Победивме, а? Ако, за арно за убо, нека се множат!
Во прво полувреме освен мајсторијата на Диего, Јувентус не направи ништо. После неговиот гол играше само еден тим. Прашање на време беше само кога ке ни го скопаат. Маркиони, па уште со глава - баш и не очекував, али добро. Добар е. Somebody give him a hug. . .
На полувреме шамари фрчеле во соблекувална, па во второ почнаа да играат како да се на стериоиди. Тргнаа да напаѓаат со желба за гол, со желба за победа. At last, трудот се исплатеше. Закерони за разлика од Ферара и Раниери знае да ги погоди измените, па втор пат во 3 натпревара играч од клупа ни носи победа.
Гросо, со левото закржлавено ноџе фино му ја намести кромањонската фризура на Фреј

.
Играта и не е толку важна, колку што се важни трите бода за место во ЛШ.
Мило ми е што во најкус можен рок се враќаме од минатонеделниот пораз. Ова е једини лек.
Му честитам на Диего за голот. Исто и на Гросо, а го поздравувам и Жаки. Тој си го одработи своето на овој натпревар. Браво.
п.с.
Маркизо вреди злато. Со добар ментор над глава, Маркизо има потенцијал да стане играч на кој Јувентус ке може да се потпре долги години. Големо браво и за него.