^^GoRiLLaZ^^
Happiness...?
Дефанзивецот на Олимпик Лион, Крис, изјави дека му се доволни и само 5 минути за да се договори со Јувентус околу трансферот во редовите на Старата Дама. Крис вели дека летово очекува сигурен трансфер во Италија, откако со Јувентус веќе имале неколку неформални средби и преговори.
Раководството на Сарагоса без размислување ја одбило понудата од Јувентус за својот дефанзивец Габриел Милито во вредност од 17 милиони евра, соопштија шпанските медиуми. "Бјанконерите" се обидуваат да создадат респектабилен тим за што поуспешно враќање во Серија "А" по едногодишниот настап во Втората лига на Италија и за таа цел почнале преговори за аргентинскиот репрезентативец кој дојде во Сарагоса во 2003 година. Според истите извори, на почетокот Јувентус нудел 12,5 милиони евра, подоцна кренал на 17 милиони, но и тоа не било доволно за раководството на Сарагоса да го ослободи од обврските својот капитен. Габи Милито во својот договор има клаузула дека може да го напушти клубот за отштета од 31 милиони евра, но од Сарагоса соопштија дека би го пуштиле и за 22 милиони, но ништо помалку од тоа.
Информацијата за понуда од Јувентус ја потврди и агентот на Милито, Едуард Хамарик, кој веќе ги договорил личните услови на фудбалерот со челните луѓе на торинскиот гигант. Како што соопшти тој, дефанзивецот би требало да потпише петогодишен договор веднаш штом за тоа ќе добие "зелено светло" од Сарагоса. Во Јувентус се надевале дека целата работа околу трансферот ќе биде завршена пред фудбалерот да замине во својата земја на подготовки за претстојното првенство на Јужна Америка што од 26 јуни до 15 јули ќе се одржи во Венецуела.
Се очекува "Старата дама" да испрати нова понуда за Милито веднаш штом ќе биде назначен новиот тренер, а фаворит за оваа функција е Клаудио Раниери.