Тоа и јас се чудам, повеќето тука како да не беа спремни дека ќе си идат Пирло и Тевез, ако не оваа сезона, тогаш наредната 100%.
Мене само Видал ме изненади со заминувањето од клубот, ама што кур да правиме, неможат со сила да го држат во екипата, тој предвреме се договори со Баерн.
Пишав и во Серија А, ќе пишам и тука... ова е смена на генерации, и потребно е сезона-две за да се навикнат фудбалерите на новиот тим. Единствено нешто добро е што го правиме ова на време, а не како Милан и Интер во 5 до 12. Главните играчи од одбраната и делумно средината се сеуште тука, но мора да се помирите дека секоја година ќе си оди по некој играч од онаа генерација на Конте (2011/2012).
Остајте го Марота и Ањели да си ја вршат задачата, верувам во нив, дека тие се виновниците што го дигнаа клубот повторно на европско ниво.