Milanez`
Tutta lα miα vitα...
- Член од
- 6 август 2007
- Мислења
- 14.601
- Поени од реакции
- 5.607
- Возраст
- 34
Победа, единствена опција за Ливерпул
Со само едниот освоен бод по првите три кола фудбалерите на Ливерпул се најдоа во крајно незавидна ситуација во групата "А" од Лигата на шампионите.
Така, "црвените" мораат да освојат максимални девет бода на преостанатите три средби доколку сакаат да се изборат за едно од првите две места во групата и да ги продолжат настапите во елитното европско натпреварување.
Првиот од трите испити "црвените" ќе го имаат вечерва, кога ќе се обидат да му се одмаздат на Бешикташ за поразот претрпен во Истанбул пред две недели.
Тогаш "црвените" и покрај доминацијата во поголемиот дел од мечот загубија со 2:1, но Џејми Карагер е убеден дека овој пат Ливерпул ќе биде тимот што ќе се радува на победата.
"Во Лигата на шампионите секогаш играме одлично бидејќи имаме фантастична поддршка од трибините. Откако на последниот меч загубивме од Олимпик Марсеј им се чувствуваме должни на фановите и затоа сум убеден дека ќе забележиме победа над Бешикташ. Знаеме дека сме поквалитетен тим од Турците, но тоа ќе мора да се докаже и на теренот", изјави дефанзивецот на "Црвените".
Шансите на Бешикташ за поволен резултат на Енфилд уште повеќе се намалија по повредите на Гокхан, Тело и Марсио Нобре, кои воопшто не допатуваа со тимот во Англија.