Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Liverpool Fans Македонија
·
Официјален фан пејџ на навивачите на Liverpool во Македонија


Кој трипа и си игра официјална страна? Нали Редс се официјални?

Иначе платена реклама имаат пуштено на фб па така се појави.
За милион екипи ми излезе мене на фб. За Јунајтед, Реал, Јуве итн.. Скроз иста објава само сменето името на тимот.
 
За милион екипи ми излезе мене на фб. За Јунајтед, Реал, Јуве итн.. Скроз иста објава само сменето името на тимот.

Со оглед на тоа колку се скапи рекламите на фб, браво доколку успеале да најдат бизнис во ова.
 
Муабети дека Жота ќе отсуствува бајаги. Се збори за два до четири месеци, или најлош случај до крај на сезона.

Фрлам сол. Ако не, го враќаме Елиот у јануари.
 
Сме си ебале матер без Жота ако треба било кога да не играат некои од тројцава напред. Јасно е дека не може секој да биде суперстар, ама Ориџи и Минамино не се доволно добри за тимов ни како замени. Abysmal.
 
Заслужија да ги наполнат во прво како против Вила па да се чешаат! Браво за Куртис, другото очајно.
 
Почина господинот Gerard Houlier легендарниот менаџер на Ливерпул.
Во летото 1998 Gerard Houllier бил назначен како помошник на Roy Evans. Но ова партнерстово уште од почетокот било осудено на пропаст така што после 4 месеци Roy Evans го напушта клубот.


article-0-0014759300000258-972_468x296.jpg


По напуштањето на Evans, Houllier го добил менаџерското место каде што го чекала голема работа, да ја врати самодовербата и дисциплината на играчите. Тимот што го наследил бил составен од играчи како Paul Ince и Robbie Fowler кои не биле дел од плановите на Houllier и подоцна биле продадени. Играчи како Gary McAllister, Milan Baros, Sami Hyypia, Stephane Henchoz, John Arne Riise, Emile Heskey биле доведени од страна на Houllier.

Веднаш потоа работите почнале да одат на подобро така што после две сезони (2001) тимот на Houllier ќе освои 3 титули – во една сезона. League Cup-от и победата во финалето над Birmingham беше првата титула што клубот ја освоил во последните 6 години а веднаш потоа тимот ќе го освои и FA Cup-от и UEFA Cup-от. Финалето од UEFA Cup-от долго ќе се памети каде тимот на Houllier ќе го победи шпанскиот Alaves со 5-4 во продолженијата.

Подоцна недостатокот на успех во Premier лигата а и во Европа ќе допринесе повеќето фанови да бараат оставка од Houllier, нешто што не беше случај неколку сезони порано кога беа освоени 3-те титули. Скапите “засилувања” како El-Hadji Diouf, Emile Heskey и неколку други беа етикетирани како промашувања, а подоцна и самиот Houllier ќе признае пред јавноста дека Diouf бил една огромна грешка.
 
RIP Жерар, господин човек и страшно менаџериште...
За вчера, монструозна партија за Алисон, уште еднаш покажа дека е класа голман, лесно можеше уште 3 да ни накрцаат во прво кога играа како напалени мајмуни...
Многу бледо издание.
 
Колку е јакичко што си знаеш кој ќе ти е следниот менаџер, па не мора да го мењаш аватарот откако си отиде, се дотогаш :X3:
 
Се на се одлична победа, по сите параметри заслужија 3 бода, првата контра со голот и стативата на Бергвајн после кикс на одбраната беа единствени сериозни закани од ЈСП.
Дигна форма Боби, не само голов, минативе неколку утакмици игра маестрално, поагресивен кон гол е и доста шанси немаше среќа.
Каков играч е Џини мајко моја, машинерија, мора некако да остане!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom