Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Лоши вести

Амаури вели дека 99% останува. . . и ондак иде делот кога се удвара, велејќи дека имал одлична со работка со Дел Блек во Киево, дека се работи за одличен тренер, дека сака да ја заборави оваа сезона да се фокусира на идната итн итн.

Се надевам дека така не мисли новата управа. Амаури е едно 25 милионско вредно дрво кое има само 1 гол постигнато повеке, од еден - Киелини, оваа сезона. 25 милионски напаѓач што во целата своја кариера има постигнато 57 гола, апсолутно не вреди да го имаш во тим, ниту пак вреди да му дадеш нова шанса.
Управата е тука, се надевам оти Дел Блек нема да го понесе некоја емоција и да ни ја остави цепеницава во да се објаснува по терен и да цица неколку милиони евра по сезона. Треба напаѓач што ке гарантира 20 гола по сезона и што ке си ја заработи таа плата. Амаури дефинитивно не е тој!

amauri.jpg
 
Чисто колку за споредба

Амаури : 5 гола , 5 жолти картони , 1 црвен , 64 направени фаули

Киелини : 4 гола , 3 жолти картони , 0 црвени , 36 направени фаули

:tv:

При секој допир на топката на Амаури, кога ќе дојди некој играч до него овој веднаш прави контра фаул, од тоа е толкава голема статистиката што стара дама ја наведе. Баш од ова кога ќе оди топката кон него веќе знам дека е изгубена и дека завршува нападот на Јувентус. :toe:
 
На наредна менаџер ке биде DC, или евентуално, DC/DM/ST.
 
Јас мислам лево корнер знаменце ќе е , мада ни за тоа нема квалитети ...
 
Лоши вести

Амаури вели дека 99% останува. . . и ондак иде делот кога се удвара, велејќи дека имал одлична со работка со Дел Блек во Киево, дека се работи за одличен тренер, дека сака да ја заборави оваа сезона да се фокусира на идната итн итн.

Се надевам дека така не мисли новата управа. Амаури е едно 25 милионско вредно дрво кое има само 1 гол постигнато повеке, од еден - Киелини, оваа сезона. 25 милионски напаѓач што во целата своја кариера има постигнато 57 гола, апсолутно не вреди да го имаш во тим, ниту пак вреди да му дадеш нова шанса.
Управата е тука, се надевам оти Дел Блек нема да го понесе некоја емоција и да ни ја остави цепеницава во да се објаснува по терен и да цица неколку милиони евра по сезона. Треба напаѓач што ке гарантира 20 гола по сезона и што ке си ја заработи таа плата. Амаури дефинитивно не е тој!

Прегледај го приврзокот 28998

Не мора да значи дека ќе остане и Раниери викаше „99% останувам“ па знаеме како заврши. Се надевам дека Марота и Дел Нери ќе го искористат во некоја трампа за добар дефанзивец.
 
Јас мислам лево корнер знаменце ќе е , мада ни за тоа нема квалитети ...

Ко ќе си ја исфарба косата Црвено, жолто портокалово уф и то како ќе личи на корнер знаменце. Тамам Диего клоци да му мава гол ко ќе дај.
 
Јуве си ја кладе чивијата со ова дрвото....не верувам дека некој би сакал да плати да го ангажира во своите редови.....во Бразил имаш млади деца кои само за редовна плата би изиграле 2 класи подобро од овој....
 
Мислам дека можеме да го шитнеме на некој просечен тим и сигурен сум дека таму ќе игра супер. Има премногу играчи кои растураат во помалите тимови, но не се за во шампионски тим.

Приоритет треба да ни бидат бековските позииции и CF
 
Проблемот е што Амаури има плата од 3.7 милиони евра по сезона и не верувам дека постои клуб кој би му дал барем приближно толкава плата ...

На Џупацов му е сеедно дали ќе игра или не , најважно му е да си го одработи договорот ...
 
цените на маркетот очигледно отидоа предалеку.....ниеден играч не вреди 100 милиони евра,ако се исклучи комерцијата....95% оди на заработка-5%на сработеното на терен,фудбалот не е она што беше.....нема смисла вака појќе
 
Факт е дека времињата се сменија. Полека умираат тие времиња кога класа играч се купуваше за мали пари и потоа стануваше ѕвезда. Јуве е познат по тоа што купуваше играчи за мали пари и ги правеше ѕвезди. Денеска треба да се одврзе ќесето за да се донесе добар играч. Во нашиот случај ние треба малку повеќе да го одврземе ќесето, да донесеме класа играчи, да создадеме шампионски тим, е потоа ќе може да се купуваат поефтини играчи кои ќе прераснат во класа фудбалери со тоа што ќе играат покрај шампиони. Времињата се сменија, треба и Јуве да се промени за да се врати на тронот.
 
Се најавува дека прв чекор на Џузепе Марота ќе биде враќање на Кришито во Јувентус, и дека активно ќе ги проследува настапите и на Ланзафаме и Паладино.

Исто така, Тутоспорт пишува за можна размена Мело-Аквилани.

Се наведува дека прва цел во нападот ќе биде Един Џеко.ЛИНК
 
цените на маркетот очигледно отидоа предалеку.....ниеден играч не вреди 100 милиони евра,ако се исклучи комерцијата....95% оди на заработка-5%на сработеното на терен,фудбалот не е она што беше.....нема смисла вака појќе
Токму така ама затоа нашите македонски па дури и во англија 3 4 лига трансверите се за по 50 000 евра... претежно многу има и за 0 .. а во големите клубови преку 40 50 милиони... абе знаете ли дека целосно народот во Македонија нема заедно да собере 40 милиони без политичарите а? Они за 1 играч толку да плаќаат... што е многу .. многу е !
 
Во тек е состанокот во седиштето на Јувентус, на кој состанок ќе биде потврдено Претседателството на Андреа Ањели, Марота-Генерален Директор на Јувентус, Дел Нери нов тренер, и ќе бидат официјално претставени.

Блан исто така се наведува дека дефинитивно ќе замине од Јувентус кон крајот на летото, а се наведува дека Ањели го ангажирал и Роми Гај, човек кој своевремено го доведе Тамоил во Јувентус, и го потпиша тогаш најскапиот спонзорски договор во спортот, меѓу Јуве и Тамоил, и Роми Гај ќе биде задолжен за финансиите во клубот.

Дефинитивно си одат: Секо, Кастањини и Блан, а се наведува дека и Бетега веројатно нема да има никаква функција во Јувентус.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom