Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Рафа барал целосна контрола врз тимот, а Ањели инсистирал да биде вработен и спортски директор.
Наредните 48 часа Рафа ќе има средба со новиот Претседател на Ливерпул,и до Понеделник Бенитез ќе донесе конечна одлука за тоа дали ќе остане во Ливерпул или ќе премине во Јувентус. Во Понеделник исто така е закажан состанок на акционерите на Јувентус, на кој состанок ќе се разговара стриктно за наредните чекори на клубот во поглед на техничкиот персонал,идниот тренер и назначување на Генерален Директор.
 
Ја мислам Бенитез чека да види како ќе се одвива ситуацијата со Ливерпул,со сопсвениците и дали ќе му бидат дадени финансии да направи тим за титула пошто уверен сум дека сака да остане во Ливерпул само ако му се овозможи ова,ако не му дадат пари за трансфери ќе си замине.
 
Касерес за официјалната страна изјави дека е среќен во Јувентус и дека се надева на иднина во црно белиот дрес. Да се надеваме дека ќе го задржиме, ијако не се наигра многу сезонава, покажа голем потенцијал во мечевите кои ги изигра.
 
Медиумите во Португалија јавуваат дека Јувентус се договорил со Бенфика за Ди Мариа ... а вчера шпанските објавија дека Реал го договорил ...

Јас мислам дека треба да им веруваме на португалциве :tv:

Линк
 
Јас на португалците им верувам:yessssss:
Дај боже да е вистина
 
Па многу реална е опцијата да дојде Ди Марија во ЈУВЕ, со оглед на тоа што Реал има еден куп sвезди би било под знак прашалник дали ќе има место за него во тимот, до почетокот на светското треба да биде донесен нов тренер и да се направат добри трансфери на оние места кај играат балетаните и по можност истите да бидат продадени, е сега како ќе се одвиваат настаните останува да видиме, дали клубот ќе оди во нагорна линија или уште ќе тоне :toe:

Во ред е се... ама €30.000.000 хмм...
За тоа дали се 30 милиони никој не знае, а факт е дека на Јуве во моментов му е потребно добро крило, Кандрева би играл како десно а Ди марија како лево, парите брат го вртат фудбалот, нема пари нема трофеи, тоа е :toe:
 
Во ред е се... ама €30.000.000 :raz:
30 + Тиаго :)

јбг сеа , реално нереално тоа е ... не можеш да го земеш за помалку ... Реал наводно понудил 35 така да за да си во игра мора да можеш да се натпреваруваш со конкурентите :)

Реков и вчера и Роналдо не вреди 100 милиони , нити Ибрахимовиќ 75 , нити пак Адебајор и Тевез не вредат онолку колку што даде Сити за нив:toe:
 
За тоа дали се 30 милиони никој не знае, а факт е дека на Јуве во моментов му е потребно добро крило, Кандрева би играл како десно а Ди марија како лево, парите брат го вртат фудбалот, нема пари нема трофеи, тоа е :toe:

Jaсно е дека парите го вртат фудбалот, ама под услов да бидат правилно инвестирани. 30мил за играч кој не е докажан во Италија е огромен ризик, гледајте што им се случи на комшииве со Кварезма. Треба да се размисли добро пред да се фрлат толку пари. НЕ СМЕЕ да ни се случи промашен трансфер летово, поготово не за таа сума на пари.

А за тоа дали се работи за таа сума за Ди Мариа, сигурно е тука некаде со оглед на тоа дека сите европски гиганти се заинтересирани за него, а има и откупна клузула на 40мил.
 
Секој трансфер има потенцијален ризик дека ќе биде промашен , така да не можеш однапред да знаеш кој играч како ќе се вклопи во тимот ...

Ди Мариа наводно е еден од условите за Бенитез да дојде во Јуве , а знаеме добро дека Бенитез премногу ја форсира таа игра по крилата ... Ди Мариа е страшно крило и без проблеми би требало да се вклопи во тактиката на Бенитез ...

Само да не скокаме многу ко петли , да почекаме да дојдат :)
 
Е така е, на нероден Петко капа му кроиме :), видовме оваа сезона што ни се случи со менувањето на формациите така да најдобро е да си се вратиме на 4-4-2, и не треба само да се размислува за напад и среден ред, кај е одбраната? да не останеме пак со Јудата во одбрана :toe:
 
Кјаер изјави дека иако оваа година Јувентус има лоша сезона,тој има огромно почитување кон дресот и историјата на клубот,и изјави дека би му било одлично во Јувентус,а му одговарало што и има Данец во клубот, кој се чувствувал многу убаво во Јувентус. ЛИНК

Се шпекулира дека ако Палермо игра во ЛШ, веќе е сигурно дека Кјаер и следната сезона останува во Палермо.Во друг случај, Кјаер е 99% новиот партнер на Киелини во одбраната.
 
Е така е, на нероден Петко капа му кроиме :), видовме оваа сезона што ни се случи со менувањето на формациите така да најдобро е да си се вратиме на 4-4-2, и не треба само да се размислува за напад и среден ред, кај е одбраната? да не останеме пак со Јудата во одбрана :toe:

Па да си го откупиме Касерес, Келини сигурен сум дека останува со нас и мислам дека Кјаер е многу веројатно дека ке дојде во Јувентус летово а за лев бек мислам дека можеме овој Де Чељи да го ставиме да игра на таа позиција.Тоа би била одбраната мислам за следната сезона.Само ме плаши малце тоа што многу се зборува во последно време дека Буфон сака да си оди.Ке добиеме некоја пара сигурно од него ама неможам да го замислам Јуве без него.Ке ми биде хорор да го гледам во друг дрес следната сезона.
 
AJ SO SREKA NEKA NIE ZVER E :smir:
 
хахаха, вчера Бенитез потпиша за Јувентус денеска Ди мариа..... аман бе како да не гледате спорт да не читате весници сее само шпекулација , додека не излезе на главната страна на Јувентус нема ништо од ова. ама да ајде тепаме време барем и си ги читаме желбите на секој поединечно :vozbud:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom