и борбено навивање да и помогнеме на нашата екипа да издвојува нова победа.

НАЈАВА :

ОД НЕДЕЛА ВО НЕДЕЛА СЕ ПОМАЛКУ НАТПРЕВАРИ . ОД НЕДЕЛА ВО НЕДЕЛА СМЕ СЕ ПОБЛИСКУ ДО ДЕНОТ КОГА ЌЕ БИДЕМЕ ГОРДИ НА НАШАТА ГОРДОСТ КОЈА ЈА САКАМЕ СО ЦЕЛОТО СРЦЕ . СО СЕКОЈ НАТПРЕВАР СМЕ СЕ ПОБЛИСКУ ДО ТИТУЛАТА КОЈА ЈА САКАМЕ ДА ДОЈДЕ ВО ЃОРЧЕ . ЗАТОА ДЕНЕС СИТЕ НА СТАДИОН КАЈ НАС , ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА НАШИОТ МИЛЕНИК ВО ПОХОД КОН УШТЕ ЕДНА НОВА ПОБЕДА ПРОТИВ НЕЗГОДНИОТ СИЛЕКС . СОБИРАЊЕ ПРЕД СТАДИОН ВО 15:30 ЗА СИТЕ ''ЛАВОВИ'' . П.С. Ако има некоја исправка на тајмингот поправете ме слободно .

Конечен резултат 2-0. Стрелци Клечкароски и Илисески
 
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.-СИЛЕКС 2-0 !!!

Натпреварот почна стандардно . Ние напаѓавме во текот на целиот натпревар , додека Силекс играше доста мудро во 1 полувреме и преку контри се обидуваше да направи нешто . Имаше некои добри шанси како на Попел и Милевски со глава и неколку добри полушанси . Сите очекуваат крај на полувремето еден играч на Силекс играше со рака во шеснаесетник и судијата досуди чист пенал . По обичај зема Де Брито да го шутира , и необично го промаши :vozbud:. Малце нашиве паднаа после промашениот пенал ама Илчо на полувреме ги средил . Изгледа само 2 збора им кажал , се зачудив , само што влезе во соблекувална одма излезе . Во второ полувреме почнавме многу појако . Имавме добри шанси повторно преку Попел со глава и Де Брито кој на неколку пати ги измрда и упати јаки шутеви ама без нешто посериозно и најголемата на Оса која отиде над гол . Се направи првата измена и на местото на дебитантот Попел , влезе Клечкаровски . Клечка внесе малку свежина и тоа се осети во играта . Почнавме да притискаме се појако , Клечка зема една топка , од освртување постигна многу убав гол за голема радост . Вториот гол беше постигнат при крај од Илиевски (Мичка) за уште една радост во Ѓорче .
Според мене вака ги оценувам играчите на денешната средба :

Павловиќ немаше некоја поголема работа ,
Илиевски доста солиден упати доста добри дијагонали и воедно го постигна 2 гол Мојсов и Милевски стандардно добри и стабилни во одбрана ,
Амбурет според мене беше играчот на натпреварот кој одигра со срце и имаше доста добри и атрактивни интервенции :vozbud: ,
Оса стандадно најзабележителен на теренот имаше една добра шанса за гол но не успеа , после Амбурет најдобар играч на теренот ,
Митрев секогаш најборбен и растурач на нивните акции ,
Брња не беше на ниво денеска но имаше доста добри продори во шеснаесетникот на Силекс ,
Де Брито иако го промаши пеналот одигра доста солидно , имаше доста успешни атрактивни дриблинзи и шутеви но среќата не го сакаше денес ,
Попел се прикажа доста добро , бобен играч , имаше доста добри шанси за гол но има време се надевам на следната утакмица дека ќе даде 1 гол .
Клечка денеска изигра најубаво откога дојде од Турново , голот му беше многу убав , даде добри топки , многу јако изигра денес
Лена беше повреден па многу ме израдува како изигра денес , секоја чест за играта
Ивановски се покажа дека не е за централен напаѓач , солиден беше денеска
СЕКОЈ ДЕН СМЕ СЕ ПОБЛИСКУ ДО ТИТУЛАТА :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom