Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Диего немаше апсолутно никакви опции да креира игра. Со монотона средина и стерилни напаѓачи, 7-th place - thats what you get!
Единствена примедба што ја имам во играта на Диего е слабиот шут. Не знам што се случува со дечково, шутира како да не јадел 2 дена пред утакмица.
Диего можи носи најмала вина за слабата сезона,но сепак и тој е исто така виновен за слабите резултати,како и остатокот од тимот.

Остатокот од тимот не е виновен што Диего не даде ниту еден гол од слободен удар минатата сезона, а во Вердер тие му беа специјалност.Остатокот од тимот не е виновен што не можеше да изведи ниту еден корнер како што треба,така да и тој носи мал дел од кривицата за слабата сезона.

Во пријателските натпревари изиграни летово,Диего можеби е еден од најдобрите поединци во Јувентус,и мислам дека треба да остани во Јувентус,но дефинитивно треба да биде многу подобар од тоа што беше минатата сезона.

За време на TIM TROFEO,Снајдер зад себе ги имаше Камбијасо,Мунтари и Обиња, двајца деструктивци и играч од младинската школа на Интер,па сепак беше најдобар играч на теренот.

Големиот играч се познава по тоа што и кога тимот игра лошо и неефикасно,тој со еден потег знае да го донесе тимот во предност.Ибрахимович им донесе на Интер 2 титули,со Станкович како AMF,и со Камбијасо и Мунтари во средината.Моџи во својата колумна за Tuttomercato напиша дека токму тоа е најголемиот проблем на Јувентус,што освен Дел Пиеро нема друг играч кој самоиницијативно ќе решава натпревари.

Но оваа сезона се направија промени како во составот на играчи така и во Управата,и можеби со тие промени Диего ќе ја пронајде формата од Вердер, и со поддршка од средината ќе го донесе тој квалитет што во изминатата сезона после заминувањето на Grande Nedved, му недостигаше на Јувентус.
 
момци како сте ??? јуве е во потрага на стопер .. и најново име кое се поврзува со јуве е Coates 19 години кој пред некој месец изјави дека сака да се пресели во италија а иначе е уругвајец
 
Има ли некој конкретни информации за Диего останува ли дефинитивно ?
 
Тиаго и официјално на едно годишна позајмица во Атлетико Мадрид.

Копилето не сакаше да се откаже од 3те милиони плата и не сакаше.
Да даде Господ децата цел живот од аптека да му се хранат. . .
 
Според Sportmediaset Јувентус наводно би прифатиле продавање на Диего само за 18 милиони евра.Волфсбург деновиве би требало да испратат нова понуда,а Марота би имал време од 10 дена со парите од Диего да го купи Елиа или Красиќ и Ледесма за во средина http://www.sportmediaset.mediaset.it/mercato/articoli/articolo39854.shtml.Ова е само една од многуте шпекулации што се вртат низ Италијанскиве медиуми.Се додека не видам на јувентус.ком повеќе на ништо не верувам.Али едно е јасно, пари за повеќе засилувања нема,да имавме до сега сигурно ќе купевме некој,немаше да се чека до 31 август.Само со продажба на Диего (нешто што ич не ми е по кејф :nenene:) би имале пари за нови засилувања,а ако не го продадеме тимот повеќе од сигурно останува ваков каков што е сега.
 
Мое мислење е дека идеално решение за левата бековска позиција е Fabio Coentrao од Бенфика. 22 годишник кој не верувам дека би одбил клуб како што е Јувентус.
 
Мое мислење е дека идеално решение за левата бековска позиција е Fabio Coentrao од Бенфика. 22 годишник кој не верувам дека би одбил клуб како што е Јувентус.
Или Герет Беил :)
 
Или Герет Беил :)

Ного тешко да се донесе. Мислам оти ќее главна алка у тимо на Сити таа сезона,а и 29 години има. Коентрао е вистинското решение ама не е до нас.
 
Ного тешко да се донесе. Мислам оти ќее главна алка у тимо на Сити таа сезона,а и 29 години има. Коентрао е вистинското решение ама не е до нас.

Герет Бејл игра во Тотенхем и не е 29годишен,21 година има момчето,игра ко лев бек и крило.
 
Со Бери се помешал. Али и овој од Тотенхем нема шанса да си оди оваа сезона, децидни беа од клубот, башка и лесен противник имаат за групната фаза во ЛШ па гарант ке играат и таму.
 
Герет Бејл игра во Тотенхем и не е 29годишен,21 година има момчето,игра ко лев бек и крило.


Фала на исправката го помешав со Герет Бери кој игра во Сити. :$ :kesa:

Инаку како што кажа Syn тешко дека ќе дојде Бејл. Тотенхем има големи шанси за влез во групната фаза во ЛШ и тешко дека ќе го испуштат Тотенхем.
 
Тиаго и официјално на едно годишна позајмица во Атлетико Мадрид.
Оваа година платата Тиаго ќе ја добие од Атлетико Мадрид,што значи дека ова е подобро од тоа Тиаго да останеше во Јуве и Јуве ќе беше приморан да му ја дава високата плата.
 
Мое мислење е дека идеално решение за левата бековска позиција е Fabio Coentrao од Бенфика. 22 годишник кој не верувам дека би одбил клуб како што е Јувентус.

Одличен играч,многу се покажа на светското. Стабилен во одбрана, солиден во напад. Пред се има одличен центаршут, нешто што е најпотребно за бековската позиција. Добрите игри ги продолжи и во новава сезона каде што во последниот натпревар за Бенфика беше асистент на голот. Само што не знам колку би барале Бенфика за него, меѓутоа и да се плати повеќе мислам дека дечкото вреди многу.
 
**Fabio Coentrao беше поврзуван со Баерн.Имаше многу шпекулации за него и за Баерн по првиот одигран натпревар за Португалија на СП.Некои весници (не ми текнува кои) пренесоа дека работата била готова.Но колку што сум јас информиран никаде немаше официјално.Така да...
Дечкото има квалитети,не го оспорувам тоа.Но мислам дека управата на Бенфика е тешка.Видете само колку бараа за Ди Мариа :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom