Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Вечерва играме против Сиетл Суперсоникс на гости. Затоа вчера во второто полувреме ги одмараше најдобрите играчи:)
 
И дали треба да коментирам повеќе?

Сиетл Суперсоникс-ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС 91:111!

И повторно одличен натпревар на кој дури 7 играчи уфрлија над 10 поени. Одлична тимска игра и повторно натпреварот беше решен уште по првото полувреме. Статистика за натпреварот тука

Коби заработи две технички грешки и уште во 3/4 го напушти теренот но и без него се беше решено!
Нареден натпревар за два дена против Портланд(29-27) на домашен терен! Очекувам уште една лесна и убедлива победа со оглед на тоа како играат дечките:)

И конечно тоа што најмногу ме радува е дека ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС(39-17) повторно се искачи на чело на Западната Конференција по пауза од неколку години и не случајно се вбројува во потесниот круг кандидати за овогодишниот наслов!
 
ajde momciiiiii broj 1 sme najdobri na zapadot ednostavno ni nema ramen pozdrav
 
Конечмо дочекавме Лејкерс да се врата на старите патеки.Едноставно многу сме јаки.Газиме!!!Заредивме 8 победи у низа и ме радува што работи колективот.
 
Браво за Коби стварно човекот нема конкуренција..Му требаше еден како Гасол на тимот..Порано ме нервираше по малку Гасол, ама сега почнав да го сакам:)Закониии и парталииии
 
Вечерва против Портланд дома играме!
 
ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС-Портланд 96:83
И покрај резултатот, јас си знам како ми беше до последна четвртина! Многу слабо тргнавме, шутот не одеше но среќа што во тимот го имаме Коби Брајант и до 4/4 некако го одржуваше тимот во живот. Постојано губевме со 5-7 поени разлика а едно време беше и 15 поени разлика за Портланд. Многу значајна улога денес изигра и Фармар кој доби шанса поради лошата игра на Фишер и прерано направените лични грешки на Одом.
Сега скорот е 40-17 и Лејкерси се првата екипа од Запад која дојде до бројката од 40 победи. Ова беше 9-та победа едноподруго.
Наредниот меч е за два дена повторно во Стејплс Центар против Мајами Хит! Очекувам тврд и тежок натпревар и судир на две големи ѕвезди КОБИ vs. Вејд!
Статистика за натпреварот
 
mislam majami lesno ke go minime ne e vo forma mislam vcera pobedija posle kojku natprevari ne se sekavam
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom