Фан Клуб: Лацио

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување
Тврда утакмица,добар противник беше Палермо ама за некое чудо одбраната денеска изигра многу добро,со некои грешки што може да се корегираат во иднина секако.

Незнам како би го опишал Диаките еве трета утакмица игра,даде 1 гол и 1 автогол,имаше 4-5 трапави интервенции,да се надеваме дека тоа е од неискуство,и дека ќе биде солиден деванзивец во иднина.Изгледа застрашувачки,грамаден играч мислиш тревата ќе ја јаде,ама да ти е страв да чува топка,може да го зацепи накај свој гол без око да му трепне :)

Зарате...уф колку само себично препотентно детиште,неможе да те остави рамнодушен во ниеден момент... сакам наредна утакмица да го стави на клупа да седи до 65 минута,кога ќе влезе да почне да игра тимска игра,а не да ми изиграва звезда на терен. Единствен начин тој да подаде е да дојде некој од соиграчите да му ја земе топката :)

Во секој случај сум за да останат сите тројца,од причина што конкуренцијата ќе прави за тие да играат со помотивирано.
Таков е случајот со Карицо,знае дека е прва постава стандарден и се понаша мрзеливо,Муслера уште долго време неможе да му фати место.

Задоволен сум од резултатот,конечно победивме,па да се надеваме дека сега ќе фатиме серија победи после ова...
FORZA LAZIO!!!
 
eee заврши серијата лоша

Честито победа и тој зурате ако не се опамети клоцата :wink:
 
Cestitki za pobeda ovie 3boda bea daleku od potrebni ne ja gl utakmicata taka da nemozem mn da komentiram okolu igrata .FORZA LAZIO
 
Нашиот најдобар фудбалер доби уште едно одлично признание откако италијанските весници го прогласија за “Крал на Лацио”, како најдобар фудбалер на римскиот клуб во календарската 2008.

25-годишниот струмичанец во цела 2008-постигна вкупно 16 голови во сите натпреварувања, пред Роки со 14 и Зарате со 9, а вредно е да се напомнат и многуте асистенции што ги имаше токму за овие двајца фудбалери.

Како што истакна и тренерот на лацијалите Делио Роси, кога игра Пандев игра и Лацио. Потсетување на дуелот со Удинезе на кој римјаните губеа со 3:0, па по одличната игра на Пандев резултатот на крај гласеше 3:3, или на натпреварот против Милан во купот каде буквално сам го совлада големиот противник со Кака, Роналдињо, Сидорф...

Пандев досега во Лацио е 5 сезони, одигра вкупно 129 натпревари, а постигна 47 гола.

Се роди ли новата римска икона? Тоти, кој беше тој?
 
ajde so srekja neka mu e i srekna nova i vo novata ushte tituli da dobiva i se podobar da stanuva :vozbud:
 
Можно е враќање на Верон! :vozbud: Најдобриот фудбалер во Јужна Америка во 2008 година и еден од најдобрите играчи кои некогаш играле во Лацио!
 
Уште еден талент од Македонија во Лацио 16-годишнот талент, Пајтим Касами потшишал шест годишен договор со Лацио.

lazio-talent-eden-01.jpg

Станува збор за фудбалер од Тетово кој своите фудбалски почетоци ги имал во Грасхоперс од Швајцарија, а минатата зима како голем талент направил и трансфер во Ливерпул, но еве сега заминува за Рим.

Касими е инаку фудбалер кој игра во средината на теренот. Има настапи во младинските категории на репрезентацијата на Швајцарија, но се уште постои можност да игра за МАкедонија.

Останува да видиме дали во следните неколку годинби ќе се избори за место во тимот на Горан Пандев, и доколку биде така, дали нашите фудбалски работници ќе успеат да обезбедат негов настап за нашата репрезентација.

Извор: PENAL.COM.MK
 
Најкрваво било кога му се приближил на Пандев и почнал да му зборува на Македонски :vozbud::zver:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom