- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 190
- Поени од реакции
- 63
Се воздржував сезонава да коментирам на форумов од аспект на повеќе главоболки кои ги доживеав јас а и сите вие поради оваа лоша сезона која и се очекуваше па како завршува сезонава мислам дека време е за комплетен што би рекле Америве „Оверхаул“ на екипава почнувајќи од тренерот па со добар пик и така натаму... Мислам дека на овогодинешниот драфт ќе имаме прилично висок пик бидејќи сепак ЛА Лејкерс франчизата е премногу добра да се игнорира и премногу позната во спортскиот свет а како и во светот на бизнисот сите тие големи спонзорски договори со разни ТВ компании и слично да не напоменам и добрата клима во градот. Оваа година мислам ќе имаме топ 4 пик можеби звучам лудо но мислам дека баш поради таа репутација која ја има стекнато оваа франчиза мислам дека нема НБА да си дозволи а исто така и нашиве газди да бидиме долго на дното затоа што една респектабилна организација како оваа не заслужува да не биде во ситуација за титула, затоа да се надеваме дека наследникот на Коби ќе дојде на овој драфт и ќе градат околу него секако под менторство на „Црната Мамба“. Новата ера на Лејкерс започнува со овој драфт! Let's Go!