Фан Клуб: Лацио

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleee
  • Време на започнување Време на започнување
И време беше да се сложиме за нешто :vozbud:
Немав слушнато дека е на позајмица, ама сепак е лудост во ваков момент да го дадат. Ако се покаже во вистинско светло во Јувентус, нека не го чекаат да се врати.

Честитки за победата против Фиорентина!
Лацио почна со финансиската криза поради тоа што Крањоти переше пари преку клубот,значи малку време пред да заврши тој во затвор поради малверзации го купија Мендиета за огромни тешки милиони.Тука почнаа долговите на Лацио зошто неможеа да го исплатат неговиот трансфер од Валенсија,а нормално дека ќе немаат плата и за останатите тогашни звезди во тимот од типот на Клаудио Лопез,Поборски,Фиоре,Џаникеда итн да не набројувам кои беа страв и трепет на терен.Почна продажбата на играчи,па клубот никако не можеше да се поврати од долговите,подигнаа позајмица од банка,сакаа да се префрлат на друг стадион,клубот го презеде Лотито кој што мора под ултиматум на фановите да донесе по 1 звезда секоја сезона или пак да не продаде ниеден миленик на клубот.
Клубот има некоја строга политика,барем јас колку што разбрав да ги чува тие играчи што сакаат да играат за Лацио,значи тоа не е до бордот на директори,туку под притисок на навивачите(Curva Nord)да не речам фашистичките навивачи коишто и не ми се толку омилени,и другата главна група на фанови Ирубичили коишто се против продавањето на нивните миленици како што е моментално Пандев.Значи под тој т.н.притисок на фановите(Навивачите од северот) го донесоа Ди Канио којшто нормално за 1 сезона колку што играше во Лацио им стана омилен на таа навивачка група поради испадите.

Примерот со Стендардо е таков што сакал да замине човекот,го пуштиле,се карал со Лотито и Роси,тој веќе не се враќа.Паметно изиграле,ја руши рамнотежата во тимот.
Денес мислам дека потпишале со Осман Дабо од Манчестер Сити,своевремено го напушти тимот поради долговите,значи не по своја желба.Клубот се враќа полека-полека на нозе и веднаш си ги враќа своите играчи,нормално не сите,ама се гради тим за респект како што беше до пред неколку години.Новост е и Романецот Раду кој вчера се покажа како сосема солидна замена за Стендардо во одбраната.

Новост се и Роландо Бјанки и уште еден млад напаѓач од Јужна Америка за жал не го запамтив името.
Мислам дека доколку се комплетираат трансферите на Закардо и Барзаљи би се завршило голема работа.
 
Денес мислам дека потпишале со Осман Дабо од Манчестер Сити,своевремено го напушти тимот поради долговите,значи не по своја желба.Клубот се враќа полека-полека на нозе и веднаш си ги враќа своите играчи,нормално не сите,ама се гради тим за респект како што беше до пред неколку години.Новост е и Романецот Раду кој вчера се покажа како сосема солидна замена за Стендардо во одбраната.

Новост се и Роландо Бјанки и уште еден млад напаѓач од Јужна Америка за жал не го запамтив името.
Мислам дека доколку се комплетираат трансферите на Закардо и Барзаљи би се завршило голема работа.

ОК, само мора да се сложиш дека сите овие имиња што ги наброја не значат ништо посебно, односно се играчи на нивото на оние кои Лацио веќе ги има. Така да, најмногу што може да постигне Лацио со вакви засилувања, под услов да ја консолидира екипата, е од идната година да биде зад водечките 4 екипи во првенството. За враќање на старите патеки (ако се мисли со тоа на екипа од форматот на онаа која го освои калчото),потребно е прво излегување од долговите, а после и нови големи инвестиции и вложувања. Мислам дека ќе поминат многу години додека Лацио пак не создаде таков тим.
 
Пројдоа долговите има пари за трансфери Лотито ама се прае на мутаф.
Пишуваше во новина за тоа што била политиката.Демек нема пари,а ваму се купуваат играчи што се доста скапи барем според долговите,Бјанки Закардо и Барзаљи богами не се ефтини,а ветени се дека ќе ги купат.
Тоа што викаш дека ќе биде позади главната четворка нема да се сложам од причина што лани 3 то место завршија од пола сезона партали правеа и тоа со скоро истиот тим без голманот.Како и да е тргнаа работиве нанапред гледам напредок...
 
1. Барзаљи - тешко да дојди во лацио
2. Не ја споредвај ланската сезона. Да не почнеја Милан и Фиорентина од -100 и Палермо да не паднеше на кондиција ... Онај лацио ќе сонваше за 3то место. Освоивте 3то место - браво ама сега се гледа вредноста на тоа 3то место.
 
Проблем е и тоа што минатата година Делио Роси го извади максимумот од екипата а максимумот не се вади секоја година (доказ за тоа е оваа година). Значи мора редовно да се земаат засилувања, да се менува тимот, да се освежува... За да биде секоја година кандидат за први 4 места мора многу подобар тим да се направи.

Се сложувам дека мрднаа од нула, па и време беше. Сепак Лацио не е ни толку слаб за да биде во долниот дел од табелата, а и предходно прокоцкаа многу бодови. Сигурно дека ќе бидат уште подобри ама Лацио од минатата година нема да го видиме до крајот на сезонава. Од идната се надевам ќе бидат многу подобри.
 
Управата на Лацио реши да го одврзе ќесето а :)
Сеа читам го зеле и Rozenhal од Њукасал, заинтересирани се за Canini, од Каљари, Obodo од Удинезе а сакаат да го вратат и Dabo, и Макинва на позајмица е заминат во Реџина.
 
Дабо веќе се врати, уште да нашле некој голман и сигурно не испаѓаат :)
 
Лелееее тој Розенхал колку е слаааааб... страшно. :nesvest:
 
Абе Балота ЅВЕР е ќе ги тера до крај на сезона, минатово коло беше прогласен за голман на колото, си растрал дедото :)

пс. Што направија со голманот од Аргентина, нели требаше да пристигне зимава ?
 
Карицо од Ривер да пристигне уште летоска, ама изгледа неможат да докажат дека дедо му бил емигрант од Италија за да му дадат пасош:toe:
Како да мораше баш него да го купуваат. Ај нема везе,гледам и Муслера влага во форма,ќе има проблеми Балота за прв голман:uvo:
 
1. Барзаљи - тешко да дојди во лацио
2. Не ја споредвај ланската сезона. Да не почнеја Милан и Фиорентина од -100 и Палермо да не паднеше на кондиција ... Онај лацио ќе сонваше за 3то место. Освоивте 3то место - браво ама сега се гледа вредноста на тоа 3то место.
Да не ја споредувам ланската сезона зошто бевте во втора лига?
1.Милан беше во минус да,ама затоа го пуштија да игра во ЛШ и да ја освои,што не требаше да се деси ако беа фер работиве во Италијансково првенство.
2.Палермо ако не си знаел доби еден пораз многу квалитетен на домашен терен од 3:0 против Лацио,ретко кој така убаво го млати Палермо дома.
3.Со Интер лани на 2 пати изгубија и алал да им е најдобри беа како и годинава.
4.Со Рома победа за Лацио 3:0 и нерешено условно на гости.
5.На Фиорентина никој не и е крив што дозволи последните неколку кола да изгуби битни утакмици.

И пак нешто ќе ми зинеш за лани????
Пак ќе ти нагласам,гледај си го јуве твој остави ми го мојот Лацио на раат,ја не сум почнал да зборам против твоите гледаш колку сум мирно настроен.
 
Име ќе го освојувате купот сеа или ќе им го пуштите, слушам со Интер сте паднале :zlo:
 
Ја очекувам многу тесни 2 утакмици сигурно нема да биде ко во лигата Интер нема да игра со прва постава а и ќе бидат преокупирани претпоставувам со ЛШ.Од друга страна по изјавите на Лотито дека преку купот ќе се брка влез во Европа и фактот дека формата на Лацио оди се надевам во нагорна линија би требало да ги зголеми шансите за влез во финале.А таму ако се влезе лутиот ривал Рома.Како во старите добри времиња :)
 
Iiiiiiii Lacio konecno da pobedi protiv Sampdorija 2:1 Strelci na golovite:Mauri i Tomaso Rochi a za sampdorija Casano
 
Лацио, тимот на нашиот Горан Пандев, наскоро ќе добие нов стадион. “Лацијалите” не се задоволни од сегашниот Олимпико пред се поради тоа што е далеку од Рим, а и е преголем за потребите на “сините”. На оваа идеја за добивање на нов стадион согласност дал и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
Мора да направиме нов стадион затоа што е тешко да се игра на Олимпико, кој претставува еден вид 'катедрала среде пустина'“, рече Лотито.
Стадионот ќе го носи името “Стаде Деле Акуиле” би бил со капацитет од 40.000 седишта и 8.000 паркинг места, а би требало да биде готов кон 2010 или 2011 година.
lacio_nov_stadion1.jpg

lacio_nov_stadion2.jpg

извор:Idividi.com.mk
дали е ова причината што Лацио не е многу активен на трансфер пазарот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom