Milanez`
Tutta lα miα vitα...
- Член од
- 6 август 2007
- Мислења
- 14.603
- Поени од реакции
- 5.608
- Возраст
- 34
ФИГЦ ќе ги казни навивачите на Лацио
Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) почна истрага против прволигашот Лацио заради расистичките навреди на навивачите на овој тим кон фудбалерот на Фиорентина, Адријан Муту. На меѓусебниот натпревар на двете екипи што се играше во саботата на Олимпико во Рим, тифозите на Лацио го нарекуваа Романецот "циган" и го исвиркуваа при секој негов контакт со топката. Особено беше на удар откако влезе во конфликт со фудбалерот на домашниот тим Кристијан Ледесма.
Целиот проблем со Муту, всушност, е резултат на омразата на навивачите на Лацио кон романскиот народ. Причина за тоа се големите инциденти што се случија пред и по натпреварите меѓу италијанскиот тим и Динамо Букурешт во квалификациите од Лигата на шампионите, како и убиството на римјанката Џована Реџани неодамна извршено од еден романски државјанин. И додека настапуваше во Челзи, Муту беше цел на навивачите на Лацио откако пред неколку години имаше близок контакт со Синиша Михајловиќ, кој тогаш беше дел од италијанскиот тим.
Казната од Фудбалската федерација на Италија, најверојатно, ќе биде празнење на делот од трибината каде се наоѓаат најверните навивачи на Лацио за дуелот со Парма на 25 ноември.