Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Се испосра за сите пари Џунтоли на крајов...
 
img_20240817_121938_033-jpg.113607


:icon_lol:
 
Па реално Мирети не изигра баш ништо лани.Не знам зашо би останал.
 
Мирети не заслужуа ни втора постава му ебем тоа глупата дамбо фаца.

Некое инфо Коп и Нико? Курац,а?
 
добро бе која беда сме за Калулу се посравме ебате циганот за ѓубреџија не го бива уз дужно поштовање за КХС...
 
Вака сеуште е слаба средината, само Турам се истакнува... Со Фаџоли, Луиз и да се надеваме Копмајнерс на терен не би требало да не доминираат вакви тимови.

Браво за Мбангула (y)
 
Немаше ни О од офсајд колку шо можев да видимПрегледај го приврзокот 426858
Офсајд досудија од Камбијасо, пола минута пред голот, дресот од рамото му го фатија со офсајд линијата.

Комо се кома, али одма се глеа кај нас побрза некоја игра, може уште побрзо да иде, веројатно кога ќе се навикнат на формацијата. Мора и понесебично на моменти... Има доста за растење, али ко за почеток не е лошо.

Турам добро моторче.
 
Играта ме бендиса, пристапот кон натпреварот исто така, ме бендиса тоа што просекот на годините на играчите на теренот денеска беше 24.5 години, што значи дека трасиран е патот кон градење на цврста основа на нов шампионски тим. Ме бендиса тоа што скоро секој играч на теренот точно си ја знаеше улогата и функционираше во склоп на тимот, нешто што доста недостигаше кога тренер беше госпожа Сања Алегро...Не дека Комо е којзнае колкав репер и противник против кој би излегле на виделина и недостатоците, но мислам дека на добар пат сме, да не се подрекуваме...
 
ОК знаеме дека играа против Комо, ама убаво е чуството да знаеш и да си сигурен дека и покрај водството нема да ја усерат утакмицата како прошлите 3 сезони под Глобил, каде и под водство знаеја да паднат после 60та минута, и противниците да ни вртат резултати.
Ми се свиѓаше како комбинираа Мбангула и Кабал, кога и да ја имаше еден од нив топката, другиот секогаш се отвараше и трчаше напред. Влаховиќ да беше поприсебен, немаше да им бега покер или петарда на Комо. Јилдиз одличен, Камбиасо такоџе, за Турам немам зборови, младинците одиграа ептен зрело

Сеуште е рано, али ми се свиѓа оваа игра, разлика небо и земја со онаа на Глобил... очекувам со тек на време да ја награбат и усовршат тактикава. Следни се Верона и Рома, а во меѓувреме останува Џунтоли да го докомплетира составот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom