Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Честито победа,Мело маафакер уште малце луле на мирот ќе запалеше :vozbud:
Џиовинко ги ораше по лева страна,добар е треба повеќе да игра.
 
Драго ми е што конечно победивме ама од друга страна ми се плаче кога ќе ми текне до кое ниво дојдовме. Клубот ни се распаѓа, го водат несособни луѓе, играчите јадат ќотек од навивачите, истите прават бојкот. Од Јувентус остана само името и тоа е тоа.
 
од 1 минута па се до 70 играа балет на теренот а подоцна од балет преминаа на фудбал и играа машки (освен некој фудбалери кој продолжија да играат лабедово езеро) ми се свигаше моментот од 75 минута кога сватиа дека треба да се нападне и конечно добра партија на мело не дека даде гол него имаше и пред тоа шанса ги сецна одбраната и се бореше за секоја топка се надевам дека ке ни биде од корист последниве 7 кола да не го урочам пу пу пу:pos2:
 
Конечно победа, не е важно како играме во овај момент најважно е да освоиме што повеќе бодови.
Мело ?:icon_eek::raz:
И после некој ќе речи дека Буфон сака да си оди:costumed2
 
На натпреваров се покажа дека Џовинко заслужува да добива повеќе минутажа.Во второто полувреме беше играч кој најмногу трчаше и најмногу се трудеше,беше најопасен играч на Јувентус и дефинитивно заслужува да игра повеќе.
 
На натпреваров се покажа дека Џовинко заслужува да добива повеќе минутажа.Во второто полувреме беше играч кој најмногу трчаше и најмногу се трудеше,беше најопасен играч на Јувентус и дефинитивно заслужува да игра повеќе.
но сепак се гледа дека повредата му оставила последици му треба малце време одамна не играл
и најбитното дали на крај закерони ја смени формацијата во 4-4-2 или така ми се причинило???
 
Честитки за победата!:vozbud: Играта воопшто не беше на ниво но сепак добро е што победивме. Буфон вистински спортист, спортист во права смисла на зборот од трибините се симна за да даде подршка на својот тим, вакви луѓе фалат кај нас:toe:
 
Конечно 3 ПАМЕТНИ измени.
1) Трезеге очигледно не може повеќе да игра фудбал.Му заблагодарувам за се што направи за клубот.Заедно со Алекс,Зизу,Давидс итн. останува во нашите срца како легенда.Кој сака нека ме демантира,но Амаури беше ДАЛЕКУ подобар од Трезегол.
2) Диего да не се повреди,Џио повторно ќе беше гледач на натправарот.Но од гледач се претвори во вистински предводник на тимот.Мислам дека Ѕак треба да ги „потчисти“ наочарите и да почне да му дава првотимски статус на малиот.Сите корнери и нафрлувања му беа ДАЛЕКУ подобри од тие на Диего.ONLY GIO AFTER ALEX ...
3) Конечно,оној најплуканиот (како во фан клубов,така од навивачите на стадионот) и оној кој беше исвиркан при влегувањето : ФЕЛИПЕ МЕЛО.Покрај Сисоко и Маркизио (кои изиграа феноменален меч), и тој прикажа одлична игра.Со оглед на тоа што беше под притисок,одлично го поднесе тоа и мислам дека со голот барем мал дел им врати на навивачите и на клубот воопшто за дадената доверба.
За крај,ме радува фактот што Григера одигра 0 минути на натпреварот и лично се надевам дека ќе го држи тој просек и на следните натпревари.
ФОРЦА ЈУВЕ !!!!
 
а значи можело да се тепа а?Одбраната катастрофа како и секогаш треба комплетен ремонт освен Киелини.Се плашам Диего да не е мн повреден али затоа тука е Џовинко мора да игра до крај на секоја утакмица до крај.Ве молам слика од Секо и Блан коа беше 1-1
 
што се случи кога мело го даде голот дали беше исвиркуван од навивачите??? (не го гледав баш тој момент )плс нека пише некој
 
Фала богу и ние да го осетиме вкусот на победата! Овде нарекуваниот еФ. еМ. ни го спаси дупето! Тоа ме радува.. И кога не му се дава потребната поддршка тој сепак го дава најдоброто од него и тоа што знае и умее! Одбраната дупка до дупка.. Џони денес некако не заинтересиран ми беше.. Али сепак е далеку подобар од З. Г! Мора комплетен ремонт во одбраната!! МОРА!! А во нападаот и тоа како добро би ни дошол Лавеци!! Феноменеален играч! И 20 милиони да се даадат за него не се многу!!
 
но сепак се гледа дека повредата му оставила последици му треба малце време одамна не играл
и најбитното дали на крај закерони ја смени формацијата во 4-4-2 или така ми се причинило???

и повредата и тоа што не играл од лани одигра добро,зар само навивачите го гледаат потенцијалот на Џовинко???па ако нема простор за него нека си оди доста му даваат лажна надеж дека ќе заигра некад во прв тим,тоа само кога ќе се пензионира Дел Пиеро.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom