Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не очекував вака да реагира фан на неговиот тим , Јуве со тие играчи супер си игра , Самдорија сезонава се добри

Јас не ги критикувам играчите гинат на теренот играат од срце,ама тима како ЈУВЕНТУС неможе да се надева на овие играчи.Секоја чест за пожртвуваноста на Молинаро,Григера,Хасан ама тие играчи неможат да играат за Јуве.Управата е крива,толку повредени играчи и за не се купи ниеден играч???Мислам тоа не е добро.Кога беше во втора лига со нетрпени очекував да се врати и да биде оној стариот кога газеше се пред себе!Тотално сум разочаран од Раниери и од управата.
 
Маркиони празен гол промашил, Трезеге статива и уште една одлична шанса... Знам само дека Молинаро шашма ги праел по левата страна. У второ полувреме, ниедна шанса не направиле... Голема грешка на Раниери што го извадил Дел Пиеро а го стаел Јакинта. Ништо не направил Јакинта. Тоа е, повеќе среќа идниот пат.

Фала за коментарот.
И јас сега читав репортажа на гол.ком и се чудев сошто го вади дел пјеро ко немаме друг арен играч да гради игра (сем Недвед, кој демек бил најдобар). А и прочитав дека Маркиони промаршил. (да и пинтуричио напишал назад). Ова нешто мора да се најди на нет да се посмејме.
Неможам да го сфатам Раниери зошто го извадил ДелПјеро.
И зошто го кладе Салихамиџич да игра средина наместо да му дај пак шанса на Тиаго или Алмирон. Салихамиџич го гледав како игра во средина против Емполи во купот и не би го играл јас пак в средина.
 
Јас не ги критикувам играчите гинат на теренот играат од срце,ама тима како ЈУВЕНТУС неможе да се надева на овие играчи.Секоја чест за пожртвуваноста на Молинаро,Григера,Хасан ама тие играчи неможат да играат за Јуве.Управата е крива,толку повредени играчи и за не се купи ниеден играч???Мислам тоа не е добро.Кога беше во втора лига со нетрпени очекував да се врати и да биде оној стариот кога газеше се пред себе!Тотално сум разочаран од Раниери и од управата.

Од управата да!!Ама зошто од Раниери??Тој не ги дава парите, управата дава пари, а Раниери тие пари максимално да ги искористи!!Така да според играчкиот кадар, Раниери е доста солиден тренер...И самиот кажа дека со овој тим очекува од 2ро до 4то место да освои!!Така да си знај колку може да ја пушти чергата!!Управата е крива зошто не зема засилувања од калибар на Диего, ВДВаарт и слични!!
 
Да точно дека Раниери не ги дава парите,ама тој треба да врши притисок према управата.Како секој тренер треба да бара средства од управата за нови засилувања а не го прави тоа,вика дека овој играчки кадар му е доволен.Се гледа дали е доволен кога ќе се појави криза со повреди како сега.Денес видовме дали е доволен.
 
Ти го гледаш што прави??На конференциите присуствуваш па да знаеш дали Раниери им вика на управата???Секако нема да им вика преку медиумите!!
И плус секој тим може да има проблем со повредите,не се само Јувентус..И кога победуваше Јуве никој не му се лутеше на Раниери, вака сите
 
1. Раниери е добар тренер. Барем за градење тим има досега докажано на двапати (Челзи и Валенсија)
2. Дека прај некои чудни одлуки, прај. Со него не зе знај ништо, еден од најголемите проблеми не противникот е то шо неможи да предвиди шо ќе напрај. Сезонава е предвиднив само во однос на Трезеге (се надева дека случајно ќе турни некоја топка вгол како со торино, шо мислам дека е голеема грешка оти некој треба да му додели уба топка).
3. Дека имаме играчи кои не се нјдобри, исто имаме. Трансферите на Тиаго и Алмирон?? неможам да коментираам дали се добри или лоши потези. Раниери досега секогаш преферирал да работи со надежни фудбалери а не со звезди. Од досегашните успеси можи да се кажи дека бил во право.
4. Раниери не е крив шо промаршил Маркиони чист гол, Шо закачиле статива или за промаршувањата против емполи, тука се криви играчите, Има неколку играчи кои колку и да се трудат едноставно не се за во прв тим.
5. Повредите? (Не)Среќа или напорни тренинзи, утакмици?

Се на се кога градиш тим можи е подобро да жртвуваш една сезона и да експериментираш. Се надевам знај шо прај и во најлош случај ќе добие уште една сезона за да докажи дека не бил бадијала трудот сезонава.
 
Ти го гледаш што прави??На конференциите присуствуваш па да знаеш дали Раниери им вика на управата???Секако нема да им вика преку медиумите!!
И плус секој тим може да има проблем со повредите,не се само Јувентус..И кога победуваше Јуве никој не му се лутеше на Раниери, вака сите

Не присуствувам на конференциите ама Раниери е тој што во летниот преоден рок викаше дека не му требаат засилувања,дека овие играчи му биле доволни.Тренер што не го сака Барѕаљи у својот тим не е добар тренер.И Гиљи викаше дека и овој преоден рок нема да купат ништо незнам по повредите и по нерешениов дали се предомислиле:toe:
 
Да, секако:)Гиљи и Секо му отидоа вканцеларија на Раниери и му рекоа Да го донесеме Кристијано Роналдо? а Раниери одговори Не јас ќе си играм со Кристијано Занети!!!Не зборвај така..:Кој тренер не сака засилувања??Можи така изјавил од кога има дознаено дека нема да земат засилувања

Јас комплетно се согласувам со тебе, во право си за секој збор од твојот пост!!Уште пред да го земат Раниери, тој ми беше фаворит веднаш позади Маестро Марчело Липи за на тренерската позиција..А по прикажаното се гордеам што Јувентус го има за тренер...Класа е!!!
 
Абе нека се вратат у Серија Б само таму ќе победуваат.Тотално сум разочаран од Јувентус поготово од Раниери и уравата.Сите знаеме дека нема Јувентус играчи кои можат да ги бранат боите на овој тим и покрај многуте повреди не купуваат ништо.Така им е.!!!!КАТАСТРОФА

dosta be so sakas ti da tepaat celo vreme koga tepaa dobro ti bese sea igraat loso i odma gi plukas da ti e..m navivacot
 
Abe se gleda kolko go sakas JUVE!abe sto da pravi ranieri so povredite?da zema da gi izleci so nesto? so sakas ti od ovoj tim oni se vratija ovaa sezona vo 1 liga i sakas titula ? Juve idat na mesto vo evropa sto nosi a ne titula.jasno e deka nema so toj tim nemaat nekoi pogolemi sansi za titula a i sudiite ne go dozvoluvaat toa t.e FSI bidejki kako sto znam deneska ne im bil dosuden penal na Juve,inter pobedi vo 90 minuta 2 gola postignaa eden od nepostoecki penal, btw ranieri e zakon! Pozz
 
Е ова се вика малери
[media]http://www.youtube.com/watch?v=LYcCsZ_kIn4[/media]
 
Абе тоа е ..Ко не ќе те сака топката тоа е...Ајде да го заборавиме овој неуспех да се фокусираме на наредниот меч на Јуве,кој го играме на Meazza стадионот во Милан против Интер,Копа Италија!!Се надевам дека ќе изиграме добро барем еден бод да извлечиме, или барем еден гол да постигниме!!!Ќе видиме, ама сепак ќе гори теренот!!
 
Каков бод бе, у куп играме, нема тука бодови, со елиминација се игра
 
Стефано Фарина ќе суди.
Очекувам интересен двомеч, иако со овој тим што сега го има Јуве... не верувам дека тоа ќе биде така. Земајте централен пред дуелот, инаку со таква дупка во одбраната Ибра ќе ви направи два-три фателити.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom