Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
За Красич нема да коментирам неговите настапи си кажуваат се...нo Елиа навистина добро се покажува но слабо добива шанса...мислам дека дадовме солидна сума пари за него а воопшто не го искористуваме...вчера можеше да игра барем при крајот на натпреварот...секако дека сите навиваме за Јуве и што и да се деси а еве претходните години се случуваа триста заврзлами глупости па пак останавме верни до крај...Џакерини против Удинезе чувствувам дека ќе блесне :D
И самиот Конте рече, никој нема загарантирано место во првите 11... и тоа е добро.
 
Пак Таљавенто, или пенал или црвен за нас, колку ''случајности'' има во лигава, страшно.
 
Нека земе Ањели да се исплаче пред мечот за судењето како дедо Морати па можеби ќе му запали неговата тактика.
 
Нека земе Ањели да се исплаче пред мечот за судењето како дедо Морати па можеби ќе му запали неговата тактика.
Треба дарба и за питачење. Не си можи со овај.
 
Нека земе Ањели да се исплаче пред мечот за судењето како дедо Морати па можеби ќе му запали неговата тактика.
Хах, џабе е тоа, после тужбата од Ањели за 444 милиони ние праведно судење не добиваме, не сакам да бидам песимист ама сето ова што се случува со судииве е доста сумљиво, капак на се имаат досудено 4-5 пенала на последните 6 меча за Милан од кој 3 се чиста глума (n)
 
прилично тешко гостување на Фриули.....се надевам овојпат Конте ќе оди на нерешено,а со малку среќа и да се извлечат 3те бода.....многу е битно да не се изгуби на овој годинава навистина жежок терен !
 
Ма штом на Сан Паоло извлековме бод со никаква игра, не се секирам :D Стварно бе, језда не сме ко Рома со толку среќа у гз, али сепак не се предадовме...
 
Уметник, џентлмен и легенда
%D0%B4%D0%B5%D0%BB%20%D0%BF%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%BE1.jpg
Un vero cavaliere non lascia mai una signora. Вистински господин никогаш не напушта една дама. Иако уште тогаш беше на добар пат да стане еден од најобожаваните играчи на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро засекогаш ја „купи“ наклонетоста на навивачите токму со оваа изјава и со останувањето со „Старата Дама“ во моментите на најголемата криза на славниот клуб од Торино. Кога Јувентус, поради скандалот со местење натпревари, од европската елита падна во Серија Б, Дел Пиеро ја докажа својата човечка големина и морална одговорност кон клубот и кон навивачите кои беа со него во изминатите 15-тина години.
Зад Дел Пиеро има доволно големи натпревари, титули, голови и успеси, така што никој не може да му го одземе статусот на еден од најдобрите фудбалери во изминативе 20 години. Самиот врв? Не, тој никогаш не припаѓаше на самиот врв, Златните топки и најпрестижните титули воглавно припаѓаа на други играчи. Најдобрите меѓу најдобрите, како Зинедин Зидан, никогаш не се џокери од клупата или први на редот за измени, како што често беше Дел Пиеро кај Капело.
Но, фудбалската историја, како и љубителите на фудбалот, ќе го паметат Алесандро Дел Пиеро како легенда, не само за Јувентус или само за италијанскиот фудбал. И добитниците на Златни топки, како Веа, Замер, Ривалдо, Овен, Недвед или Канаваро, кај многумина ќе останат во сенка на Дел Пиеро, без оглед на тоа што Алекс можеби никогаш во кариерата немал толку добра сезона како овие играчи во годините кога ги освојувале тие награди.
%D0%B4%D0%B5%D0%BB%20%D0%BF%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%BE%202.jpg
Сепак, постојат причини, навидум субјективни, поради кои некои играчи ја освојуваат почитта на публиката повеќе од други, можеби на хартија еднакво ефикасни. Постојат причини зошто гледачите на два фудбалски театри, Сантијаго Бернабеу и Олд Трафорд, со овации го испратија Дел Пиеро од стадионот.
Поентата е во тоа што ги сакаме специјалните играчи. Оние кои фудбалот го гледаат малку поинаку, кои имаат дарба да направат нешто неочекувано, кои потезите од светска класа можат постојано да ги повторуваат. А кога поради еден играч еден дел од теренот добие посебно име, „Зона Дел Пиеро“, тогаш знаете дека тој играч својот адут навистина знаел често да го повторува.
Секој од нас има „свои“ играчи, оние поради кои малку повеќе го сакаме фудбалот. Мој играч беше тој италијански генијалец, иако ни италијанскиот фудбал, ниту пак Јувентус никогаш не ми биле посебно драги. Но, по легендарниот гол против Фиорентина, преку сите „суви листови“ кои ги сместуваше во противничките мрежи во (предвремениот) врв на неговата кариера, па сѐ до прекрасните голови кои ги постигнува последниве години, кога на големо се зборува за негово „пензионирање“. Дел Пиеро беше фудбалер чии натпревари би ги гледал дури и ако противниците или натпреварот не ме интересираат.
Следното лето, по 18 години, Дел Пиеро ќе го соблече дресот на Јуве, откако во клубот процениле дека со 37 години на грбот веќе не може да ги прати повторно високите амбиции на Старата Дама. Алекс нема да ги обеси копачките на клин, што е добра вест за љубителите на фудбалот, особено во САД, Јапонија или каде и да се одлучи да ја продолжи кариерата. Но, каде и да биде, ќе означи крај на една ера.
Во денешниот фудбал, лишен од било какви емоции и сентименталност, каде клубовите, играчите и навивачите се сѐ поодалечени, вистинска реткост се луѓе како Гигс и Дел Пиеро кои успеаја да ги срушат рекордите по бројот на настапи во најголемите клубови во светот. Дел Пиеро во Торино ги сруши повеќето рекорди, меѓу кои двата најголеми – има најмногу настапи и најмногу погодоци за Јувентус на сите времиња.
%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BF%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%BE3.jpg
Во својата голема кариера, Дел Пиеро со Јувентус и Италија освои практично сѐ, вклучително и Лигата на Шампиони и Светското Првенство 2006 година. Со Италија има настапувано на седум големи првенства (тој е втор Италијанец на кој му успеало тоа), а со својот погодок на Јуве му ја донесе и титулата за Светски Клупски Шампион.
Како започна сѐ? Во дворот, со пријателите Нелс и Пјерпаоло. Откако започна посериозно да тренира фудбал во Падова, Дел Пиеро со 18 години пристигна во Јувентус, а останатото е – историја. Откако својот првенец го заби уште при вториот настап, првиот старт го искористи за хет-трик против Парма. Споменатиот гол против Фиорентина, кој го насочи Јувентус кон шампионската титула, уште тогаш му осигура огромна популарност меѓу навивачите, а на крилата на големите очекувања Јувентус одлучи „клучевите“ да му ги одземе на „Златната опашка“ Роберто Баџо и да му ги довери на младиот Дел Пиеро.
Следуваше период на сјајни голови и игри кои го поттикнаа Џани Ањели да го нарече Дел Пиеро „Il Pinturicchio“, според познатиот ренесансен сликар. Меѓу бројните сјајни удари на Дел Пиеро, се памети и неговата пета во финалето од Лигата на Шампиони против Дортмунд, иако не беше доволна за Јувентис да ја одбрани титулата шампион на Европа.
И покрај малку разочарувачкото Светско Првенство во 1998 година, фудбалскиот свет допрва го очекуваше најдоброто од Дел Пиеро. Но, по тешката повреда на коленото во ноември 1998 година, Алекс повеќе не беше никогаш истиот. Знаењето, техниката, играчката интелигенција и идејата останаа, но повеќе ја немаше таа брзина и моќ со кои Дел Пиеро би имал право да цели кон статусот најдобар играч на светот. Со 24 години, Дел Пиеро веќе го имаше одиграно својот најдобар фудбал.
%D0%B4%D0%B5%D0%BB%20%D0%BF%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%BE%204.jpg
Но, Дел Пиеро и понатаму си остана светска класа. Иако поради својата разноврсност можеше да игра на различни позиции во офанзивниот дел на тимот и иако беше сметан за класичен италијански „trequartista“, Дел Пиеро е еден од најдобрите „втори напаѓачи“ во последните 20 години, рамо до рамо со уште еден брилијантен фудбалер, Денис Бергкамп. И двајцата постигнале премногу голови и играле многу натпревари премногу истурено за да ги споредуваме со класични „десетки“, како Зинедин Зидан, Михаел Лаудруп или Георге Хаџи, а сепак, премногу учествувале во играта и асистирале, за да можеме да ги водиме како класични напаѓачи.
Со долгото играње на највисокото ниво, Дел Пиеро се здоби со респектот на целиот фудбалски свет и пред одлуката во 2006 година да стане второлигаш заедно со својот клуб. Тогаш слободно можеше да каже „имам дадено многу за Јувентус, а за моето заминување обвинете ги оние кои го доведоа клубот во таква ситуација, не можам своите последни врвни фудбалски години да ги поминам далеку од големата сцена“, и никој не би го обвинил.
Но, неслучајно еден Фабио Канаваро за Дел Пиеро рекол: „Според мене, тој е најдобриот човек кој сум го сретнал во овој спорт“. Алекс остана со Јувентус, одигра значајна улога во враќањето на клубот во Серија А, а наредната сезона успеа да стане и најдобар стрелец во лигата – прв пат во кариерата.
Дека навистина не е „готов“, Дел Пиеро докажа во наредната Лига на Шампиони каде повторно се покажа како отров за големиот Реал. На двата натпревари Јуве славеше два пати, а Дел Пиеро заби три гола потсетувајќи нѐ на своите најдобри денови. Аплаузот од преполниот Бернабеу кажа сѐ: Мадриѓаните не се поклонуваат често, но кога ќе го сторат тоа, знаат добро да изберат – Марадона, Роналдињо... Дел Пиеро.
Популарноста во Италија му се зголеми и пораи активноста и надвор од теренот – поради добрата смисла за хумор често гостуваше во различни забавни емисии, а како финансиски, така и на други начини, даваше силен допринос во истражувањата во борбата против ракот. Поради интересот за другите спортови, стана омилен и меѓу спортистите надвор од фудбалот, а својата креативна црта ја покажа во музичката индустрија. Во приватниот живот никогаш немал проблеми ни скандали – од 1999 година е во врска со сегашната сопруга Соња Аморусо, со која има три деца.
Кога следното лето ќе ја повлече линијата и ќе одбере некоја помирна лига за „последниот спринт“, Дел Пиеро ќе има со што да се гордее.
Постоеле и поголеми и подобри играчи од него. И поталентирани кои оствариле помалку, и помалку талентирани кои оствариле повеќе.
Но, Алесандро Дел Пиеро со својата игра, однесувањето, потезите и кариерата без ниедна дамка, заслужи статус на фудбалска легенда за време на своето активно играње.
Тоа им поаѓа од нога само на неколкумина, на оние кои со шармот на својата игра ги освојуваат навивачите од целиот свет. А мислам дека тоа е најголемиот комплимент за еден фудбалер, повеќе од било каква златна топка или копачка...
%D0%B4%D0%B5%D0%BB%20%D0%BF%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%BE%205.jpg
Me трогна текстов ...
 
Абе дечки не сфаќате дека Удинезе на домашен терен има победи против Новара, Лече и остали пацови ? Па само со Наполи им беше јака утакмица односно со екипа од повисока позиција на првенствената табела .. Ништо посебно не се Удинезе освен треба да се обрне внимание на Ди Натале и мислам дека треба Киелини да се врати на центар бек а да не биде Бонучи бидејќи Бонучи ја усра со Наполи и му дозволи на Пандев да даде 2 гола ...
--- надополнето: 20 декември 2011 во 16:52 ---
Ми се сере од вакви шпекулации ...
 
Кваљарела: Ако на еден Дел Пиеро не му смета тоа што влегува на терен во последните пет минути зошто тогаш тоа да ми смета на мене !!!
 
Pozvani igrači:
1 Buffon
3 Chiellini
5 Pazienza
7 Pepe
8 Marchisio
10 Del Piero
11 De Ceglie
13 Manninger
15 Barzagli
17 Elia
18 Quagliarella
19 Bonucci
20 Toni
21 Pirlo
22 Vidal
24 Giaccherini
26 Lichtsteiner
27 Krasic
28 Estigarribia
30 Storari
32 Matri
34 Marrone
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom