Па не зборам ја да изиграат неколку утакмици коа ќе одмараат првотимците. Зборам ако не дај боже некој од стартната тројка се повреди на подолг период. Ти мислиш дека Дамброзио и Ранокија се способни да изиграат 10 утакмици у континуитет без да се посрамотат?
Не реков дека Коларов е на ниво, он дури од овие двајца е послаб, реков ме плаши што покрај него резерви се и овие двајца.
Кај Милан Ромањоли е прва резерва, кај Јувентус Киелини. Е сеа работата е што они двајца се на граница од прв тим со оглед на тоа што првотимците нивни не се кујзне колку подобри од нив.
Кај нас па и не можеш да донесеш некој што ќе е на граница од прв тим со оглед на формата на стартерите.
Брат далеку од тоа дека јас ги гледам Дамбо и Ранокија како стартери во тимот.
Околу тоа дали се способни да изиграат 10 утакмици на ниво стварно не знам што да ти кажам.
Според мене Дамбо и Ранокија се борбени играчи што би пружиле 100%, а тоа го ценам. Реално за против послабите екипи во Сериа А мислам дека би можеле да очекуваме сосема коректни утакмици од нив, без некој глупи киксови и огромни пропусти. Ама пак да ги рачунам како стартери 10 утакмици по ред малце потешко.
Ранокија ме изненади лани на 2-3 утакмици како успеа да издржи и да изигра доста солидно, Дамбо исто пружил добри перформанси но очигледно е дека не е квалитет за прв штопер. Дармиан исто да не го забораваме у муабетов, он исто може да игра лево, десно и како штопер.
При евентуално не дај боже сценарио, предност малце гледам во Инзаги, пофлексибилен ми делува од Конте, така да мислам дека би можеле и формациски да направиме измена и да играме со 4 позади, составот ни е доста добар, имаме многу опции и можеме да склопиме океј тим за во Сериа А.
На кратко, скептик сум, ако не заредат повеќе повреди сме го јаделе за жал. Но мислам дека Инзаги во некое такво сценарио пре би комбинирал и менувал формација ако е на подолг период, зависно од противникот. Реално ако е само 1 играч, мислам дека би можеле да се извадиме, што со Дамбо/Ранокија/Дармиан/Саше што со менување на 4 позади.
И се сложувам, за жал ние не можеме да земеме добар класа штопер којшто би дремел на клупа. Едноставно и да имаш финансии тешко дека би се нафатил некој добар.
Киелини е веќе пред пензија, да, одличен игрча е но не верувам дека и Киелини би издржал долго време како стартер, пред се пошто се мачеше со повреди ако не се лажам.
Кај нас предноста ја гледам во тоа што имаме 3 штопери којшто се релативно млади и се класа играчи, за разлика од нашата конкуренциај во лига. И без 1 од тие 3 мислам дека подобро би се снашле во такво не дај боже сценарио од 10 утакмици него Јувентус или Милан, имаме подобри опции гледајки го цел тим.
На крај краева да не си праиме малер. Дај нека не заобиколат повреди и да лапнеме пак Скудето, доста ни беа 10 години нервози
