Бенднер според она што го има постигнато досега реално не е за напаѓач во Јувентус Ама реално, гледано според постигнатото не е ниту Џовинко! Официјалните статистики на двајцата играчи докажуваат дека ја започнале професионалната кариера 2005/2006, а таа говори и дека Бенднер има постигнато повеќе гола од Џовинко.Не дека го бранам ангажманот на Бенднер,ама и Џовинко според тоа не заслужува да биде дел од Јувентус, а уште повеќе по негативните коментари што ги даваше за Јуве и Дел Пиеро кога премина во Парма. Никој не го критикува ангажманот на Џовинко за 11 милиони евра, зошто потекнува од младинската школа од Јуве, а по Бенднер се фрлаат со дрва и со камења, кој дојде за безпари. Ова се фактите:
Џовинко - вкупно во својата кариера и за тимови и за репрезентации има 179 настапи и има постигнато 35 голови. Според оваа статистика Џовинко има постигнувано на секој 5 натпревар по 1 гол.
Бенднер - вкупно во својата кариера и за тимови и за репрезентации има 245 настапи и има постигнато 73 голови. Според оваа статистика Бенднер има постигнувано на секој 3 натпревар по 1 гол.
Според официјалните статистиките Бенднер испаѓа дека е поефикасен од Џовинко. (ЕСПН и Википедиа)
Кој ќе биде подобар во Јуве, ќе се покажи. Џовинко, на првиот натпревар изигра слабо, имаше најслаби отценки на сите релевантни медиуми, започнувајќи од Скај завршувајќи со Тутоспорт.
А Вучинич е десет класи подобар и од Бенднер и од Џовинко заедно.
Се сложувам дека не можат да се споредат класите на Бенднер и на Пирло, поентата ми беше дека кога веќе е ангажиран играчот подобро е да му се даде шанса и после да се критикува.