Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Хејташ?Заебете Лукас... Него крстете се Хендерсон да се опорави,огромна е разликата со и без него,на сите делови на теренот. И со Тотенхем се играше со Лукас,ама тимот изгледаше многу сериозен. Овоа вчера беше мизерија,одбрана,средина,напад,секаде имаше по една црна дупка... Џан некам веќе ни да го коментирам.Покрај него и Вајналдум беше изгубен,се знае дека на средина треба да има барем двајца стабилни.. Кутињо што сакаше да изигра вчера и тој поима нема.

Хејташ?![]()

Не си ти хејтер, туку јас кога критикував бев хејтер.Стар хејтер сум јас
Него гледам сеа и Клоп се напиздил серизоно. Време беше да се каже отворено дека на никој не му е гарантирано местото во екипата ако се понаша како изгубен германец на терен (Озил).
– Не сакам да бидам премногу сериозен, но сега е време за тоа. Ние може да играме многу подобро, а бидејќи не го правиме тоа, јас сум премногу разочаран. Отсега, сите играчи играат за својата иднина, а во тој кош се ставам и себе. Фала му на Бога што немаме натпревар утре. Мора да реагираме, не чека натпревар со Арсенал, –
И јас сум од тие што викам дека му е прва сезона. Бидејќи кога дојде,имаше распадната екипа,барем по резултати. Колку толку ги опорави и има огромна разлика во играта. Дојде до две финалиња за краток период. ЛЕ не освои поради шлајмот што остана од претходниот,Морено,Мињоле и остала багра.
И сега за сега според мене не е ни флоп,а камоли огромен. Екипата му е 50% средена. Ако ова лето ја среди комплет и пак нема резултат јас прв ќе бидам против Клоп,ама сега не... Крив е клоп да затоа што не купи бек,дефанзивец и уште некој кој фали.. Крив е што во недостаток на дефанзивци тој ја спука до крај со Сако.. Не е крив затоа што го зема Кариус,бидејќи колку што знам од луѓе што пратат бундес,Кариус прикажувал солидни партии. Може следната сезона ќе стане ДеГеа,кој знае..
Средување на екипата мислам за да земе играчи на позиции каде што се виде дека кога некој од таа позиција е повреден,одма се осеќа на играта.Плус да ги пополни празните позиции како голманската.
Еден од Симон и Лорис мора да си оди...
Дефанзивец за прв тим,да игра со Матип,Ловрен од клупа...
Лев бек за прв тим,по потреба да го игра таму Милнер,бидејќи за Милнер има замена.
Замена за Хендерсон и Лалана,бидејќи кога се овие повредени одма има разлика во играта.
Замена за Мане и Кутињо,исто без нив има разлика.
За нападот супер си се Ориги и Фирмињо.
На почетокот и јас мислев дека има замени и широк состав,мислев дека Клаван може да игра по потреба дека не е лош. Џан беше ѕвер за мене и демек може да игра на многу позиции.Дека Милнер нема гајле да испука цела сезона на ЛБ...Ама гадно сум погрешил. Затоа викам дека тимот е 50% составен. Без 5-6 нови играчи ама играчи ништо не прават.
Плус од лани не му замерувам што не зема повеќе играчи бидејќи со такво брзо купување се купуваат зелки. Подобро да виде што има и што треба за сугурно. И плус и самиот кажа дека нема да се купува кој знае што. Е за овој трансфер период е друга песна,веројатно не е глуп и самиот гледа дека му требат играчи,самиот збореше нешто демек уште сеа се преговарало со играчи кои се во план за на лето. И ако пак не земе ништо квалитетно може слободно да оди у ПМ:
одма има проблеми.Дали ме разбираш друже Пеџа?
Едноставно таква е играта со Клоп,со играчи кои може да ротират од средина во напад.