Тоа е убавината на лига како вид на натпреварување. Зада освоиш титула ја освојуваш над сите не над 2-3противници (колку и да се поатрактивни). Јас лично повеќе ја почитувам лигата, исто како што ги почитувам и Емполи, Сиена, Палермо ... и сите останати да не ги редам отколку еден да речиме Манчестер.
Сезонава бевме реално гледано најдобри, а останатите колку сакаат можат да негодуваат да викаат дека Јуве е нечесен а некој друг дека е чесен.
Нема да се плачам дека сезонава за нас била прва по промоцијата и дека сум задоволен со трето место. НајИскрено не сум. За мене секоја сезона без скудето е пропадната сезона. Ако од нешто треба да сум задоволен во сезонава тоа е дека добивме неколку играчи кои треба да го предводат тимот во следните години.
Од поразите и (исто на пораз) нерешените можам да заклучам дека имавме само два реални противници сезонава. 1. Концентрацијата (ммм, сетете се на Фиорентина, нашите играчи ги заебаја и двете утакмици откако помислија дека се е готово, и не само фиорентина, еве ви потазе пример Паљермо ... ) 2. ФИГЦ, уффф ќе го прескокнам објаснувањето.
Почнав со бранењето на лигата како натпреварување па така и да завршам. Сезонава ја изгубивме титулата на натпреварите со малите клубови но не од нив туку од двата противници за кои зборував. За сезонава ми е мака исто како и за сезоната кога во последното коло ја изгубивме титулата од Лацио, ама за разлика од сега тогаш можев да му честитам на противниците за освоената титула а сега ...