Воопшто не се потребни критики. Изигравме максимално ангажирано, само среќата си ја потрошивме минатата недела. Тоа е... Игравме отворено до коска и цело време јуревме по нивниот гол, ама што фајде кога нејкеше да влезе. Недвед требаше да го даде тој, чиста шанса, искусен играч како него не смееше вака ефтино да згреши. Рака на срце попладнево како и поголемиот дел од сезонава игра просечно, да не речам слабо. Џовинко влезе и одма се осети свежина, полетност и брзина во играта. Глеам дека и како десен бек се снаоѓа

. Од моја гледна точка има само 3 причини зашто Недвед игра пред Џовинко:
1. Недвед игра на стара слава и игра само затоа што му е задња сезона,
2. некој му сугерира на Раниери односно му се меша во работата, кој ке игра, а кој не,
3. Недвед се заканил дека ако не игра прва ке легне под клубскиот автобус и нема да стане додека не му се загарантира првотимскиот статус

, друга причина не гледам. Ауф само какви крила би имале, Џовинко лево, Каморанези десно, од каде попрво да се браниш?
За вакви утакмици фали Трезеге. Убеден сум дека ако беше денеска во првиот тим ние ке победевме! Трезе е махер за вакви дуели кај што тешко се дава гол и противникот не сака да помисли на средина, а не па на напад. Се надевам на негово што побрзо враќање на терен.
Доколку победевме со мирно срце вечер ке седневме пред телевизор... после нашиот резултат има многу перипетии и многу математики. Дефинитивно најповолно е за нас вечер да биде реми. Со таков резултат и ова коло остануваме на сатус кво. Во случај Интер да победи само ке ја зголеми разликата од нас и Милан, а ние од Милан за 1 бод. Ако победи Милан ке не прејде на табела и ке ја намали разликата во однос на Интер, ама и ние ке ја намалиме во таков случај. Како што реков има многу математики, нека се одигра натпреваров вечер па ке му ја мислиме утре.
п.с. Баш ме интересира дали има некој инфо за посед на топка. Е тука ги убивме, мајке ми. Мацари не знаеше шо да прави па го извади Касано и го става Циглер (одбрана), секоја чест за потегот, ваква игра треба да практикува секоја екипа... Идиот! Ако има некој линк од хајлајц не е лошо и тоа да се пастира тука.