Mинатата сезона кога Сан Антонио ја бранеше титулата, во тек на сезона имаа 4ти или 5ти скор на Западот, на прашањето '' што не е во ред со нив сезонава '' за еден од аналитичарите од ESPN, истиот одговори, ништо, апсолутно ништо, па сега вие протолкувајте ја изјавата .
Тоа е, експериментирање и ништо друго, за Плеј Оф друга песна ке се пее, како и да е на Западот ке бидат први и со сигурност тврдам дека ке играат во финалето, или со Бостон или со Кливленд .
Место за паника нема, уживанција ке биде цела сезона а нервозите ке следат тек во плеј оф каде Гасол веќе го стекна искуството од минатата сезона, а тука е и Бајнам кој премногу фалеше во финалето со Бостон .
Еве, денешниов меч ви е убава прилика да го видите значењето на Бајнам, играше само 11 минути, даде само 3 поени и никој, буквално никој во Лејкерс немаше двоцифрен број на скокови, Коби ако не се лажам ги имаше најмногу така да тука лежи и причината за поразот .
Затоа ви викам, место за паника нема, во Плеј Оф, Бајнам, Гасол и Коби максимално ке се цедат ( посебно првите двајца ), мене единственото нешто што ме плаши сезонава е да не се обнови повредата на Бајнам, нема ли проблеми со истата во Плеј Оф . . . . газење .