Луда утакмица скроз. Уште една минута фалеше и ке имавме 2 бода помалку. Најбитно од се беше дека од старт тргнаа да победат и успешно ја постигнаа целта.
Околу головите права одлука е и за дватта да се поништат. Вториот беше лабав фаул, али удар во лице не може да пројде колку и да не изгледаше силен ударот. Али сепак се изгуби судијата во неколку ситуации.
Прво со дибекот Гати требаше жолт да му даде зошто сепак не беше тоа за црвен.
Два очигледни корнери на Јувентус не им ги свирна, сепак тоа е шанса од прекин и се многу опасни од нафрлени топли.
Последно, ситуацијата со Киеза беше пенал според мене зошто со раце скроз го застана, али ваљда знаат што прават околу пеналите.
Сепак ова беше Верона, ќе видиме следното коло колку се сериозни со Фиорентина.