Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дечки и јас сум загрижен за натпреварот со Џенова, многу се јаки на домашен терен, но сепак ние сме подобриот тим и се освен триумф е неуспех. А и време е веќе тато(Дел Пиеро) да игра, ми недостасува многу:tv:
 
Ако сакаме титула тогаш мора да ја победиме Џенова не дека тоа е клучен меч али не треба да се губат бодови.Очекувам озбилно да влезат во мечот и со 3 бода назад во Торино !!!Дел Пиеро & Диего = Победа
 
Дечки и јас сум загрижен за натпреварот со Џенова, многу се јаки на домашен терен, но сепак ние сме подобриот тим и се освен триумф е неуспех. А и време е веќе тато(Дел Пиеро) да игра, ми недостасува многу
Џенова се успешен тим,домашниот терен и поразот што го претрпеа од Киево минатата недела им дава дополнителен мотив, и затоа не треба да се потценат. Според шпекулациите Јуве повторно ќе настапи со Трезеге - Јакинта во нападот, а се шпекулира дека Каморанези ќе биде играчот кој ќе ја носи улогата на плејмејкер на овој натпревар.

A Амаури почнал да тренира дополнително. Чиро изјавил дека е задоволен од напаѓачот и од неговиот допринос за тимот, но Амаури сакал дополнителни тренинзи, и дополнително ја вежбал контролата на топката, и шут кон голот,кое се надевам дека ќе допринесат за што поголем процент на реализација.

Мело изјави дека со нетрпение чека да се врати на терените, и да му помогне на својот тим да победи..
 
Чекај сеа, нели Диего е фит за овој натпревар зошто Каморанези да игра на плеј?
 
Вчера Тутоспорт напиша дека Диего и Дел Пиеро не се сигурни дали ќе играат до последен момент. А и да биде фит, јас мислам дека нема одма да влезе во игра , евентуално како замена. А и во сите можни состави на медиумите го нема Диего.:toe:
 
Еве сега и на гоал.цом прочитав дека се подготвени да играат но веројатно ќе ги одмара уште со Џенова за да не се ризикува, со што и се согласувам до некаде, подобро да изгубиме 2 бода, одколку да ги изгубиме овие на подолго време па тек тогаш да ни почнат проблемите!
 
И јас мислам дека доколку не се доволно подготвени, подобро е да не се ризикува со Дел Пиеро и Диего. Во секој случај подобро е да се загуби некој бод отколку да се загуби некој од овие двајца на подолго време. После кој ќе ни ги гледа маките.
 
Ако изиграме на ниво ќе немаме проблеми со Џенова , иако е секогаш тешко кога се гостува на Мараси. Домаќините ќе имаат огромна подршка , минатото коло со Киево кикснаа ... мислам де Џенова без Милито и Мота е доста послаба од лани. Како и да е го имаат еден Паладино кој секогаш против Јуве игра со голема мотивација, како и Флокари и одличниот голман Амелиа. Доколку играат Диего и Мело би требало лесно да го добиеме натпреварот , али според последните информации се чини дека Диего нема да биде целосно фит за во четврток.
Лани загубивме во Џенова , и добивме два црвени ( Каморанези и Зебина ). Секогаш се игра под голем притисок кога гостуваме таму и нашите психичко лабилни играчи ( како гореспоменатите ) лесно подпаѓаат под притисокот и прават непромислени стартови. Зебина треба да остане на клупа , на негово место да стартува Григера ( не ми се верува дека го пишувам ова ) ... бидејќи Григера е во поформа и знае да изигра на вакви мечеви . Во дефанзива е топ , али во офанзива е катастрофа. Каморанези мора да стартува бидејќи со оглед на тоа дека Џовинко слабо се снаоѓа, цела игра на Јуве , во отсуство на Диего ... ќе оди преку Каморанези ( се виде тоа и против Ливорно )

Во врска со нападот очекувам Јакинта сигурно да стартува кој е во голгетерска форма. Амаури малку ме загрижува бидејќи веќе долго време на официјален натпревар нема постигнато гол ,а тоа е премногу за играч од негов калибар , и за клуб каков што е Јуве. Затоа треба да му се даде шанса на Трезегол , а Амаури да остане на клупа додека му помине кризата.
 
Се согласувам. Џенова е тешко гостување за Јувентус, и пред се треба играчите на Јуве да се психички силни за да го издржат притисокот, пред се од домашната публика. Џенова го продадоа Милито, но без Милито играа и на средбата минатата година во која Јувентус го загуби мечот, затоа треба да се внимава на секој играч. Кришито мислам дека нема да настапи поради црвен картон, а Паладино се најавува дека ќе го почне натпреварот од клупата за резервни играчи. Верувам во позитивен резултат, и очекувам концентрирана и дисциплинирана игра на сите играчи на Јувентус.

Амаури нема постигнато гол, но е корисен за тимот, создава шанси, супер асистира и воопшто не е себичен. На пријателските средби во летото од 7 натпревари даде 7 гола и мислам дека ако постигне еден гол после нема да има никаков проблем. На овој натпревар најверојатно нема да биде во стартниот состав, но најверојатно ќе влези во текот на натпреварот, па се надевам дека ќе постигне гол кој ќе биде многу значаен за Јуве, и за зголемување на самодовербата.
 
значи можен состав на јуве

Буфон
Григера Легротаље Киелини Гросо
Маркизио Мело??(Поулсен) Тиаго
Каморанези
Јакинта Трезеге​

за Амаури не се секирам ,имаше неколку шанси само немаше среќа,ќе му тргне кај и да е,само нека продолжи така да игра головите ќе дојдат,и Јакинта имаше еден период кога немаше среќа а играше добро

Џенова во нападот има многу добри напаѓачи ,тука се Креспо,Паладино,Скули,Фигероа,Флокари,Паласио ова е world class напад,стварно имаат екстра играчи.Во одбрана имаат еден млад екстра играч кој што мене многу ми се свиѓа ,тоа е Бокети,играше за азурините на еуро заедно со Кришито
 
Ако изиграме на ниво ќе немаме проблеми со Џенова , иако е секогаш тешко кога се гостува на Мараси. Домаќините ќе имаат огромна подршка , минатото коло со Киево кикснаа ... мислам де Џенова без Милито и Мота е доста послаба од лани. Како и да е го имаат еден Паладино кој секогаш против Јуве игра со голема мотивација, како и Флокари и одличниот голман Амелиа. Доколку играат Диего и Мело би требало лесно да го добиеме натпреварот , али според последните информации се чини дека Диего нема да биде целосно фит за во четврток.
Лани загубивме во Џенова , и добивме два црвени ( Каморанези и Зебина ). Секогаш се игра под голем притисок кога гостуваме таму и нашите психичко лабилни играчи ( како гореспоменатите ) лесно подпаѓаат под притисокот и прават непромислени стартови. Зебина треба да остане на клупа , на негово место да стартува Григера ( не ми се верува дека го пишувам ова ) ... бидејќи Григера е во поформа и знае да изигра на вакви мечеви . Во дефанзива е топ , али во офанзива е катастрофа. Каморанези мора да стартува бидејќи со оглед на тоа дека Џовинко слабо се снаоѓа, цела игра на Јуве , во отсуство на Диего ... ќе оди преку Каморанези ( се виде тоа и против Ливорно )

Во врска со нападот очекувам Јакинта сигурно да стартува кој е во голгетерска форма. Амаури малку ме загрижува бидејќи веќе долго време на официјален натпревар нема постигнато гол ,а тоа е премногу за играч од негов калибар , и за клуб каков што е Јуве. Затоа треба да му се даде шанса на Трезегол , а Амаури да остане на клупа додека му помине кризата.
Околу болдот... И со најјак состав да сме, ова гостување пак ќе биде доста тешко. Џенова имаат доста играчи од школата на Јуве кои ќе горат од желба да се докажат против поранешниот клуб, плус други доста опасни играчи во имињата на Флокари, Креспо, Амелија на голот...

Доста зафркнато гостување, но мислам дека ќе победиме. Очекувам доста цврст натпревар со многу тензија и многу прекшоци. Џенова се тврд орев, но сепак мое мислење е дека ќе извојуваме победа. Кришито е единствениот суспендиран играч на мечов, а баш сакав да видам како ќе се покаже против нас.. Кај нас, тимот очекувам да биде следниов:

Buffon

Grygera-Legrottaglie-Chiellini-Grosso

Camoranesi-Poulsen-Marchisio

Giovinco

Iaquinta-Amauri​

Канаваро, Салихамиџич и Сисоко дефинитивно се аут од мечов, Мело, Дел Пиеро, Диего и Тиаго најверојатно нема да се 100% фит, така да мислам дека ова е најдобра варијанта.
Амаури нема постигнато гол, но е корисен за тимот, создава шанси, супер асистира и воопшто не е себичен. На пријателските средби во летото од 7 натпревари даде 7 гола и мислам дека ако постигне еден гол после нема да има никаков проблем. На овој натпревар најверојатно нема да биде во стартниот состав, но најверојатно ќе влези во текот на натпреварот, па се надевам дека ќе постигне гол кој ќе биде многу значаен за Јуве, и за зголемување на самодовербата.
Точно е дека Амаури доста учествува во акциите, прави одлични асистенции, феноменален е во дуели, во скок е недостижен, меѓутоа редно е и головите од негова страна да стигнат. Меѓутоа, нема потреба од секирации, кога и да е, ќе почне да дава голови со вакви игри како што прикажува. Кај и да е, ќе почне и среќата да го служи...

И околу стартувањето, доколку нешто не испадне, Амаури сигурно ќе стартува во нападот. Не играше со Ливорно затоа што беше чуван (одмараше) за овој наптревар, така да дефинитивно има предност пред Трезеге.
 
Џенова...уффф... е оваа екипа е една од најопасните во сериа а посебно за поголемите тимови, кога Рома се врати од негатива со Џенова и поведе со 1-2 си реков готови се, наша е победата и падна моралот, но знаете како заврши мечот, нешто слично му се случи и на Јувентус изминатата сезона
 
Другови се спремате ли???Чувајте си ги јаките,ќе ви требаат.....
Ќе биде војна на Алианц!!!!Има да ве пуцаме,посебно Робен и Рибери.
Ќе има гледање во живо,пред дом на АРМ како што имаше за претходните утакмици,такада може и таму навијачки да се такмичиме!
 
Точно е дека Амаури доста учествува во акциите, прави одлични асистенции, феноменален е во дуели, во скок е недостижен, меѓутоа редно е и головите од негова страна да стигнат. Меѓутоа, нема потреба од секирации, кога и да е, ќе почне да дава голови со вакви игри како што прикажува. Кај и да е, ќе почне и среќата да го служи...
И околу стартувањето, доколку нешто не испадне, Амаури сигурно ќе стартува во нападот. Не играше со Ливорно затоа што беше чуван (одмараше) за овој наптревар, така да дефинитивно има предност пред Трезеге.
Можно е да се случи и тоа Амаури да биде стартер на мечот со Џенова.

Можната формација на Јуве според:
Газета Дело Спорт:
vfzf54.jpg

Тутоспорт
2wckvol.jpg

Спорт Медиа Сет:
Juventus (4-3-1-2): Buffon; Caceres, Legrottaglie, Chiellini, Grosso; Camoranesi, Felipe Melo, Marchisio; Diego; Amauri, Iaquinta. A disposizione: Manninger, Grygera, Molinaro, Poulsen, Giovinco, Del Piero, Trezeguet. All. Ferrara
Според Кориере Дело Спорт:
9fmalh.jpg

Најлошиот тим на колото:

Rubinho

Garics - Talamonti - Papastathopoulos

Marchionni - Conti - Cambiasso - Jajalo

Mutu - Giovinco

Lucarelli
 
познати личности кои навиваат за јуве,http://www.vecchiasignora.com/index.php?showtopic=113684 Ерос Рамацоти,Павароти исто и Мис Италија 2009 е за јуве и мн. други од познатите во Италија

Џовинко е избран во тимот на колото али во најлошиот тим на колото:) не верувам да игра против Џенова плус се игра на гости кај многу добра екипа па затоа Каморанези треба да игра со оглед на тоа што е во подобра форма и што игра и во дефанзива кога топката е во посед на противникот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom