Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.
Пак ја продадоа утакмицата а, немозам да сфатам што се случува со тимот и дали воопшто таму некој си ја обработува својата задача на теренот и професионалниот пристап и однос на секоја утакмица

Срамота:tapp:
 
Ne go branam veke .... Posledna sansa neka mu e duelot so Manchester , inace za Steve - G , morase da go izvadi .. Ne bese dovolno spremen da ja izdrzi utakmicata

Со ова се сложувам , мислам дека веке нема шо да се брани.
Овој пораз е во комплетна заслуга на Бенитез.
Некој овде спомна за Вороњин не можел да трча, НОНСЕНС!!!!
Мислам дека најголемата утка Бенитез ја направи со Нгог. Дечкото јес да е квалитетен играч, но џабе е се кога нема искуство. Мислм дека требаше мечот да го почне со Ворњин веке коа започнал да тера само со таа формација. Друго кој кур не го пушти БАБЕЛ.
Значи комплетно му ја уништи кариерата на дечкото, што е вистинско чудо како не си замина до сеа поради тоа.

Значи со Бенитез веке е крај. Мислам дека треба да се преземе сериозен и крупен чекор во решавање на проблемот.

Ја да сум ко Хикс и Џилетката сеа, едно ултиматимче за со Ман Јун и или ке ја биде или нема да ја биде. Мора да се стегнат малку работите.

Само да не излезат со изјава сеа како некна: Ако не се освои Лига на Шампиони барајте ја вината кај Бенитез, зашо палам авионо и правец Ливерпул и има сунет со врзани очи да ги праам!:nerv:
 
Да и јас мислам дека Вороњин требаше да влезе многу порано.МОжеше и да почне со него па после да направи некој измена.Има квалитетен играч во нападот а не го пушта за тоа тоа си е крив само Бенитез.Срамота е ливерпул ваков важен натпревар дома да го изгуби ама мислам дека клубот има уште доверба во бенитез.Сепак ако не обезбедат пласман во 1/8 финале и ако не почнат да победуваат во Премиер Лигата бенитез ке стане историја.Само не верувам дека пред зимскиот преоден рок ке го исфрлат.Ке им треба тренер до крај.
 
Мислам дека судбината на Бенитез ке се решава по натпреварот со Ман Јун!

Онака мое мислење!

Бенитез мора да „воскресне“ против Јунајтед?
21.10.2009.
Ливерпул е клинички мртов. Доколку наредниот викенд на свој Енфилд доживее пораз во големото дерби од Манчестер Јунајтед, апаратите би можеле да бида исклучени до стартот на наредната сезона.

Екипата на Рафаел Бенитез го забележа најлошиот резултат уште од 1987-та година. Синоќа, напаѓачот на Лион Сезар Делгадо во последните минути ја погоди мрежата на Пепе Реина и го заклучи четвртиот последовен пораз на „црвените“, а за неколку дена работите можат да бидат уште полоши.

И вака е доволно лошо, особено бидејќи од претходно е познато дека Фернандо Торес нема да може да игра поради повреда, а од 25-та минута од мечот со Лион, под знак прашалник е ставен и настапот на Стивен Џерард. Тој одлучи да заигра против французите, иако беше недоволно опоравен и брзо сфати дека било подобро воопшто да не се обидувал.

Сето тоа воопшто не му оди од рака на Бенитез, кој се наоѓа под неверојатен притисок, не толку од страната на навивачите кои го сакаат, па ниту од островската јавност, туку од луѓето во клубот и бордот на директори - кои всушност се тие кои одлучуваат за неговата иднина.

Сопствениците, американските бизнисмени Жилет и Хикс, неколкупати во претходните две сезони размислуваа по тоа прашање да го отпуштат шпанецот, а тој оваа сезона им ги пружи сите причини да дојде до смена.

Медиумите на Островот оценуваат дека дуелот со Јунајтед ќе биде пресуден кога е во прашање соработката на Бенитез и Ливерпул.
 
само нов тренер ни треба и неколку квалитетни засилувања ништо друго. со играчи како воронин, аурелио, нгог, итн не се освојува титула. најдобар играч синока беше мартин кели а другите ТАПА цела екипа за ништо не ја биваше. за шо го пушти аурелио а бабел го остави на клупа? каде е риера? ко веке е повреден торес и џерард требаше да излезе со бабел како напагач и да најде некој да му праве друштво во нападот. се на се реално гледано ливерпул и не заслужува титула ни во ПЛ и во ЛШ. нека капацитет да се носе со екипи како манчестер јунајтед и сити, арсенал, челзи ...
 
Сакам против манчестер да извади 2ца напаѓачи како знае и умее!!!!!!
 
Сега при крајот на октомври би требало да почне да игра Аквилани кој според Бенитез ќе е замена за Алонсо.Па да видиме како ќе се покаже ако е уште една трансфер утка на Бенитез тогаш нека даде отказ.
 
Аквилани е на клупа на вечерната утакмица на резервниот тим.
 
само нов тренер ни треба и неколку квалитетни засилувања ништо друго. со играчи како воронин, аурелио, нгог, итн не се освојува титула. најдобар играч синока беше мартин кели а другите ТАПА цела екипа за ништо не ја биваше. за шо го пушти аурелио а бабел го остави на клупа? каде е риера? ко веке е повреден торес и џерард требаше да излезе со бабел како напагач и да најде некој да му праве друштво во нападот. се на се реално гледано ливерпул и не заслужува титула ни во ПЛ и во ЛШ. нека капацитет да се носе со екипи како манчестер јунајтед и сити, арсенал, челзи ...
Абе не сваќаш дека Вороњин е најдобар,нгог под итно да се продаде.Очекувам Аквилани да поигра против Манчестер
 
Јас сум голем обожавател на Ливерпул ама мислам дека на големиве екии можиме да му парираме само на неколку позиции.На Пр. лани кога немаше повредени фудбалери доликувавне на голема екипа!!!
 
Ако не тепате против манчестер,100 посто Бенитез добива отказ...
 
Аквилани е на клупа на вечерната утакмица на резервниот тим.

Белким ке заигра и со Ман Јун, зашо овој Лукас се подобар и подобар е !sram:kesa:
 
Аквилани ќе дебитира за Ливерпул 22.10.2009. Новодојденецот од Рома во тимот на Ливерпул, Алберто Аквилани го одигра првиот натпревар за вториот тим на Ливерпул.
aquilani-gol.jpg

Тоа се случи при победата на црвените со 2-0 над Сандерленд. Италијанецот кој што долго време се лекуваше од повредата се појави во последните 15 минути од средбата и направи неколку воодушевувачки дриблинзи и пасови.

25-годишниот играч за врска тренира со топка седум дена. Се очекува менаџерот Рафа Бенитес да го пуште во игра следната недела во натпреварот од Карлинг купот против Арсенал.

Во текот на летото Аквилани имаше операција на глуждот а фановите на Енфилд се надеваат дека после неговото оздравување ќе биде вистински заменик на Чаби Алонсо во средината на теренот.

ова треба да очекувате од Аквилани
 
Очекувам ја доста од Аквилани, али се молам на Господ да не се повредува често, пошо така колку и да е квалитетен ќе биде ко Робен, а таков играч е непотребен, бар според мене.:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom