Фан Клуб: Лацио

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување
Зарате се опоравил од ситната повреда и подготвен е за натпреварот со Јуве :vozbud::helou:

Goal.com - ипак не е. Од искуство, Гол дот ком не е медиум на кој што ке можеш да се потпреш. До почетокот на натпреварот Зарате уште три пати ке се повреди и четри пати ке се опорави.

Прво скакни па кажи оп:). . .
 
РИМЈАНИТЕ ГО ВРАЌААТ МАКЕДОНЕЦОТ ЗА ДЕРБИТО СО ЈУВЕНТУСПандев ќе го гаси "пожарот" во Лацио
Лотито сега бар спас од "отпишаниот" во случај кога Зарате и Роки се повредени

Pandev_trening.jpg
Мауро Зарате и Томазо Роки се повредени а од истите причини настапот на Хулио Круз е неизвесен за денешниот дерби меч на Лацио против "Олимпико". Уште во вторникот римјаните му се јавија на Пандев и најавија дека клубот го враќа во тимот за да го гаси "пожарот" на "небесносините" кој настана поради проблемите со напаѓачите. Пандев од Осло директно летна за Рим и се приклучи во тимот на тренерот Балардини кој има перфектрен старт во новата сезона со две победи на двете стартни средби од новиот шампионат.

Вчера и медиумите во Италија го најавија враќањето на Пандев во тимот на "небесносините" на што немаше реакција на првиот човек на клубот Клаудио Лотино а тренерот Балардини даде куса изјава:

"Пандев е фудбалер на Лацио... а истото важи и за Ледезма", беа зборовите на тренерот на Лацио.

Покрај Пандев можно е во првиот тим да се врати и Ледезма со што ќе се смират тензиите во клубот од "Олимпико" кои настана летово кога тројца првотиумци побара да си заминат од екипата. Првото помирување Лотито го направи со Де Силвестри а сега наповидок е помирување со Пандев и Ледезма.

Чудно е тоа што новите моменти доаѓаат веднаш по најават дека Пандев во јануари ќе замине во Интер како засилување за шампионот кој во првите месеци од 2010 година останува без Ето.

Горан Пандев и неговите менаџери исто така не ги коментираат новите случувања а враќањето во првиот тим за фудбалерот е добра вест затоа што нема да биде во аут шест месеци и ќе може да се врати во натпреварувачка форма. А неговиот кам-бек се планира за денеска против Јувентус еден од клубовите кои летово кои беа најупорни за потписот на нашиот најдобар фудбалер.
Извор: Македонски спорт
 
Тоа е тоа... :toe: не можевме да очекуваме поволен резултат без двајцата најдобри играчи Зарате и Роки. Добра игра во првото полувреме и еден спорен момент на крајот на полувремето. Да стоеја поинаку работите во оваа ситуација, можеби ќе можевме да победиме на утакмицата. Но во ред е, навикнати сме на вакви работи во Италија, а посебно кога се работи за Јувентус.
 
Уствари Клаудио Лотито имал бугарско потекло. Ама се пресеилил и го сменил името. Во татковината бил познат како Лотито Куроглавов. :tapp:
 
Лацио не одигра така лошо но без Зарате и Роки тешко за подобар резултат,али инаетот на Лотито му подари на јуве три бода мислам доколку вчера да играше Пандев ке дадеше гол.
 
Тоа е тоа... :toe: не можевме да очекуваме поволен резултат без двајцата најдобри играчи Зарате и Роки. Добра игра во првото полувреме и еден спорен момент на крајот на полувремето. Да стоеја поинаку работите во оваа ситуација, можеби ќе можевме да победиме на утакмицата. Но во ред е, навикнати сме на вакви работи во Италија, а посебно кога се работи за Јувентус.

Кој спорен момент бе, Круз го заземји Легро во грчко-римски стил. Само изгледа навикнат беше од шинтер да не му ги судат таквите прекршоци.

Се на се бевте најдобриот противник сезонава засега плус ова е најдбриот лацио шо сум го гледал последните неколку сезони. Муслера, Коларов ви беа супер. Само една ситница околу Коларов, кај беше второто полувреме (треба малку да поработи и како да се ослободва од онакво маркирање). Поздрав и со среќа во останатите мечови.
 
Со оглед на тоа дека Лацио играше без Роки и Зарате, Фоџа принуден да игра на позиција што не сме навикнати да го гледаме, и без од поодамна отпишаните Пандев и Ледесма одиграа доста солиден натпревар, и според мене заслужија барем бод...
Но што е тука е, после првиот гол на Јуве се изгуби концепцијата на игра, со влегувањето на Инзаги и Елисеу мечот веќе беше изгубен.
Добрата игра на поединците како Муслера, Коларов, Матузалем за некое изненадување и Диаките е секако мотив повеќе за очекување дека годинава Лацио ќе обезбеди добар пласман во трите конкуренции...
Ме чуди потегот со кој што Лихштајнер играше далеку поповлечено од тоа што сме навикнати да го гледаме, квалитетите на Дабо не се веќе истите како во времето кога играше со Клаудио Лопез и Коради, што значи среќата треба да си ја побара во пониско рангирани тимови, за Сивиља веќе се знае...
Останува само да се надеваме дека на следниот меч ќе се излезе во состав: Муслера, Коларов, Диаките, Стендардо, Лихштајнер, Ледесма, Матузалем, Маури, Фоџа, Зарате, Пандев...
Пуста желба... :)
 
Dobri ste ne se nervirajte.Ako treba nekoj da se obvini za porazot na lacio osven Caceres i Trezeguet toa e Lotito.Lazio ima potencijal ama so ovoj pamet i so lotito nisto ne pravat.Se nadevam ke im dojde pamet.:uvo::uvo:
 
20.09 15:00 Catania-Lazio
После поразот од Јуве следна дестинација на Лацио е гостувањето кај Катаниа мислам дека оваа средба ке биде тешка за освојување со оглед на тоа што Катаниа сеуште нема освоено ниту еден бот во првенството.
 
Следниот натпревар на Лацио е во Лигата на Европа, еве малку инфо за противникот...
64q8hw.jpg


wvvnep.jpg


Current Squad

2aij68l.jpg


Honours

5dkmtd.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom