Не е 1 натпревар во прашање, дали воопшто знаеш како функционираат украинците ? Гледај кои пари ги зимаат за свои играчи, по толку и даваат, муабетот ми е дека можат да се носат со било кој од Италија и воопшто, у Европа. Поентата ми беше дека клубовите од источна европа се у подем, во пакет со првенствата а во Италија има Дигресија, факт потврден со уефа ранкингот, не е ова од тепка лупнато, надоле идат, тонат.
Не е инаку под украинското паднато незнам тоа кај го укапира ама во моментов имаат таква дигресија да прашање на време е кога ќе бидат поминати од Франција на уефа ранкингот и од Португалија а тоа знаеш што значи, така ? У наредни 5 ( минимум ) и повеќе години 3 екипи во ЛШ, овие работи дека не ги следевте па не бевте свесни на времето дека германското е у таков подем да со огромни чекори ќе ги помине жабарите на долгорочен план.
На Јуве стадионот никогаш не може да организира финале во ЛШ зашто не ги исполнува условите за тоа, а е нов стадион, на Меаца сум бил не си свесен каква конзерва е, Олимпико е добар, ама толку, добар, све се тоа стари стадиони немодернизирани освен тој на Јуве, но со мал капацитет.
Донењцк Арена е граден за последното Европско, по светски стандарди, убер модерен е и да, подобар е од било кој стадион моментално во Италија со оглед дека е граден по моментални стандарди и може да организира финале во ЛШ за разлика на пример од Јувентус Арена која може да организира финалиња само во Лига Европа, а Олимпико и Меаца се градени у минатиот век и не трепеле некои драстични промени у задњи неколку години. Така да смешен воопшто не сум, туку реален, која корист ја би ја имал од тоа што викам дека во Украина има подобри стадиони од Италија ? Таа е реалноста.
Италија треба да се нафати да организира ЕП или СП, ама ги изгубија кандидатурите за ЕП од Франција, поради мизеријата од услови за фудбал ( а СП 2018 во Русија ќе се игра ) каде дополнилно тимовите ќе им имаат ветер у грб зашто ќе градат стадиони и ќе ги модернизираат моменталните, све тоа со помош на државата, а у Италија се игра на монтажни трибини ( Каљари ), не се у тек со времето они, мислат ова сеуште е 20ти век и затоа у ЛШ ќе имаат исто претставници ко и екипи од Источна Европа што е срамота за вакво првенство. Ама што може да се очекува од држава која функционира по теркот на балканските земји, со коруптивни скандали и финансиски малверзации.