Нашиот најдобар фудбалер, како во летниот преоден рок така и сега е во фокусот на вниманието на голем број европски фудбалски гиганти. Со прикажаната игра минатата сезона, но и со феноменалниот почеток на годинешнава сезона Горан Пандев стана еден од најпосакуваните фудбалери. Баерн, Зенит, Ливерпул, Фиорентина, Арсенал, Реал (М), Глазгов Ренџерс се дел од тимовите кои пројавија интерес за услигите на "Гранде Пандев". Последнниот интерес за нашиот репрезентативец доаѓа од клуб од Островот, и тоа од никој друг туку од Челзи на Роман Абрамовиќ.
Според пишувањата на тамошните медиуми, тренерот на лондонските "сини", Филипе Сколари, како опција за квалитетна замена за Дрогба гледа токму во Горан Пандев. Сепак, оваа информација експресно беше демантирана од менаџерот на нашиот играч, Карло Палавичино, кој изјави дека во моментов нема никакви контакти на релација Лацио - Челзи за ангажирање на Пандев.
Освен нашиот репрезентативец, Сколари "фрлил" око на уште двајца квалитетни напаѓачи од светска класа. Адриано од Интер и Вагнер Лав од московска ЦСКА се играчите кои се поврзуваат со Челзи.
Сепак, желбата на раковотството и тренерот на е секогаш иста со онаа на навивачите. Деновиве на многу интернет спортски портали на кои е објавена веста дека има интерес од Челзи за Пандев се јавија и најверните фанови на лондонските "сини". Навивачите на Челзи посакуваат токму нашиот најдобар фудбалер да биде засилувањето за Челзи. Има и такви кои "гласале" за Адриано и Вагнер Лав, но, сепак, поголемиот дел од оние кои оставиле коментар на страниците, како најдобра варијанта за нападот на нивниот тим го спомнуваат нашиот репрезентативец. "Пандев е фудбалер од светска класа, одличен напаѓач и офанзивец, тој му е потребен на Челзи", "Пандев е подобар од Адриано и Вагнер Лав", се само дел од коментарите и желбите на најверните навивачи на Челзи. Сепак, останува да се види дали нивната желба ќе биде исполета, ако се знае дека ниту Лацио не сака толку лесно да се откаже од нивниот најдобар фудбалер во моментов, и дали Челзи ќе ја добие трката со другите европски фудбалски гиганти.