Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Јувентус без Дел Пиеро е како, Мерцедес без значка! (Едноставно Јуве беше препознатлив по него, првото нешто што ме асоцираше на Јуве беше Алекс!) :( Фала ти за се!
 
Momeнтално сум :):((n)(y):unsure::)
Фала ти за се овие години, за сите радосни моменти.Уживај вечерва :)
553470_10150780364676227_326971266226_9999794_1026759333_n.jpg


Околу 400.000 луѓе излегле на прославата во Торино!!!За споредба, Торино е околу милион жители :cuc:
628x471.jpg
628x471.jpg
628x471.jpg
628x471.jpg
628x471.jpg
628x471.jpg
 
Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora.
Како може некој да не го сака овој ЧОВЕК.Алесандро Дел Пиеро....Неговиот гол против Интер од сезоната 98/99.Откако ударот од пенал му го одбрани Паљука по одбиената топка Але успеа да ја среди во мрежата на Интер,беше причината зошто денеска урлав ко да нема утре у Њу Јорк кафичот,ми течеа солзи и ми беше претешко,неможев да се соземам,иако нели славевме титула..Да не беше тој гол,тој момент јас можеби и намеаше да навивам за Јувентус,но судбината одреди така .Ради Дел Пиеро го засакав клубот.Ради него се имам радувано најмногу во животот.Неможам да заборавам кога ги тешеше соиграчите во горчливото финале 2003.Каков само пример за сите генерации како треба да се однесува еден спортист.Неговиот Гол против Реал во 2003,година и 2008 сите 3,Против Интер 2006,против Лацио 2012, Против Удинезе 2002 за Скудетото во последното Коло и уште многу многу други моменти на кои што сум бил најсреќното дете на светот.:place:морници ме лазат.Стана светски Првак со Италија и одма после 2 месеци играше натпревар против Римини на гости во серија Б.Колку само беше болно и тажно како и за целиот клуб така и за самиот Але да се знае тоа дека човекот во тоа време можеше да игра за кој клуб посака но тој рече Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora,и остана во Јуве за да го врати во серија а и после 6 сезона да го подигне трофејот како вистински господин.Иако знам дека не постои навивач на Јувентус што сака да замине Але но најверојатно ова е се што можеше да го направи за нас.Си заминува како победник издржа Серија Б.Издржа да им грее клупа на Диего и Амаури се додека на уравата и стана јасно што прави.Како и да е цела книга да се напише за животот и делото на Дел Пиеро е малку.Јас сум навистина среќен што барем на внуците ќе им раскажувам за Дел Пиеро и за тоа како било во неговото време додека играл најдобриот играч на овој клуб.

JuventusAlessandroDelPieroreactsduringtheSerieAsoccermatchagainstACMilanattheSanSirostadiuminMilanMay152010_.jpg


Un Capitano..C'E' SOLO UN CAPITANO...Un Capitanooooo C'e' solo un Capitano...:place::place::place:
Премногу Тажен ден.
 
Здраво,мило ми е што постигна гол денес Дел Пиеро,на последниот меч за Јуве.Дали ќе го тргате бројот 10 или нема информации за тоа ? По мое би требало:)
 
Здраво,мило ми е што постигна гол денес Дел Пиеро,на последниот меч за Јуве.Дали ќе го тргате бројот 10 или нема информации за тоа ? По мое би требало:)
Буфон ке ја земи 10, рече нема да дозволи никој друг да ја носи :)
 
Се распплакав денес ради Дел Пиеро како најголемо pussy.Али што да праам појако од мене е,пораснав со легендава не ми е баш сеедно.:(
Grazie Capitano…Come te nessuno mai!!!:place:

Педер!И мене ме расплака упм...видеово е 340 секунди емоции .... :place:
 
Јувентус се тим кој е учен на освојување на трофеи и сега Конте е Бог за навивачите на Јувентус. Но, по неколку години понапред, она на кое ќе му замеруваат е односот спрема легендата на Јувентус. Е тоа е нешто за кое тие не се научени. Третманот на клубот, врз ваква легенда. Икона. Маестро. Ел Капитан. Јас сум среќен шо пораснав со неговите мајстории, голови, дриблинзи... Потајно признавам дека првиот тим за кој сум навивал е Јувентус. Кога ќе најдам, низ дома тетратки каде на средниот лист сум пишувал Јувентус, најдобар клуб на светот, сигурно би ми се смееле. Но....

Не пишам ништо повеќе, уживајте во видеото, видео кое трае 2 минути, но има толку многу емоции ! Дури и јас, ги почуствував. Секоја чест, Маестро, секоја ти чест !

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=-kB6ViGwqyk
 
Колку и да го рмазам Јувентус како клуб...колку и голови да му има дадено на Интер сепак премногу ми е криво за фудбалскиот велемајстор што реши да си замине од Јувентус и да ја напушти сериа А...ќе ми фалат неговите мајстории во дресот на Јувентус..ќе ми фали неговата харизма неговите маестрални голови од слободен ...еден беше Дел Пјеро и ќе остани

повеќе од фудбалер,повеќе од човек:cuc::cuc::cuc:

Del+Piero+(1).jpg


Grande Alex
 
Уште може да си порачате звезда на стадионот ако сакате, имало слободни места.Ама тоа ке ве чини 175 или 350 евра во зависност од тоа дали сакате златна или од платинум :eek: повелете линк
 

Последниов гол го направи во свој стил, никогаш го немав видено топка да шутне со сета сила, секогаш го правеше тоа на еден посебен начин, топката секогаш се движеше бавно кон голот, но секогаш завршуваше во мрежата, голманите си знаеа што мака имаа од Дел Пиеро ( Посебно Касиљас :vozbud: ), еден од ретките фудбалери кои играа со памет на терен, да застане, да види како се поставени неговите играчи, и додека го правеше тоа, противничките играчи изгледаа како мали деца околу него, секогаш се трудеа да му ја одземат топката, но неуспешно. Можеби не е еден од најдобрите фудбалери во светот ( Сите кои ќе ги прашаш ќе ти кажат, К.Роналдо, Меси, Роналдо Бразилецот, Пеле, Марадона... итн ) но овој човек стана пример како се сака клуб и во најтешките моменти, и неговото однесување на терен и надвор од терените,ВИСТИНСКА ЛЕГЕНДА. Џабе ги споредуваш Марадона и Пеле кога гледаш секој втор ден си ги вадат очите кој бил подобар, или К.Роналдо нарцисот или останатите сега да не ги набројувам.Вијали пред некое време изјави:"Сосема е легитимен чекорот на Јуве да размислува за иднината без Дел Пиеро. Можеби неговото присуство ги плаши другите напаѓачи, тие не може да се чувствуваат опуштено и да го даваат својот максимум. Кога знаеш колку важен човек седи на клупата, едноставно не можеш да ја преземеш целосна одговорност и притоа да не го дадеш најдоброто, тоа е притисок.“Можеби некои ќе се сложат со него, можеби не... но едно е сигурно,,,


ВАКВА ЛЕГЕНДА ЈУВЕНТУС ЌЕ НЕМА ВО БЛИСКА ИДНИНА!!! ( Плачев додека го пишував текстот :place: )
 
Обавезно да се гледа , лудница.
Ова ко ја и брат ми коа гледаме Милан-Јуве исти сме хаха.Иначе овој на милан спомна нешто ночерино 10 гола дал ако сака и 30 нека даде нема да биде никад боље од Пирло!
 
attachment.php


Толку... Не знам што друго да кажам, уште сум во шок.. Би додал само ова. Те сакам Дел Пиеро! Поради тебе загледав фудбал, поради тебе го засакав тимов, секогаш си бил пример за човек, не само за фудбалер туку за човек! Не само на мене туку на сите! Уште од сега ми излагаат слики од денот кога ќе се вратиш во овој тим! Сите ние нетрпеливо ќе го чекаме тој ден, но сите ние знаеме дека ќе дојде! Фала ти за се!

Grande Alex, uno di noi, сега и секогаш!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom