Само едно знам. Конте ке среди се.
Она што може да се среди, можеби ќе го среди. Но, Конте, ланската сезона, а и во Бари се покажа како тренер кој не проштева лесно, доказ за тоа е и случајот со Пол Погба. Мора да има авторитет, цврста рака, и да биде попустлив само за хитни и оправдани случаи. Можеби Кваљарела не заслужуваше да биде изваден од игра, но мора да ја почитува одлуката на тренерот БЕЗ ПОГОВОР! Многу играчи далеку поквалитетни од Кваљарела седеа на клупа и кај Капело, и кај Липи, па не се збунија ниту еднаш, а не пак овој.
1. Да бидиме реални, далеку беше подобар од Вучко.
2. Не знајме шо рекол. Има некоја официјална информација? За пцуење сумљам дека ќе се криеше зад јакната.
3. Ако опцул, ќе видиме уште на следниот меч. Мислам дека Конте ќе го регулира инцидентов.
1.Не е важно дали бил или не бил подобар од Вучко. Тоа е најмалку битно во случајов, туку битно е тоа што се изглупира, а со тоа го уништува реномето како на тренерот, така и на клубот. Кога премина од Наполи во Јуве, доста беше критикуван од челниците на Наполи за недисциплина и неодговорност.
2. Точно е дека не се знае што рекол (тој и Алесио најдобро знаат),а Конте има избор, ќе му верува или на Алесио својот помошник или на Кваљарела (не е тешко да се погоди, а плус тоа Алесио нема никаква потреба да лаже). Ептен е очигледно на снимката дека ја покрива устата за да не се види што точно му кажува на Алесио.Баш ако пцуе ќе ја покрија устата. А сигурно не ја покрил устата за да му се заблагодари за довербата што ја добил да игра ваков натпревар од првата минута.
3. Ако опцул, се знае која е регулацијата. Тренинг со у-17, и во Јануари продажба надвор од Италија. Ако се противи, ќе си седи на трибини уште 4 години, и ќе заврши како Амаури. Ако го опцул Алесио, исто како да го опцул Конте, и исто како да плукнал врз амблемот на Јуве.