Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Да, рестриктед фри ејџент. Или тоа ќе биде што го велиш или ќе го трејдаат, трето нема. :D
 
Јас би го задржал (за нормални пари)... Нема голема трејд вредност. ;)
 
Имаше некои шпекулации дека не им е во план да го потпишуваат на подолг договор, ваљда не влегува во долгорочната стратегија на Волтон. Не би ме изненадило да го трејдаат.
 
Тоа би била лоша одлука, да го трејдаат сега кога нема трејд вредност.
Нека го отворат учебникот од Купчак. Прво треба да му ја намалат вредноста и да го потпишат на исплатлив договор. Потоа треба да му ја подигнат вредноста (давање шанса да игра, и играње акции преку него)... Играч со апсајд и поволен неколкугодишен договор? Е тоа е висока трејд вредност.

Што би земале сега за него?
Втор пик, или некој полош играч (од него).
 
Ако планираат да го носат Ентони Дејвис тогаш нека го трејдаат, ама ако ми носат Сакре тип на играчи тогаш нека не се глупираат да не им ебам мамицата, добар играч е Рендл.
 
А што би земале за Рендл во моментов?

Момци, реалноста е дека следниве години се градење на новот јадро на тимот. Не чекајте успеси, освен градење на играчите. И потребни се максимално паметни маневри на менаџментот. Никако нови договори како тие со Мозгов/Денг.
 
Свесни сме сите за тоа, али мора и една ѕвезда да донесат, јас типувам на Џорџ. Едноставно не можат сите деца во Лејкерс да носат толкав товар, они не можат плеј оф да обезбедат а не нешто посериозно. Уз добро јадро на тимот плус 1 до 2 ѕвезди може до успеси во следните години, во спротивно ќе бидеме како Њу Јорк пропала франшиза, или како Филаделфија 20 години по ред први пикови ќе бркаме.
 
Ќе си дојдат ѕвездите сами, кога ќе се направи добро јадро на новиот тим. ЛА секогаш била атрактивна дестинација за играчите. А Џорџ секако мора да го ќарат веднаш... Затоа прашав погоре, како им иде на Оклахома? ;)
 
Целата финта со Рендл е што веројатно решени се/имаат некој усен договор со агент за 2 топ слободни агенти. Има неколку опции за тоа да се исполни, ама најверојатната (по мене) е не продолжување на договорот на Рендл и стреч на договорот на Денг, со што би имало простор за 2 макс играчи. Во случај да успеат да го трејдаат Денг со Кларксон тогаш би имале 2 макс играчи + 20 милиони.
 
Многу не закопа Џими со тоа потпишување на Мозгов и Денг, кретенот се надеваше дека ќе тимот ќе влезе во плејоф (и со тоа дека нема да мора да си оди од раководството на клубот).
 
Многу не закопа Џими со тоа потпишување на Мозгов и Денг, кретенот се надеваше дека ќе тимот ќе влезе во плејоф (и со тоа дека нема да мора да си оди од раководството на клубот).
Излезе информација дека не очекувале дека со новиот колективен договор ќе се укине амнестирањето. Они си планирале еден да амнестираат :ROFLMAO:
Ај што се катастрофални договорите, должината уништува, никој не сака да земе таков канцер договор во својот тим. Можеби единствено на Ноа од Никс е полош договорот од овој на Денг. А и Денг не помага со тоа што игра катастрофално, иако веројатно е и игран надвор од позиција, на 3ка, кога веќе подолго си игра братот 4ка, нема брзина да се носи со останатите тројки во лигава.
Да се надеваме дека Меџик и Пелинка знаат што прават, до сега солидно се покажуваат по мене, КЦП е сосема солиден, Брук Лопез исто игра добро.
 
Тоа не беше работа на Купчак, човекот е гениј, таквите одлуки се пресечени од Џими идиотот. Треба да си многу глуп за да го потпишеш Денг, па и Мазгов, на долги договори (и тоа високо платени). Дури и со амнестијата е глупо, а не верувам дека во управата немале најави за укинувањето на амнестијата.

КЦП е сосема солиден, Брук Лопез исто игра добро.
Првиов дојде на една година да си ги дигне акциите, а вториов зошто воопшто го земаа не знам. Наместо да го развиваат Зубац и други (Блејк не мораа да го баталат).
 
Тоа не беше работа на Купчак, човекот е гениј, таквите одлуки се пресечени од Џими идиотот. Треба да си многу глуп за да го потпишеш Денг, па и Мазгов, на долги договори (и тоа високо платени). Дури и со амнестијата е глупо, а не верувам дека во управата немале најави за укинувањето на амнестијата.


Првиов дојде на една година да си ги дигне акциите, а вториов зошто воопшто го земаа не знам. Наместо да го развиваат Зубац и други (Блејк не мораа да го баталат).
Јас не би го амнестирал ни Купчак од одговорност, мислам дека полека му помина времето, иако се сложувам дека веројатно Џими форсирал. Статија за тоа дека Лејкерс очекувале да има амнестирање во новиот договор.
Инаку трејдањето на Деанџело мислам дека не беше толку до него, колку што мораше да дадат нешто за да го тргнат Мозгов. Очигледно се форсира приказна дека Лејкерс напаѓаат макс играчи летово, без тој трејд, тоа немаше да биде можно. За замена добија еден од подобрите центри во лигата со 1 годишен договор + шутира 3ки и ја шири одбраната, нешто што ретко центри го прават, а во тимов е преку потребно зашто нема добар шутер за 3 општо, а не па 4ка некоја да шири. Еве сега Кузма шутира солидно, ама Ненс и Рендл не искачаат од рекет, Инграм во главно игра на влезови и мид-рејнџ, Лонзо го гледаме што прави со шутот, едино КЦП и Лопез погодуваат 3ки.
Инаку за КЦП, иако е 1 годишен договор, сепак по мене е добар договор, зашто 2те страни имаат бенефит. Ако игра он добро, можеби Лејкерс ќе сака да му продолжи договор и по сезонава.
На крај за Зубац, јас сум максимално разочаран од него сезонава, огромен регрес доживува, со ова тепмо ќе се врати во Европа кога ќе му истече договор. Во летната лига тотално изгубен беше, сега сезонава кај не игра скоро ич, па и кога му даваат шанса е катастрофа...
 
Зубац е копиљ, нема зрелост и самодоверба во себе. Токму затоа велам дека немаше потреба краткорочно да носат играч на негова позиција кој има слична игра. Брут форс центар да, ама стреч-фајв не. Пошто ЛА на долги патеки повеќе ќар ќе има да развива играчи како Зубац, околку што краткорочно ќе направи нешто со Лопез (да донесат ѕвезди). Лоша опклада е тоа.

Инаку Купчак во последните 5-6 години немаше извршна улога во ЛА, размислувал, давал предлози, но сите пресекувања се од Џими Бас, идиотското татино синче на легендарниот Џери Бас. Сети се само какви тренери донесе, какви потези направи. Идиотот нема една здрава одлука, освен драфтот на Бајнам, ниедна (неуспешниот трејд за Пол не му го рачунам, тоа беше чиста заслуга на Купчак).


Инаку трејдањето на Деанџело мислам дека не беше толку до него, колку што мораше да дадат нешто за да го тргнат Мозгов. Очигледно се форсира приказна дека Лејкерс напаѓаат макс играчи летово, без тој трејд, тоа немаше да биде можно.
Тоа го зборам, мислам дека не само скапа (Деанџело) туку и глупава опклада беше тоа. Ете Вестбрук си потпиша за Окхлахома, за Џорџ тек ќе видиме, а Леброн... За него моли го бога да не му текне да дојде. :-/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom