Фан Клуб: Интер

Многу нервозна темава, ваљда не очекувавте сите до крај да ги тепаме. 120 минути играа во средата. Мене повеќе ме нервира што таа во средата не ја завршија рутинирано уште во 60 минута, па да се одмараа за денес. Веќе кога кикснаа таму, ова беше за очекување. Следните три мора да се извадат минимум 7 бода, а ако земеме 9 завршена е сезоната.
А каква врска реално има тоа у средата со ова денес, што дегенот промаши 2 чисти шанси за гол?
 
А каква врска реално има тоа у средата со ова денес, што дегенот промаши 2 чисти шанси за гол?
За очекување беше кикс, истрошени беа не можеа да дадат 100%. Секоја утакмица иаме проблем со реализација ама тоа се надополнува со добра игра и креирање на шанси. Лаутаро колку и да не го сакам ни е најдобар напаѓач, а денес очигледно не можеше да игра со значајна минутажа. Брозовиќ се гледа дека е истрошен скроз, затоа и греши.
Сума сумарум бод на тешко гостовање после супер куп е океј исход.
 
Криво ми е само пошто имавме идеална прилика да ги притиснеме кога издишуваа и Инзаги ја направи тројната измена, ама наместо тоа се десија неколку брејнфартс со ред назад и им дадоа ветер во грб и на крај Ханда мораше да нè вади од гомна.

Како и да е, ова беше објективно најтешката утакмица во сезоната, така да и не е толку лош резултатот, ама АМАН да се попрај некако реализацијата, стварно е греота по толку шанси да се пропуштаат секој натпревар.
 
Утепани беа аталанта бетер од нас не заебавајте. Еден гол од тие на џеко да влезеше толку ќе беше од нив .. од позиционен напад ништо не ни можеа после, само корнерот на демирал и муриел кобтра што ја згреше гери.

Да беа иличич, малиновски, запата и госенс па да извадиме бод ај да речеш ама вака ние бевме скроз комплетни и не разбирам лаутаро зошто не влезе порано ама претпоставувам дека имал некој проблрм штом кореа влезе прв.
 
Освен Ханда, не знам дали може да се пофали некој вечерва.

Џеко беше катастрофа, барела нешто слично...

Се плашам дека Џеко нема да може да игра цела сезона на ниво и мора да се бара замена. Класа шпиц со една ваква игра ќе даде 50 гола.
Зашто Барела катастрофа? Најдобрите шанси паднаа по негови асистенции, едната до Дамфрис по која Џеко се посрамоти, и втората до Дамбросио.
 
Сеа прочитав дека Џеко има постигнато 1 гол (со зборови: еден ебан гол) на последните 12 лигашки натпревари.

Шта речи.
 
Да имаме у тим реализатор на шанси ко Левандовски (или бар близу до него), нема тим у лигава на кој не би му дале бар 3 гола секоја утакмица.
Жално е поготово Мартинез кој треба да иде нагоре и да се развива да има толку очајна реализација. Џеко е на залез кариера, очекувано беше нешто такво од него, нереално добар старт имаше. Кореа исто премногу назад излегува, Дамброзио и Видал чекаат внатре у 16, он дошол на центар по топка.
 
Десетти пат пишувам ама скамака би бил одличен фит за позицијата на џеко. Крупен е, а знае со топка. Има подобра реализација од џеко и од лаутаро (shots per goal), побрз е и поагилен е од џеко и може да ја игра и играта на лукаку (столе стоилов позиција со грб накај гол). Баш гледав има исти менаџер со кореа, џеко, весино и коларов, па претпоставувам има добри реалции со тој. Земи го Скамака, задржи го џеко за резерва, на другата позиција задржи ги лаутаро и кореа, и кур не боли после.
Тројката од сасуоло, фратези, распадори и скамака, ми прави многу мерак. Сите би ги собрал и би се курчел после на форумов дека јадрото на репрезентација во следни 10 години игра во интер. Плус раат ќе бидеме нема да идат на светско во катар, пошто иле несторовски ќе ги откаже уште на 24ти март во палермо, ко марадона во неапол во девеести.
 
Се надевам ќе доведат некоја солидна замена ... ако останеме со гаљардини и видал ни се еба мамичето ако се сјебе некој у втор дел од сезона ... весино не го ни рачунам веќе
 
Позајмицата ќе има оправдување или смисла само ако планираат да донесат ново засилување овој преоден рок. Можеби планираат нешто.
 
Абе стакленко е човекот и точно е тоа, ама сепак е за класа подобар од гаљардини, весино и видал кога е во прашање креативност и организација на играта во последната третина. Реално за хакан немаме солидна измена, а сенси верувам дека може тие 20мин да ги изигра. Сега остануваат со еден креативен играч во средина и другите копачи сите. Ако е точно дека и весино веројатно уште сеа ќе иде у лацио тогаш боље би го чувал сенси макар и да се поебе после првите 10мин отколку да се остане со видал кој исто ќе напраи црвен у првите 10мин или гаљардини кој што нема 2гр мозок. Затоа и пишав, океј ми е позајмицава ако се донесе замена на негово место.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom