Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
^Формациите се супер ама кој ќе го седни Асамоа на клупа за да играме 4-3-3 формација? Човекот ни е најдобар играч сезонава, или во другата формација Маркизио не треба да игра. Ќе видиме каква ќе биди играта по враќањето на Конте и се надевам на Љоренте во јануари, очајно ни треба убиец во шеснаесетник.

Хрватите пишат Конте се интересирал за Јелавиќ, не е како Љоренте, ама многу подобар од овие што ги имаме на располагање сега. линк
 
во верзијата со 4231 побрзо би го седнал Џовинко отколку Маркизио. Јес да знај да дрибла ама безидеен е Џовинкото.
 
Imalo incidenti vo Tirana , napadnati bile navivacite na Inter od strana na navivacite na Juve . Navivacite na Inter viknale policija , pa imalo pak tepacka megu fanovite na Juve i Policijata...

58878_376030382480374_1992963095_n.jpg
 
^Формациите се супер ама кој ќе го седни Асамоа на клупа за да играме 4-3-3 формација? Човекот ни е најдобар играч сезонава, или во другата формација Маркизио не треба да игра. Ќе видиме каква ќе биди играта по враќањето на Конте и се надевам на Љоренте во јануари, очајно ни треба убиец во шеснаесетник.

Хрватите пишат Конте се интересирал за Јелавиќ, не е како Љоренте, ама многу подобар од овие што ги имаме на располагање сега. линк
Во тим како Јуве, во тим кој сака да се натпреварува за највисок дострел, не треба да има разлика меѓу првотимци и замени, или разликата треба да биде во мали нијанси. Инаку, се сложувам дека на овој Јуве очајно му е потребен напаѓач од висока класа. Тоа е она што му фали на тимов за да биде комплетен.

Инаку, Чиро Ферара е пред отказ во Сампдорија. Му се повторува историјата од Јувентус. Блескав старт, катастрофа завршница.
 
имам мислење дека не е тешко да ги победиш првите утакмици отколку следните неколку.
За првите утакмици доволно е да се извади рандом успешна тактика и да с напрај некоја победа (можи да читате како нешто повеќе од почетничка среќа)
уметноста е да се задржи успешноста или пак да се смисли нешто за брзо да се излези од криза.
Гидолин неколку меча со ред губеше кога отиде во удине, арно ама си најде чаре и сега е еден од најпочитуваните тренери во италија.
Страма исто, Конте исто.

А Чиро, од старт се испуква и кога ќе го прочитаат тргнува возот низ брдо. Очигледно е дека се бара многу поголема активност во денешниот фудбал.
 
Абе за да успее тренер во клуб, треба малце и коцките да му се наредат, инаку колку и да е добар ќе пропадне.

Кога се ангажираше Чиро, и Конте се поврзуваше со Јуве. Конте ќе завршеше исто како што заврши и Чиро во Јуве тоа време. Тогаш проблемот беше од друго место (Управата). Се фрлаа огромни суми за играчи, се трошеше безпотребно, а и немаше никаков ефект од трошењето.Фудбалот е тимска игра, а тогашната Управа сметаше дека ако фрли 25 милиони за играч тогаш сигурно стануваме шампиони. Што ли ќе беше наместо да се дадеа 50 милиони за Диего/Мело, тие пари да ги имаа летово за топ напаѓач? Сигурно е дека немаше реализацијата на средниот ред да биде трипати поголема од тој на нападот, и од 10 шута да постигнуваат 1 гол.

А Конте, очигледно е дека учи на грешките на своите поранешни соиграчи. Па кога се поврзуваше пред 2 години со клупата на Јуве, изјави дека животен сон му е да го тренира Јувентус, но тоа ќе го направи само под свои услови, на кои услови Управата му излезе во пресрет. За разлика од тоа, Чиро во Јуве не ги доби посакуваните засилувања, Секо и Блан си ангажираа играчи без негово одобрување и епилогот беше јасен. Затоа и протестите на навивачите во Торино најчесто не беа против играчите, туку против Управата.
 
Сега мојме да чекаме и да видиме дали Конте научил нешто од овој пораз.
Се гледат дека со 3-5-2 против напаѓачи кои вкрстуваат неможиме, се виде и против Шахтијор то, ама имавме среќа шо не изгубивме.
 
Доживеавме да го видиме Јуве 49 утакмици без пораз,нешто што ни миланезите ни интерашите го немаат доживеано,уште поголем е овој успех ако се знае дека Конте презема тим кој завршуваше двапати 7 место,и кога лани сите ни се смееја дека пак ќе завршиме 7 место,у фаца плескање освојување скудето без пораз... чекаа година и пол да не реметат
tumblr_mcyr5bLjOq1rg2jyqo1_500.png

и да ,уште сме прво место:D
 
Јас сум за оваа формација, 4-2-3-1, неам Фифа за да ја испробам, ама ептен е добра:D
Буфон​
Лихт-Барза-Бонучи-Келини​
Видал-Пирло(Погба)​
(Исла)Вучинич-Маркисио-Асамоа​
..Нека си одберат еден од(Џио-Ква-Матри-Бентен)​
 
................................Буфон.........................
Лихт...........Барза..............Бонучи.........Келини
Пепе.....Маркисио...Пирло....Видал.....Асамоа
.............................Вучинич...............................

4-5-1
Никад нема гол да дадеме, ама нема ни да примиме :pos:
 
^ Или 4-1-2-2-1
Буфон​
Лихт-Барза-Бонучи-Киело​
Пирло​
Маркисио--------------- Видал​
Пепе-------------------------------- Асамоа​
Вучинич​

--- надополнето: 4 ноември 2012 во 20:14 ---
thumb.php

Денеска се вратија на тренинг.
 
Сепак, Чиро си ја зачува позицијата тренер на Сампдорија. Претседателот на Самп изјави дека ниту во еден момент не помислил да го отпушти Чиро.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom