Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Не се замарајте со Коби, замарајтесе што немате вистински плејмејкер:
 
Не се замарајте со Коби, замарајтесе што немате вистински плејмејкер:
лејкерс како и секогаш ќе се снајдат т.е ќе измамат некој во трејд ( најдобар пример трејдот со мемфис за гасол ) и нема да ме чуди ако го донесат Крис Пол
 
Не се замарајте со Коби, замарајтесе што немате вистински плејмејкер:

Кој беше плејмејкер во ерата на Џордановите Булси?
Кој беше плејмејкер во ерата на Шек/Коби?
Кој e плејмејкер во ерата на Коби/Гасол?

Никој.

Триаголникот на Џексон нема потреба од класичен плеј, па затоа Лејкерси и Булси не бараа а и не му требаше плеј од типот на Рондо. Му требаат само интелегентни играчи што знаат нон стоп да се движат, да шутираат и да асистираат. Ако играше Рондо по шемата на Фил Џексон немаше да се истакни толку.

Сега под Мајк Браун ќе видиме какви шеми ќе се прават. Јас сум за максимално користење на Бајнам/Гасол слично како во времето на Данкан/Робинсон. Тамам Мајк Браун тогаш му беше асистент на Попович, и ги знае тие стратегии.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
За Бајнам се сложувам но мислам дека формата на Гасол ке оди во надолна линија.Претходнава сезона фишер и блејк не покажаа ништо.Коби сам го носеше товарот на бековите.Па неможе секогаш така.Како одминува времето мора де се земат предвид и годините што ги имаат и коби и гасол,бајнам е одличен играч но многу време е повреден,додека артест освен неговата дефанзива и глума не верувам дека има друго што да понуди.Полека лејкерс ги стигаат годините(зборувам за побитните играчи), додека кај селтикси одамна се стигнати.Очекувам ремонт во двата тима инаку ке се изначекаме додека пак гледаме финале помеѓу овие две фрашизи
 
и дечки каде заправме со темата? Езерџиите спремаат голем бум :) во трансфер маркетот :)
 
Ко прочитав дека можи да дојди Хауард ме мавна шок :vozbud: .
П.С. Бар околу еден тим се сложувам со Ајсбој:)
 
Крис Пол нов играч на Лејкерс ... во Њу Орлеанс испратени Гасол и Одом а Гасол ќе заврши во Хјустон Рокетс а во Хорнетс ке дојдат Мартин и Скола ... има гласини и дека Бајнам ќе биде испратен во Орландо во замена за Двајт ... подобро од ова здравје ... газиме годинава :)
 
CP-got-Stern_d_medium.gif
 
Не зафркна NBA. И за оваа сезона а и за другите што следат.

Кога знаеш дека некој не те сака, како би реагирал? Сигурно се очекува да останеш професионален, и да изиграш на највисоко ниво, зошто сепак платата ти стига, но тоа нема шанси да се деси со Ламар и Пау. Двата се ментално ранливи типови, и ова и те како ќе му влијае во играта оваа сезона.

Да не зборам дека сега другите тимови видоа дека овие двата се спремни за трампа, автоматски му паѓа вредноста.

Да дојдеше Пол, Двајт имаше големи шанси да дојди исто. Дури Стивен Еј Смит кажа дека во прашање се часови за Двајт да премини во Лејкерс. А типот го најави триото во Мајами. Извор на кој може да му се верува.

А сега вака? Заглавени сме со типови по 31-32 години, станува многу многу по тешко да го земеме Двајт, имаме типови кој знаат дека тимот не верува во нив, едноставно работите не изгледааат сјајно за Лејкерс.

Се надевам дека не е така мрачно, како што изгледа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom