Фан Клуб: Лацио

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување
Слики видеа, тоа пуштете :)
 
Сликите сеуште не се аплоудирани на нашата група на Фејсбук. Кога ќе бидат, ќе ставам нешто, но за тоа ќе морам претходно да добијам дозвола од останатите.
--- надополнето: Aug 24, 2011 9:41 PM ---
Сеуште немам дозвола да постирам слики од групата, ама еве слика превземена од еден од македонските онлајн медиуми.

fan_klub_lazio_makedonija_240811.jpg


http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Fudbal/edu-rej-gi-pofali-igrachite-na-rabotnichki

Лацио вечерва на нашиот најголем стадион во релаксирана атмосфера и бодрени од неколку(???) фанови на италијанскиот клуб од Македонија го одржа единствениот тренинг пред утрешниот реванш натпревар против Работнички во рамки на плеј-офот во Лигата на Европа
 
Еве видео од пред Александар Палас, кога тимот со автобус тргнуваше на тренинг.


И еве слики од стадион кога бевме на тренингот:
318867_2341341337023_1354642744_32811441_7789516_n.jpg


Слика со Хернанес по завршувањето на тренингот, кога сите се симнавме од трибини
30054021675694418671625.jpg
 
Два дена откако се вратив од Рим и добро отспав, можам да кажам: Veni, vidi, vici. :)

Lazio Grande Lazio!

Не знам колку се забележува, ама на знамето во клипот кое се вее скоро цело време во долниот дел пишува Lazio Fans Macedonia. Тоа е истото знаме кое го има на сликите погоре во темава од гостувањето на Лацио во Скопје. 6 членови на LFM беа присутни на Олимпико на Римското дерби.
 
Вечерва Томазо Роки, петтиот најдобар стрелец во историјата на Лацио, го постигна својот 100ти гол во дресот на Лацио и со тоа им се придружи на легендарните Бруно Џордано, Џорџо Кинаља, Џузепе Сињори и секако Силвио Пиола, најдобриот стрелец во историјата на Лацио и Серија А.
 
Вчера Лацио - Парма 1-0 ...

Иако не игра многу константно во Лацио , Лорик Цана го има подршката од своите навивачи !!!

300186_241334062591120_143708995686961_665831_2063875506_n.jpg


ГРАНДЕ ЦАНА !!!
 

Подолски многу добро игра годинава во Германија и плус е стандарден за репрезентација. Многу го сакат Келн но најави дека можеби ќе го напушти клубот. Ќе треба доста пари, над 15м по моје и не верувам дека Лацио ќе даде толку но заедно со Клосе во Лацио би било многу јако.
 
Се спомнува Подолски, се спомнуваат уште некои имиња за во јануари, ама знам дека Лотито ќе испадне евреин и за ефтини пари ќе донесе од нива некој играч од типот на Скули...
 
Подолски изјави дека нема интерес да потпише за Лацио,се спомнува извесен Мариус Алексе,лево крило,млада нада, Романец...по препорака на Стефан Раду :)
 
Што очекуваш од Скули,го купија за бедни 3 милиони...Цисе ме повеќе загрижува,одамна нема дадено гол:mad:
 
Не да е одамна... два гола против Работнички, еден у прво коло против Милан, после пенал против Васлуи и ако не се лажам толку... Криво ми е на дерби што не го даде волејот, многу добар шут беше. Мислам дека цел стадион се затресе кога ја погоди стативата :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom