Фан клуб: Мајами Хит!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки,
како фан на Булс обрска ми е да ви честитам за неверојатната игра утрово. По мене мечов ќе биде одлучувачки за пласман понатаму, Мајами изигра можеби еден од најдобрите натпревари досега гледано од аспект на тимска игра, минатите мечеви беа во оснава на плеќите на големото трио, меѓутоа овој меч покажа дека имате шампионски ТИМ! Мајами сабајлево руши уште една серија на Булс, Чикако во оваа сезона немаше врзано повеќе од 2 порази во серија.
Да ми речеше некој дека пред почеток на сезоната Чикаго ќе игра во финалето на источната конференција, искрено јас како фан на Чикаго немат да го вервев, затоа мислам дека овој млад тим на Булс годинава го достигна зенитот. За Роуз и неговите 22 години ова е едно големо искуство.

Се уште не ви го четитам пласманот во финале, затоа што ништо не не готово се додека вистински не заврши, ама затоа се надевам на многу вакви мечеви помеѓу овие два тима во годините што следат.
P.S. Good luck in the Finals :pipi:
 
Вечер има директен пренос на СпортКлуб ! Ајде момци уште една победа до големото финале :)
 
02.30 на Спорт Клуб сите пред ТВ.
Мора вечер да се победи ! :)
 
Оhоооhооооооооо That's My Man... LeBrooonnn :vozbud:

Која серија ја направивме во последните 3 минути, од изгубен натпревар, без идеја во напад, успеавме да ги победиме... Let's Go Heat :)
 
Браво, браво :) Повторно сме во големото финале :vozbud:
 
ајде честито. идеме у финале :vozbud:
јас гледав до 3-4 мин. до крајот кога беше 12 разлика за чикаго и мислејќи дека нема надеж си легнав а сега гледам тепале :)
 
Еве и јас како фан на Булс морам да ви честитам...честита победа и со срека нека ви е во финалињата...сега малку да ја искоментирам серијата....
Дефинитивно Мајами има големо трио и колку Булс да ја има најдобрата одбрана во лигата 3јца суперстар неможат да се запрат....Булс ја изгуби серијата заради тоа шо немаше уште еден шутер да му помогне на Роуз..него дефинитивно одлично го задржаја Мајами целата серија цело време беше удвојуван....
 
Ја гледав утакмицата на МТВ 1 и од изгубена утакмица дојдовме до пласман во финалето со фантастичните Вејд и Џејмс! Во последните 3 минути Чикаго водеше 10 разлика али на сцена стапија Џејмс и Вејд кои постигнаа три тројки по ред(две Џејмс една Вејд) и направија пресврт!Тоа е тоа,сега идеме на финале со Далас кои ги совладавме исто така во финалето во 2006,тогаш ги победивме само со Вејд а сега со Џејмс нема потреба да се сомневам во успехот!
 
ќе ми биде многу криво ако не освојат после се поминато

Miami+Heat+v+Chicago+Bulls+Game+Five+jkeZqR-AjJOl.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom