Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Море мислам дека Вучко е каде каде подобра опција од Џовинко.

Во моментов се клучните преговори меѓу Јуве и Торино за Огбона. Се шпекулира сумата 10 мил. + половината од Имобиле која се проценува околу 4 милиони, а вчера Торино ги откупи другите 50 % од Имобиле од Џенова, така да Имобиле најверојатно ќе биде целосно играч на Торино.

Се сложувам дека Вучко е боље опција но пишав така под претпоставка дека ќе дојде Јоветиќ,ако не дојде Вучиниќ останува,не верувам дека би сакал да грее клупа а може и да мрчи како Исла и да ја наруши атмосферата.. треба да се има баланс во тимот па затоа Џовинко би го оставил. Со оглед на тоа дека е земен пред година дена и тоа за не толку мала сума,башка можби и една од причините е што се смета за домашен играч,како и Де Чеље,за во ЛШ мислам дека треба да се има 4 домашни играчи пријавено..

Сепак нема вистина во тоа дека Волфсбург дека ги барале а како што стоја работите,можно е и двајцата да останат.. него за Матри и Ква ква слабо нешто заинтересираност од клубовите,дали ради платата не знам.

Според Газета Џак можно е да биде продаден во Сандерленд.

Giak non si tocca!!!

П.С
Спиди:love:
c42a486a55c0af1793aedcfa3d5ff301-30088-1367782100.jpeg

оваа сезона идеме на
u-s-32.jpg
 
Вистинита е изјавата, ама најверојатно ја имаш прочитано со изваден контекст :) Видал изјави дека секој играч би се чувствувал горд што клуб како Реал Мадрид се интересира за него.

А за договорот, сабајлево имаше шпекулации дека Видал и Маркизио добиле нови договори, и поради тоа изјави дека нема потпишано летово нов договор.

А на кутриот Андреа Дела Вале, Претседателов на Фиорентина, не му излегоа математиките, па на крајот почна да дава изјави како тоа сега било времето да се видело дали Јуве имаат пари или не да искешираат за Јоветич, зошто ќе го продадат на друг клуб. Слободно. Ако имаше друг клуб што даваше толку пари за Јоветич, одамна ќе го имаа продадено.

Ама мора да се свати и кловнов. Можеше да го изгуби Гомез, па на крајот кондураџијата лупна 20 милиони од џеб за него, па сега ако не најде некој да го продаде Јоветич за 30 милиони, ќе му падни во вода целиот негов „амбициозен“ план, и повторно ќе се случи реприза од пред некоја година кога даде 50 мил. во еден трансфер рок, па после 5 години купуваше семки и сончоглед од Падова,Лече и Сасуло. За на крајот штетата да му ја натовари на поранешниот спортски директор Панталео Корвињо,го избрка од клубот, демек тој виновен за слабите резултати.

Да не дојди 31 Август, и да се исполнат зборовите на Марота, дека на крајот може и безпари да го дадат :)

Наравоучение: И Атлетико Билбао, едно време му бараа на Јуве 40м за Љоренте. И добија.

Рамадани:
jzaz9h.jpg

морам да те исправам,со ова за семките си у право али не 5 него 1 година купивме,кој беше Михајловиќ тренер,и тоа играчи на барање на Корвино (шо го браниш) ;)
а за Јо-Јо муабетиве не ти држат вода (батали тоа шо изјавуе љубов кон вас) пошто мангупов на сликава шо ти е,го игра како сака,и него не го интересира кај ќе иде Јо-Јо,него трансфер да напрае летово и да упика некој милион у џеп.Ако не е така тогаш шо му требаше да иде у Мадрид или да закажуе состанок до Сити утре,нели?
 
Се сложувам дека Вучко е боље опција но пишав така под претпоставка дека ќе дојде Јоветиќ,ако не дојде Вучиниќ останува,не верувам дека би сакал да грее клупа а може и да мрчи како Исла и да ја наруши атмосферата.. треба да се има баланс во тимот па затоа Џовинко би го оставил. Со оглед на тоа дека е земен пред година дена и тоа за не толку мала сума,башка можби и една од причините е што се смета за домашен играч,како и Де Чеље,за во ЛШ мислам дека треба да се има 4 домашни играчи пријавено..

Сепак нема вистина во тоа дека Волфсбург дека ги барале а како што стоја работите,можно е и двајцата да останат.. него за Матри и Ква ква слабо нешто заинтересираност од клубовите,дали ради платата не знам.

Според Газета Џак можно е да биде продаден во Сандерленд.

Giak non si tocca!!!
Jaс мислам дека баш поради тоа дека е земен пред една година и тоа не за мала сума побрзо да се продаде, се дури држи цена. Џовинко не успеа да се наметне со моменталниов напад, а камоли сега кога дојдоа Тевез и Љоренте, така да сметам дека подобро да се продаде дури може да се извлече повисока сума.
 
Абе какви продавања на Џакерини и Вучиниќ...?
Па и самите знаете дека Конте нема да го дозволи тоа, замислете еден од најдобрите играчи на Конфедерациите да оди во Сандерленд за 8 до 10 милиони? Ма нема шанси, и самиот Конте кажа дека му треба таков џокер играч во тимот, вистински работник... Марота ќе го јаде со се јајца ако се случи тоа... едино може да замине ако играчот сака да игра стандардно во прв тим, тогаш нема што да му замеруваме, фала што направил до сега, среќен пат и успешна кариера.
А што се однесува до мрзата... па добро де, не научивте дека :pipi: Вучиниќ <3 Конте :pipi:

Мистерот знае што сака во новава сезона, поголем фонт на играчи во тимот, што мислите зошто не ги продава дрвана Ештон (With all due respect), Пелусо, Падоин...? Дека ќе послужат за куп натпревари, и евентуално за екипи како Сасуло, Киево, Верона и останатите падобранци од екипи.Овој трансвер период очекувајте само во нападот промени, друго се ќе си остане исто, или пак ќе се надополни евентуално.
 
Абе какви продавања на Џакерини и Вучиниќ...?
Па и самите знаете дека Конте нема да го дозволи тоа, замислете еден од најдобрите играчи на Конфедерациите да оди во Сандерленд за 8 до 10 милиони? Ма нема шанси, и самиот Конте кажа дека му треба таков џокер играч во тимот, вистински работник... Марота ќе го јаде со се јајца ако се случи тоа... едино може да замине ако играчот сака да игра стандардно во прв тим, тогаш нема што да му замеруваме, фала што направил до сега, среќен пат и успешна кариера.
А што се однесува до мрзата... па добро де, не научивте дека Вучиниќ <3 Конте :pipi:

Работата е што може Џакерини да сака да си оди, бидејќи реално нема да му се зголеми минутажата оваа сезона. А и разбирам дека Џак имаше одлични настапи на КК, ама не смее да се заборави дека не е младинец туку веќе 28 години. Покрај тоа тој игра добро во Јуве некогаш, ама да не заборавиме дека знае да одигра и катастрофално, бидејќи реално фудбалските способности не му се некоја силна страна. Не знам за вас, но јас повеќе на ваквите играчи (како Џак, Вучко, Џовинко) повеќе ги паметам лошите настапи, отколку добрите :icon_lol:. Така на Џакерини треба да му се оддаде признание за добрата игра за Италија летото, но да не се претерува бидејќи во Јуве имаше и не така блескави натпревари.
 
Емилиано Морети од Џенова се пресели во Торино, Ди Марцио вели дека вечерва Огбона ќе го помине првиот дел од медицинските тестови, додека утре ќе биде претставен како играч на Јувентус.
Она што ме загрижува е што и Марцио ја потврди веста за Џакерини, значи не била кромид информацијата... штета :(
 
Ама Ди Марцио рече дека и зборот на Конте ќе биде последен кога се работи за Џак. Така да ако Конте смета дека Џак ќе му биде од корист тогаш нема да се продава.
 
Мислам дека Џак треба да се продаде, само под услов цената да е 10 милиони, колку што се шпекулира. Колку и да е корисен, сепак никогаш нема да биде класа играч, тоа е факт. Друга работа е што сезонава играше многу помалку од минатата, во ЛШ нема ни едно полувреме изиграно кога ке се соберат минутите. Сакам да имаме јака клупа, ама за играч што игра симболични минути сепак е тешко да се одбијат 10 милиони.
 
Ама проблемот е ако се продаде Џакерини, кој ќе дојде на негово место да го замени? Сега за сега не се спомнува ниту едно име од средината. Јас дефинитивно не сум за продавање на човекот, какви 10 милиони, нека си ги пикнат во газ тие пари, сакам да имаме јака клупа, можеби не е класа играч, ама дава 103,5% на теренот, после Маркизио и Видал, тој најмногу трча на тревата (се разбира кога ќе му се даде шанса), значи 90 минути напред-назад. ОГРОМНА ШТЕТА ќе биде ако го продадеме, едноставно не ја гледам причината за да го шитнеме, не зема ниту 1 милион плата. До вчера сакаа нов договор да му дадат, а денес ќе го праќаат во Сандерленд
 
30 годишен играч, што ќе бара над 1.5 - 2 милиони плата, а + дечкото природна позиција му е SS. Џакерини кај и да го ставиш, го вади максимумот од себе, немаме таков играч кој може да игра на повеќе позиции во тимот, LWB, CMF, AMF, SMF, SS
 
Џакерини не е 30 годишен ама 28 е,башка изгледа ништо не научивте од еден Пирло на пример. А за тоа дека вадел максимум,нека ми дај мене Марота четрврт од платата на Џакерини и јас ќе вадам и поќе од максимум на било која позиција,ама то не значи дека некогаш ќе биди класа од мене.
Играчи ко Џакерини Де Чеље Пелусо Вучинич Матри Џовинко Исла за права цена не би се мислел два пати да ги продам,фала им на се шо сториле ама Јувентус не е тимот кај шо ќе го покажат полниот квалитет шо го имат и секогаш ќе има некој поквалитетен од нив за горе долу исти пари на трансвер пазарот
 
Ама проблемот е ако се продаде Џакерини, кој ќе дојде на негово место да го замени? Сега за сега не се спомнува ниту едно име од средината. Јас дефинитивно не сум за продавање на човекот, какви 10 милиони, нека си ги пикнат во газ тие пари, сакам да имаме јака клупа, можеби не е класа играч, ама дава 103,5% на теренот, после Маркизио и Видал, тој најмногу трча на тревата (се разбира кога ќе му се даде шанса), значи 90 минути напред-назад. ОГРОМНА ШТЕТА ќе биде ако го продадеме, едноставно не ја гледам причината за да го шитнеме, не зема ниту 1 милион плата. До вчера сакаа нов договор да му дадат, а денес ќе го праќаат во Сандерленд

За 10 милиони ке се најде играч, а верувај и подобар од него.
А и да не се најде, немој да мислиш дека некоја си голема дупка отвара неговиот трансфер. Играч од клупа е Џак, играч за ротација. Со исклучок на 5-6 натпревари минатата сезона, другото што го играше беше дали на крај што ке влезе за да освежи некој или пак тие последните 3-4 натпревари што ги играше кога веке беше решена титулата. За да видиш некој играч колку е важен за тимот, погледни ги важните натпревари. Џак против подобрите тимови играше само против Фиорентина позначајни минути, другото се е против Џенова, Пескара и слични. Милан, Интер, Наполи, не стапнал на терен. ЛШ вкупни ни 45 минути во 10 натпревари. Тоа доволно кажува.
А полека и другите играчи му го фатија местото. Во средина, Погба е прва замена, а лево Пелусо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom