Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.954
- Поени од реакции
- 5.576
Диего можи носи најмала вина за слабата сезона,но сепак и тој е исто така виновен за слабите резултати,како и остатокот од тимот.Диего немаше апсолутно никакви опции да креира игра. Со монотона средина и стерилни напаѓачи, 7-th place - thats what you get!
Единствена примедба што ја имам во играта на Диего е слабиот шут. Не знам што се случува со дечково, шутира како да не јадел 2 дена пред утакмица.
Остатокот од тимот не е виновен што Диего не даде ниту еден гол од слободен удар минатата сезона, а во Вердер тие му беа специјалност.Остатокот од тимот не е виновен што не можеше да изведи ниту еден корнер како што треба,така да и тој носи мал дел од кривицата за слабата сезона.
Во пријателските натпревари изиграни летово,Диего можеби е еден од најдобрите поединци во Јувентус,и мислам дека треба да остани во Јувентус,но дефинитивно треба да биде многу подобар од тоа што беше минатата сезона.
За време на TIM TROFEO,Снајдер зад себе ги имаше Камбијасо,Мунтари и Обиња, двајца деструктивци и играч од младинската школа на Интер,па сепак беше најдобар играч на теренот.
Големиот играч се познава по тоа што и кога тимот игра лошо и неефикасно,тој со еден потег знае да го донесе тимот во предност.Ибрахимович им донесе на Интер 2 титули,со Станкович како AMF,и со Камбијасо и Мунтари во средината.Моџи во својата колумна за Tuttomercato напиша дека токму тоа е најголемиот проблем на Јувентус,што освен Дел Пиеро нема друг играч кој самоиницијативно ќе решава натпревари.
Но оваа сезона се направија промени како во составот на играчи така и во Управата,и можеби со тие промени Диего ќе ја пронајде формата од Вердер, и со поддршка од средината ќе го донесе тој квалитет што во изминатата сезона после заминувањето на Grande Nedved, му недостигаше на Јувентус.