- Алекс Сандро може да биде мојот наследник. Вистина е, неговиот стил на игра е многу сличен на мојот и ако продолжи вака тој сигурно ќе биде мојот наследник. Набрзо ќе се уверите во неговите квалитети, тој е одличен фудбалер кој постојано следи што се случува на теренот. Го гледав неколку пати играјќи за Бразил и Порто, тој е модерен лев бек кој подеднаков добро напаѓа како што се брани. Во Бразил го споредуваат со мене и морам да кажам дека се сложувам со тоа. Тој единствено не шутира како мене, но тоа е така бидејќи само неколку фудбалери во историјата имале удар каков што имав јас. Од друга страна пак, мислам дека Сандро има далеку подобар центаршут од она што јас го правев пред десетина години, - изјавил Роберто Карлос.