Ми ја вратија желбата за фудбал нека си еба матер. Вака се немав нервирано и радувано многу време.
Бернардески е играчиште ама
мора повеќе да се осмелува на теренот, повеќе да трча (паднат е малку физички), повеќе да дрибла и пред се' почесто да се бори за ситуација да даде завршен пас или шут. Му фали дрскост, се надевам дека од Роналдо нешто ќе научи.
Пјаниќ денеска

можеби не направи ништо особено, ама буквално секаде го имаше на теренот. На секој му нудеше опција за пас, се отвараше за да започне акција, помагаше во одбрана, гризеше во секој поглед. Неговата физичка подготвеност ќе ни значи најмногу за понатамошната фаза од ЛШ.
Кин иако промаши и нему му симнувам капа. Одличен е дечкото, на неполни 19 години покажува голем потенцијал. Да поработи на техниката малку мислам дека ќе биде добар напаѓач, иако таквите како него се во опаѓање.
Што да кажам за Роналдо, мислам дека се е кажано. Играта со глава му е вонсериска во секој поглед. Ваква доминација во воздухот ретко се гледа.
И најважно од се, да не летаме. Ова е само доказ дека тимот има голем потенцијал, а тренерот на клупата по 8 изминати месеци не може да најде добитна комбинација и го ограчинува тимот. Атлетико не е ни 20% од она што може да се сретне во 1/4 финале. Еден перформанс сличен на оној во Мадрид против Сити на пример и ќе се посрамотиме за навек.