Росоњерите успеаа да го комплетираат трансферот на десниот бек од Гремио и го победија Јувентус во трката за 20 годишниот Матиони.
Новиот дефанзивец ќе го чини Милан околу шест милиони евра, а Маиони ќе стави потпис на четириипол годишен договор.
Поради големите проблеми со одбраната управата на Росоњерите се одлучи да го засили тој департман од тимот.
Целата зделка ја потврди и агентот на Матиони кој откри дека играчот утре ќе ги помине лекарските прегледи.
“Матиони веќе е во Италија и утре ќе замине на лекарски прегледи. Тој стави потпис на четитирииполгодишен договор.“ - рече агентот на играчот, Мино Раиола.
“Тој има ЕУ пасош и ќе може да настапува веднаш.“
Риола уште пред неколку дена го најави трансферот на младиот Бразилец на Сан Сиро кога откри дека екипата на Јуве е заинтересирани за услугите на Матиони но додаде дека играчот најдобро ќе се вклопи во редовите на Милан.
“Матиони е играч од светска класа, апсолутно сум сигурен дека е подготвен за Европски фудбал.”
“Доколку јас треба да одлучам тој е најдобра опицја за Милан, дефинитивно Милан.”