Луѓе не се потресувајте околу случкава со Видал, нема шанси да си замине од клубот од неколку причини...
1) Конте - Сигурно не би се сложил да остане во клубот ако му го продадат најдобриот играч. Антонио јавно кажа дека сака да прави посилен Јувентус, и по преговорите со него, сите излегоа среќни и задоволни од муабетот што си го направиле (Марота, Патричи, Ањели и самиот Конте). Така да ова е многу битен фактор за понатамошниот дел од трансфер периодот.
2) Марота и компанија - Веќе неколку пати потенцираа по медиумите и јавноста дека најдобрите играчи во тимот, Видал и Погба не се на продажба. Доказот за тоа е што лесно го одбија Перез и неговите милиони што ги нудеше за него. Фактот што Реал можеа во билокој момент да дадат повеќе пари за Артуро, одколку Манчестер кажува се. Сега нема логика најдобриот играч да го даваме во тимот што ќе понуди помалце пари...
Хинт: Беа одбиени и Сити со нивните милиони
3) Англиските Медиуми - Аххх, виновникот заради што се крена цела прашина околу случајов. Како што пишав страница поназад, нив работа им е само да привлечат повеќе читатели, и не бираат начин како да го направат тоа. Фактот што цело време бомбардираат со "веродостојни информации", додека во Италија никој ништо не спомнува за овој случај кажува се. И додека најрелевантните медиуми во Италија слободно ги отфрлија овие шпекулации, Англиските продолжија со своите патеки. Се разбира, тука мора да ги споменеме и твитовите на некои си анонимуси кои дополнително фрлаат кал врз шпекулациите. Многу нелогичности, многу глупости напишано. Ќе дадам еден пример, кој нажалост ќе морам да го употребам Јунајтед во моментов (несакам да ги налутам фановите). И додека Англиските медиуми пишуваа последниве денови како тоа Ди Мариа веќе тропа на вратата од Олд Трафорд, Ди Марцио дури пред шест дена објави дека ПСЖ се приклучува во трката играчот, и се благи фаворити за неговиот потпис, пред се заради буџетот со кој располагаат. Еве денес можеме да заклучиме дека Ди Мариа (иако не е официјализиран трасверот) е поблиску до Парискиот клуб. Истата работа беше со Крос, со Џиџи итн да не набројувам.
4) Самиот Видал - Популарно за него овие два дена е даденото интервју за Чилеанскиот весник. И нема ништо тука спорно за тоа што го кажал за весникот, но фановите на Јунајтед се осврнаа на неговата последна реченица која гласеше
"I'm very calm, but anyone would love to play for one of the biggest clubs in the world"... И стварно што очекувавте да каже човекот додека е на одмор со фамилијата?

Доволен факт е тоа што во интервјуто рече дека не обрнувал многу внимание на трачевите, но пред што и да се деси, ќе
МОРА прво да се врати во Италија, и да разговара со челниците на клубот. Се додека не му дадат АМИН на Артуро, тој неможе ништо да направи во врска со ова. А и моја лична претпоставка е дека Ањели, Марота и Конте ќе го пикнат во едно собче, и се фино и убаво ќе му кажат како сметаат на него во иднина

. Барем ова трио од кога е заедно, секогаш ги држи конците во тимот.... резултатите се видливи
5) Лигата на Шампионите - Можеби ова е еден и од клучните фактори, зошто Видал би останал кај нас, барем уште една сезона. Можеби Манчестер го имаат моментално буџетот, и можат да дозволат да го платат Видал... но сепак неиграњето во Лигата на Шампионите е голем минус за тимот... а е и одлична прилика за Конте и компанија да го задржат Видал во Јувентус. Сите знаеме колку е тешко некој играч да убедиш да дојде кај тебе, а ти да не играш во ЛШ.... така беше и со Јувентус, Ливерпул, Милан, Интер, па ставете го тука и А. Мадрид и Б. Дортмунд кои благодарение на евтините трасвери и играчите од својата школа направија тимови достојни да се натпреваруваат со фудбалските гиганти...
6) Буџетот на тимот - Па и нема што тука многу да се објаснува, можеби некои ќе речат дека Марота постојано вика како тимот сеуште е во минус, но сепак тој е тродупло намален од кога дојде Бепе на чело на тимот... така да ако предходните сезони не ги продаваше играчите за да го зголеми буџетот, не гледам ни причина зошто оваа сезона би била исклучок. Јувентус финансиски најдобро се држи од сите Италијански тимови... точно е можеби не држи чекор со останатите Европски тимови кога станува збор за буџетот, но сепак зад клубот стојат прави луѓе кои засега рака на срце добро си ја вршат работата.
Тоа е тоа, дечки
