Се во ред ама ова важи доколку другите работи ни беа на место. Ние имаме дупка на левата страна каде што игра еден играч и тоа на неприродна позиција и рака на срце имаме дупка во нападот. Или барем ќе имаме летото. Само Тевез и Љоренте ќе останат. Најмалку ни треба да се засилуваме таму каде што сме најдобри. Сепак јас ова го велам затоа што имам друг впечаток за квалитетите на Гуарин. Според мене и не е толку добар како што е според повеќето.
Извини вака што те цитирам друже @Mondonico ама нешто ме дупи Мозилава/Компјутеров.... Сакав да ти пишувам реферати, ама гледам дека двата поста погоре на Моџо и Мамбата се јасни... ти го кажаа вицот зошто ни е потребен Гуарин
Прв Болд: Добро де, ако го купивме Гуарин, незначи дека ќе запреме тука, изгледа сега до крај на сезонава ќе тераме со 3-5-2 формација, па од лето на подготовките Конте ќе испробува нови формации, и тогаш ќе стане јасно што засилувања ќе донесе Марота.
Втор (црвен) Болд: Чекај имаме уште 10 дена од трансвер периодот, сигурно Конте (а богами и Тролот) нема да не остават на 4 напаѓачи. После ова вчера што одекна како бомба во Италија од нигде и никаде, богами очекувам се од Марота
Трет Болд : Прочитај ги уште еднаш постовите на Моџо и Мамбата
Четврти (Син) Болд : Чекај бе, прво нека дојде човекот кај нас, чим Конте го бараше долго време значи знае што ќе прави со него. Реално во Интер... во таа скапана екипа им чинат само Ханда, Гуарин, Паласио и Ковачиќ. Зошто Гуарин...? Кажав ора на терен, башка и тоа што таму игра/ше со цепаници, не го прави тоа послаб фудбалер. Да можеби шутираше од пола терен преку стадион, и себичеше, ама што да прави човекот кога сите таму се статични.
Еве ти два примери, Пелусо кога во одбрана ги има Келини/Бонучи/Барѕаљи игра како Малдини во најдобри денови, или пак Матри... видовме колку е важно што играчи имаш во тимот, во Милан беше труп на труповите, немаше никаква хармонија во играта, и сега кога се префрли во Фиорентина, тим што негуваат напаѓачки фудбал, се виде огромна разлика.
Тоа и ми е фората бе човек, замисли го Гуарин сега во Јувентус со кого ќе игра во средината... Со Видал, Маркизио, Пирло, Погба, Азамоа, Лихтштајнер... Очекувам да се препороди играчот
П.С. Јебига, пак пишав реферат
