Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Во врска со Красич, Марота веројатно оди на варијанта да плати помалку со тоа што знае дека желбата на Красич е да дојде во Јуве, па тој преку агентот би направил притисок кај ЦСКА да ја прифатат понудата на Јуве, така што ќе им навести дека ќе ги одбие сите други понуди кои ќе дојдат. (веројатно во договор со Красич за оваа варијанта, покасно би добил и повисока плата :), бар јас така би изиграл)

Ова е само логична претпоставка. Не се летајте со бројките (2 мил, 3мил...) никој не знае каков муабет се правело со ЦСКА и што точно побарале тие.
Смешно и глупо е да го испуштиме играчов за 2 милиона.

Останува да го изгледаме светсково па после доаѓаат трансфери и припреми за прелиминарна рунда за Лига Европа на крај на Јули.
Ако не се лажам да поминел Работнички кометал неколку групи можеле да ни паднат нас точно ли е тоа?
 
Ова е само логична претпоставка. Не се летајте со бројките (2 мил, 3мил...) никој не знае каков муабет се правело со ЦСКА и што точно побарале тие.
Смешно и глупо е да го испуштиме играчов за 2 милиона.
Токму така. Никој не може да претпостави како се одвивале преговорите меѓу Марота и ЦСКА, и нема никаква конкретна изјава која би потврдила дека трансферот „пропаднал“ поради тоа што Марота не сакал да даде 15 милиони. На Скај Спорт, вчера имало вест дека Марота уште на првиот ден од преговорите со ЦСКА за Красич се сложил да плати 15 милиони, но ЦСКА веднаш ја зголемила сумата на 18 милиони со изговор дека 18 милиони е сумата која ја понудиле Манчестер Сити за Красич, и веројатно ЦСКА сака да го дочека крајот на СП во Јужна Африка и да се обиде да извлече што е можно поголема сума од Красич, но во тој случај покрај тоа што Јуве ризикува да го изгуби играчот, и ЦСКА ризикува со евентуална слаба игра на Красич да му падне и моменталната вредност.

Агентот на Трезеге потврди дека Арапски тимови се интересираат за Трезеге. линк
 
моменталната вредност на Красич нема шанса да падне,солидно десно крило да купиш за 15 мил евра денес е сон.....можеби ЦСКА се надева дека некој клуб би дал повеќе,еве на пример ако Ман Сити навистина го сака во своите редови,арапите комотно би платиле и 25 мил евра без проблем
 
Красич има уште помалку од една година од договорот така да и тие 15 милиони евра се премногу ... Не е Марота Секо па да плати колку што ќе му побараат русиве (трансферот на Мело) ... наводно понудил 15 милиони па овие побарале 18 ...

Сосема добар потег е тоа што Марота ги прекина преговорите ...
 
*добро,знаеме зошто клаузулата е околу 15 мил евра,меѓутоа дали Марота има адут в рака?! мислам на друг солиден крилен играч со кој преговара во моментов?! шпекулациите за Ди Марија наеднаш престанаа кога се објави дека веќе е играч на Реал М и тоа за сума од 40 мил евра !!!! ако Марота има резервна варијанта-ок,меѓутоа мене не ми изгледа баш така,фудбалскиот пазар веќе скоро декада како има неразумни цени,пари се фрлаат ко од шала,а никој не гледа фудбалски резултати,СЕ е заплеткано во некои кредити и долгови......реално Красич вреди најмалку 15 мил евра,во оваа ситуација Јуве ќе мора да даде и 18 ако сака да ја осигура десната навална страна.....уште кога беше објавена сумата од 80 мил за трансфери летово,знаев дека нема така лесно да се купат добри играчи за пополнување на “амбарите“

браво за Ферги и спремноста да понуди 25 мил евра за Диего,мислам би се согласил да даде и 30....очигледно некој не го гледа потенцијалот на играчот во своите редови
 
Читам има нешто шпекулации за Давид Капел,топ играч ама тоа е само шпекулација,исто така ми се свиѓа Хесус Навас од Севиља,вреди да се даде за овој 15 милиони
 
Красич има уште помалку од една година од договорот така да и тие 15 милиони евра се премногу ... Не е Марота Секо па да плати колку што ќе му побараат русиве (трансферот на Мело) ... наводно понудил 15 милиони па овие побарале 18 ...

Сосема добар потег е тоа што Марота ги прекина преговорите ...
Oва не го знаев, не 15, во овој случај многу е и над 10, колку за споредба, Ето, играч кој во Примера минатата година постигна 30 голови, даде 4 во ЛШ од кои 1 во финалето и стана трет најдобар стрелец во историјата на Барса, беше проценет на 20 милиони евра бидејќи имаше една година до истек на договор.
Така да Красич во моментов реално вреди под 10, со оглед дека ретко се плаќаат реалните цени во светот на фудбалот ( скоро никогаш ), 18м, па и 15 се огромна сума во случајов и нема простор некој да негодува за евенуталното пропаѓање на преговорите.
Ова ме потсеќа на Лотито, т.е. иста е приказната, и он за Пандев бараше измеѓу 15 и 20м евра а имаше исто година до истек на договор, затоа и никој не се дрзна да испрати понуда него чекаа фино лепо договорот да му истече односно го чекаа епилогот од спорот помеѓу него и Лацио.
 
ЦСКА се надеваат дека на СП Красич ќе блесне, и ќе можат да го продадат над 18 милиони евра, Манчестер Сити наводно понудил 18 милиони, а се шпекулираше дека Фенербахче пред 3-4 дена доставил понуда вредна 17 милиони, а на Красич му понудил плата дупло поголема од онаа која му ја нудеше Јувентус, но Красич ја одбил понудата на Фенербахче бидејќи сакал да игра во Италија, поточно во Јувентус. Марота прво понудил 12.5 милиони,ЦСКА побарала 15мил. Марота се сложил да ја плати сумата од 15 мил, но ЦСКА ја зголеми на 18, по што Марота не ја прифати понудата.
 
Нормално дека нема да ја прифати.

Јувентус и Красич се договорени уште на почетокот од неделава. Тоа е прв адут на Марота, затоа што знае дека Красич веднаш ке ја одбие понудата на Сити, ако Цска ја прифати. Во таков случај Јувентус ке се откаже, а Красич ке остане уште една година во Русија, па потоа од планираните 18 нема да добијат ништо.
Згора на ова, Ањели вчера даде одлична изјава, велејќи дека Јувентус е заинтересиран за Красич, но исто така и за многу други фудбалери.
Mind games .

Марота, Паратичи и Ањели добро ја знаат својата работа. . .
 
Oва не го знаев, не 15, во овој случај многу е и над 10, колку за споредба, Ето, играч кој во Примера минатата година постигна 30 голови, даде 4 во ЛШ од кои 1 во финалето и стана трет најдобар стрелец во историјата на Барса, беше проценет на 20 милиони евра бидејќи имаше една година до истек на договор.
Така да Красич во моментов реално вреди под 10, со оглед дека ретко се плаќаат реалните цени во светот на фудбалот ( скоро никогаш ), 18м, па и 15 се огромна сума во случајов и нема простор некој да негодува за евенуталното пропаѓање на преговорите.
Ова ме потсеќа на Лотито, т.е. иста е приказната, и он за Пандев бараше измеѓу 15 и 20м евра а имаше исто година до истек на договор, затоа и никој не се дрзна да испрати понуда него чекаа фино лепо договорот да му истече односно го чекаа епилогот од спорот помеѓу него и Лацио.
да не заборавиме дека Барса беше таа што сакаше да се откаже од Ето`о,а во Ибра гледаше играч за докомплетирање на Дрим Тимот....тука лежи во разликата на цените......секако Ето`о ќе покажи уште 2-3 сезони во добро светло,но иднината е во Красич-цела декада е пред него !!! веќе се истакнува со одлични партии во ЦСКА,па така ги заинтересира поголемите клубови

--- надополнето ---

Нормално дека нема да ја прифати.

Јувентус и Красич се договорени уште на почетокот од неделава. Тоа е прв адут на Марота, затоа што знае дека Красич веднаш ке ја одбие понудата на Сити, ако Цска ја прифати. Во таков случај Јувентус ке се откаже, а Красич ке остане уште една година во Русија, па потоа од планираните 18 нема да добијат ништо.
Згора на ова, Ањели вчера даде одлична изјава, велејќи дека Јувентус е заинтересиран за Красич, но исто така и за многу други фудбалери.
Mind games .

Марота, Паратичи и Ањели добро ја знаат својата работа. . .

се надевам дека си во право,сепак парата кај што ќе заигра нема лабаво....арапите и турците се спремни да потрошат некое евро повеќе во секој момент
 
Луѓе да бидеме реални секое евро повеќе од 15 милиони е премногу за Красич, јес да е добар али не е и толку добар да не го прецениме, а особено што ова му е последна година од договорот како што кажа Ѕун и 10 мил се многу.
 
За тоа дали е добар, реално без да го прецениме може комотно да кажеме дека е во топ 10 крила во Европа. Фактот што има уште една година договор менува многу работи во однос на неговата реална цена. 100% сум сигурен дека на крај потпишува за Јуве - one way or another :wink:

Kажав и погоре, Марота е старо куче, знае што прави... Помина времето на тие што плаќаат колку што ќе им се побара. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom