Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
мило ми е за Џио што конечно ќе добие шанса негде да се докажи....нека му е со среќа на младичот за кој очигледно во “новиот Јуве“ ќе нема место
 
мило ми е за Џио што конечно ќе добие шанса негде да се докажи....нека му е со среќа на младичот за кој очигледно во “новиот Јуве“ ќе нема место
не дека немаше место не сакаа да има место незнам од кој причини имаше далеку послаби играчи у прв тим плус имаше мала повреда како и да е нека се докаже во новиот тим
 
Џовинко најверојатно ќе оди во Парма како позајмен играч со можност за откупување. Ова е неповолна варијанта за Јуве затоа што треба итно да се полни трансфер буџетот!
Продавањето на Поулсен е добар потег од финансиска гледна точка со оглед на фактот што прима голема плата. Истиот муабет важи и за Каморанези.

Трансферот на Красич и на уште еден лев бек директно зависи од продавањето на овие играчи. Не е проблем само цената на играчот, тука треба да се земе во обзир и буџетот за плати на Јуве. Тој буџет моментално е искористен.
 
така,треба да се ослободуваме од некој играчи џабе земаат плата голема а ништо посебно не прават една од причините за слабите резултати лани.Освен Каморанези незнам што праат уште у тим Гросо,Григера и Салихамиџич ако е уште тука?
 
^^ Мило ми е што Џовинко ќе оди во тим каде што ќе добива поголема минутажа. Жал ми е што не напушта, но се надевам дека ќе ја најде среќата во Парма.

Од досегашната работа на управата сум задоволен. Многу подобро е што градиме ТИМ, а не група што ќе зависи од еден поединец. Плус тоа колку помалку ѕвезди толку повеќе работници на теренот кои ќе бидат спремни да дадат максимум од себе во 90 минути. Дел Нери сака да изгради тим што ќе биде агресивен и ќе игра физички фудбал со многу трчање. Одчично е што во средината имаме тркачи кои постојано се движат напред назад и помагаат и во одбрана и во напад. Според мене откритие на сезоната и наше најголемо засилување ќе биде Диего. Од тоа што го гледам до сега на подготовките оваа позиција е создадена за него, не се враќа на средина да прими топка и со тоа ја чува силата само за офанзивни задачи. Одлично прoигрува, постојано влегува во шанси за гол и што е најбитно се движи блиску до голот така што може да го искористи одличниот шут.

Мислам дека после очајната сезона сите не отпишаа оваа година и не сметаат за треторазреден тим, но јас сум сигурен дека гадно грешат и дека момците ќе го докажат тоа. Сепак ние сме ЈУВЕ, најтрофејниот тим во Италија и вториот најдобар тим за изминатиот век зад Реал. Можеби немаме ѕвезди, но чувствувам дека се создава одличен тим т.е. се враќаме на старите препознатливи карактеристики.
 
не дека немаше место не сакаа да има место незнам од кој причини имаше далеку послаби играчи у прв тим плус имаше мала повреда како и да е нека се докаже во новиот тим
Џовинко не успеа да се наметне кај Раниери,Ферара и Закерони,а и Дел Нери очигледно дека не смета на неговите услуги, и подобро за него е да ја промени средината.Неговата вредност ќе се покаже во Парма каде најверојатно ќе има поголема минутажа.
Џовинко најверојатно ќе оди во Парма како позајмен играч со можност за откупување. Ова е неповолна варијанта за Јуве затоа што треба итно да се полни трансфер буџетот!
Продавањето на Поулсен е добар потег од финансиска гледна точка со оглед на фактот што прима голема плата. Истиот муабет важи и за Каморанези.

Трансферот на Красич и на уште еден лев бек директно зависи од продавањето на овие играчи. Не е проблем само цената на играчот, тука треба да се земе во обзир и буџетот за плати на Јуве. Тој буџет моментално е искористен.
Марота и на почетокот на трансфер рокот изјави дека нема во план да го продаде Џовинко,туку изјави дека сака да го прати во тим каде ќе има повеќе првотимски статус за да може да процени подобро кои се неговите квалитети,а за тоа постои позајмицата.Можеби затоа не премина во Бари кој нудеа 3.5 мил за 50% од договорот на Џовинко,токму поради фактот Јуве да не го изгуби Џовинко.Трансферот на Красич е обезбеден и не зависи од тоа дали Јуве ќе соберат 15 милиони евра од продажба на играчи,само треба да се намали бројот на играчи во Јувентус, зошто Јуве во моментов е тим кој поседува најголем состав по број на играчи во Сериа А,и затоа Марота прифати да го продаде Поулсен за двојно помалку пари од што беше купен.
 
Трансферот на Красич е обезбеден и не зависи од тоа дали Јуве ќе соберат 15 милиони евра од продажба на играчи,само треба да се намали бројот на играчи во Јувентус, зошто Јуве во моментов е тим кој поседува најголем состав по број на играчи во Сериа А,и затоа Марота прифати да го продаде Поулсен за двојно помалку пари од што беше купен.

Токму тоа сакав да кажам. Буџетот за плати моментално е преоптеретен и нема простор за нови трошоци. Мораме да се ослободиме од сите паразити кои не цицаат. :)

p.s. Сега освен Јуве, и Парма ќе ми бидат интересни за гледање :)
 
Момци ќе одам малце офтопик од случувањава: дали некој од вас планира да оди на некој натпревар на Јуве сезонава (особено Јуве-Интер). Доколку има некој што веќе го гледал Јуве дали може да пише како оди процедурата за купување на карти, колку кошта отприлика една таква авантура?? Може да пишете тука, а може и на ПП да не билдаме безпотреба. Фала однапред:salut:
 
И Болоља:) Екдалчо наш ќе игра таму па да го пратиме(гледаме):),мада не требаше да го пратиме ,топ ќе ни дојдеше како организатор на играта.
 
Агентот на Поулсен денеска е во Ливерпул за да ги договори личните услови на Поулсен со Англискиот тим.Тренерот на Ливерпул за Мирор изјавил дека Поулсен би било одлично засилување за Англискиот тим.А Каморанези е се поблиску до Бирмингем.линк

И Тутоспорт пишува дека Џовинко вчера се согласил да премине во Парма,и уште утре може да почне да тренира со Парма.линк

Адебајор изјави дека не може да ги свати плановите на Манчестер Сити,и изјави дека престижен клуб како Јувентус е одлична дестинација каде би можел да ја продолжи кариерата. линк
 
среќа што нема пари за Адебајор,а и не знам дали се вклопува со новото правило на 1 странец.....
 
Момци ќе одам малце офтопик од случувањава: дали некој од вас планира да оди на некој натпревар на Јуве сезонава (особено Јуве-Интер). Доколку има некој што веќе го гледал Јуве дали може да пише како оди процедурата за купување на карти, колку кошта отприлика една таква авантура?? Може да пишете тука, а може и на ПП да не билдаме безпотреба. Фала однапред:salut:
zosto bespotrebno neka pise tuka sekoj saka da znae,veruvam i ima zelba da ja gledaaa taa utakmica
p.s ima pari za adebaior vrede nekade okolu 17 milioni ako mozese za dzeko da se prate ponuda od 30 miliona kako moze da nema za krasic 15 miliona i adebaior 17 miliona sega ne znam kolku tocno mu e cenata na adebaior,treba uste ednen lev-bek ako mzoe da se najde za pomalku pari neznam briz(koj go molea da igrae za anglija ama ne igraese bidejki ne sakase da go gleda fzon teri bidejki mu ja izeba zenskata)kolku pari e ako ne mislam deka ako saka da dojde drente bi bilo super i za malku pari
 
Според гол.ком Јувентус (читај Марота) одлучил писхички да ги малтретира цела сезона сите оние кои не сакаат да заминат од клубот. Наводно Марота се заканил дека оние што треба да заминат а не сакаат, цела сезона ке ја проследат од Јужна:).
Поулсен до пред некој ден цмиздреше дека сака да остане, а денес агентот се наоѓа во Ливерпул за да го договори трансферот.
И Агентот на Каморанези потврди дека нема никаков проблем за тој да си го одработи договорот уште една година, а вчера имаше информациј дека добиле „добра“ понуда од Бирмингем.
Мy ass!

Дали е коинциденција или вистина - не ме занима. Битно да упали.
Лично преферирам вакви драконски мерки за сите оние што клубот им се гледа како доларче. На оние лигавења дека сакале да се докажат нема да им поверува ни дете со даунов синдром.

BTW, слични тактика за ваквите имаше и Моџи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom