Фан Клуб: Лацио

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување
Малку оф топик ќе биде овој пост но гледам на аватарот имаш поставено слика од Клаудио Лопез или пак грешам ако е така поправиме тој беше еден од најбрзите фудбалери според мене и ми беше идол но одкако си замина од Лацио немам слушнато за него ни трага ни глас ако имаш било каква информација ќе те молам да ја постираш тука фала однапред позз.:salut:


Две сезони беше позајмен во Клуб Америка од Мексико, а после се врати во родната Аргентина, во Расинг. Моментално настапува за Канзас Сити Визардс во Американската МЛС.


Back on topic:

Во моментов тече дваесет и некоја минута од можеби најбитната утакмица оваа сезона. Сеуште е 0-0 против Интер, а потребна ни е победа за спасување на катастрофалната сезона со пласман во финалето од купот, а со тоа и обезбедување на место во купот на УЕФА за наредната сезона.
 
Па ваљда ќе им дојде памет да се освестат после оваа брука...
 
0-2 ? c c c се надевав дека ке одат во финале но тоа ти е тоа.. повеке срека во првенството.
 
Да... Се надевам дека нема да испаднеме... :toe:

Ваљда ќе му дојде памет на Лотито да купи некое засилување за наредна сезона, почнувајќи од голманската позиција.
 
Нема Шанси Лацио да испадне шо ви е вас. инче ајде 0-2 против Џенова на гости, Пандев 14-ти гол во лигата. супер, уште еден да постигне и ќе му се исполни желбата.
 
Нема Шанси Лацио да испадне шо ви е вас. инче ајде 0-2 против Џенова на гости, Пандев 14-ти гол во лигата. супер, уште еден да постигне и ќе му се исполни желбата.
ima
ima uste natprevar ipol pred nego ,se nadevamm na brojkata od 15
pozdrav i stiskam palci
 
браво за пандев....закон е типацот
мислам дека и другата сезона треба да остане во лацио
 
Браво бе Пандев стигна до 14ка, 7 стрелец у Италија па кај го има ова веднаш зад Ибрахимович е. И повторно бравооооооо
 
Најверојатно Пандев останува,Бехрами заминува во Севиља.Се шпекулира Дарио Срна дека ќе дојде место Бехрами.Наместо Делио Роси,голема е веројатноста Зико од Фенербахче да биде новиот менаџер.
 
Најверојатно Пандев останува,Бехрами заминува во Севиља.Се шпекулира Дарио Срна дека ќе дојде место Бехрами.Наместо Делио Роси,голема е веројатноста Зико од Фенербахче да биде новиот менаџер.
Па супер ќе биде вака ако е како што кажуваш, Срна ќе биде одлична замена за Бехрами
 
Читав во Македонски Спорт денес дека 70% од играчите сакаат да си одат. Најверојатно е заминувањето на Бехрами во Севиља. А, Пандев е еден од играчите што ќе останат.

А, ако е точно ова за Зико, ќе има изгледа Бразилска колонија...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom